Контакт

Вести

Во САД поднесена првата тужба против Саудиска Арабија за 11-ти септември

Објавено пред

Американка којашто го загубила сопругот во терористичките напади од 11-ти септември 2001 година, поднесе тужба против Саудиска Арабија, обвинувајќи ги властите на оваа блискоисточна арапска монархија за поддршка на џихадистичката мрежа Ал Каеда која ја презема одговорноста за најголемиот напад на територијата на САД во историјата во кој животите ги загубија околу три илјади луѓе.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесува во саботата агенцијата Bloomberg News, Стефани Рос ДеСимон ја поднела тужбата пред судот во Вашингтон само два дена откако Конгресот во средата и покрај ветото од страна на американскиот претседател Барак Обама со огромно мнозинство го прифати законот дозволувајќи им на семејствата на жртвите од терористичките напади да ја тужат Саудиска Арабија.

Петнаесетте од деветнаесетте извршители на џихадистичките напади во четирите грабнати авиони во „Кулите близначки“ од Светскиот трговски центар во Њујорк, во зградата на Пентагон во Вашингтон, и во урнатиот авион во сојузната држава Пенсилванија, биле државјани на Саудиска Арабија.

ДеСимон, која била бремена кога нејзиниот сопруг бил убиен на 11-ти септември 2001 година при уривањето на авионот во Пентагон, од свое и во името на својата ќерка ја обвинува оваа сунитска монархија во која се практикува вехабитскиот ислам за давање поддршка на терористичката организација Ал Каеда и на нејзиниот основач и челник Осама Бин Ладен, исто така Саудиец.

Нејзиниот сопруг, Патрик Дан, служел во американската воена морнарица. ДеСимон, како што пренесува агенцијата повикувајќи се на судските документи, бара надомест на штета во износ кој не е соопштен, за насилната смрт на сопругот и намерното доведување до состојба на нервно растројство.

Од министерството за надворешни работи на Саудиска Арабија соопштија, дека законот кој го донесе Конгресот, ги поткопува принципите на имунитетот на суверена држава, којашто е основа за меѓународните односи стотици години.

Ви средата двата дома на американскиот Конгрес, првпат од 2008 година го отфрлија ветото наложено од претседателот Барак Обама, и го поддржаа законот кој ја овозможува ваквата постапка. Самиот Обама во писмото испратено до пратениците предупреди дека законот може да има катастрофални последици за американските воени лица во странство и оти ќе го ослаби принципот на имунитет кој ги штити САД и нивните дипломати од судски прогони и може да се врати како бумеранг и да овозможи прогон на американските државјани ширум светот.

Во соопштението американскиот претседател Барак Обама наведе дека споменатиот закон би можел да доведе до тужби против американски функционери за акции на странски групи кои ја имаат американската помош, добиваат воена опрема или обука, како и дека би ѝ наштетило на соработката со сојузниците во борбата против тероризмот.

Овој закон „нема да ги штити Американците од терористички напади, а нема ниту да ја подобри ефикасноста на нашиот одговор во случај на таквите напади“, истакна Обама во писмото што ум го упати на демократските и републиканските челници во Сенатот, пред гласањето во средата.

И директорот на Централната разузнавачка агенција (CIA), Џон Бренан кој пред неколку месеци престојуваше во Саудиска Арабија за да ги стивне острите реакции на Ријад во врска со овој закон“, се изјасни против документот, велејќи дека тој „ќе има сериозни последици за националната безбедност на САД“ и „за владините службеници кои во странство работат за својата земја“.

Меѓутоа, во САД постои увереност дека властите на Саудиска Арабија замижувале пред активностите на Ал Каеда, па дури и можеби имале контакти со мрежата, што ги прави делумно одговорни за нападите од 11-ти септември.

Официјален Ријад, од своја страна, уште пролетва преземаа чекори за да биде прифатен тогаш нацрт-законот, заканувајќи се дека ќе го продадат својот имот во САД Д во износ од 750 милијарди долари во кои спаѓаат и американските државни обврзници, за да не им бидат замрзнати доколку судовите донесат такви одлуки по барањата од тужбите. Исто така, се споменуваше и обемот на американскиот долг кон Саудиска Арабија, кој според американското министерство за финансии изнесува 116,8 милијарди долари./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија22 минути

Цвеќе во помен на Борис Трајковски – 22 години од авионската несреќа

Делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, членови на политички партии, семејството денес оддадоа почит во помен на трагично загубените животи...

Македонија59 минути

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време...

Македонија2 часа

„Блокадафест“ пред влезот на Усје, целодневен протест со музичка програма

Утре со почеток од 15 до 23 часот ќе се одржи целодневен протест пред влезот на фабриката Усје. „Со нас...

Европа3 часа

Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се...

Македонија3 часа

ВЛЕН: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

„Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со...

Регион4 часа

Дачиќ на респиратор, состојбата е сè уште многу сериозна: „Прерано е за било какви прогнози“

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ беше хоспитализиран вчера поради пневмонија и неговата состојба е оценета како многу сериозна....

Свет4 часа

Продолжуваат преговорите за крај на војната во Украина: Трамп му наредил на американскиот тим да се обиде да го спречи убивањето

Американскиот претседател Доналд Трамп му наредил на американскиот преговарачки тим за разговори за завршување на војната во Украина да се...

Македонија4 часа

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај во официјална посета на Македонија

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, од денес до сабота престојува во официјална посета на земјата. Бегај денеска ќе се сретне...

Македонија4 часа

„Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби и дали поранешните функционери на СДС се исплашени од неговите искази“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Соработката и партнерството на СДС со екс вицепремиерот Артан Груби излезе на површина. СДС со години молчеа и го толерираа...

Македонија4 часа

„Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик – ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома“, велат од Левица

„Фарсата на ДПМНЕ и Артан Груби оди дотаму што, првично, дури ни самиот Груби не пријавил дека се чувствува небезбедно....

Регион5 часа

(Видео) Вучиќ утрово го посети Дачиќ: Неговата состојба е нешто подобра

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, на пат кон Казахстан, објави дека го посетил министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и...

Свет5 часа

Клинтонови ќе сведочат за врските со Епстин по заканата со санкции

Четвртина век по напуштањето на Белата куќа, Бил и Хилари Клинтон се само неколку часа од нова правна пресметка со...

Свет6 часа

(Видео) Бројот на жртви во поплавите во Бразил се искачи на 46: потрагата по исчезнатите е во тек

Бројот на жртви од катастрофалните поплави во бразилската држава Минас Жераис се искачи на 46, соопштија пожарникарите во среда. Поплавите...

Регион7 часа

„Следните 72 часа се клучни“: Се огласи доктор од клиниката каде што се лекува Дачиќ

Српскиот вицепремиер и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, вчера беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот...

Регион7 часа

Ивица Дачиќ итно хоспитализиран, во тешка состојба

Српскиот министер за внатрешни работи и вицепремиер Ивица Дачиќ вчера вечер беше хоспитализиран со билатерална пневмонија, тој е во сериозна...

Македонија20 часа

Уставниот суд: Нема постапка за пензиите, запрена за Кривичниот законик

По 5. седница на Уставниот суд, претседателот Дарко Костадиновски и судијата проф. Осман Кадриу информираа за одлуките по предмети од...

Македонија20 часа

Преживеаните музичари од „Пулс“ сведочеа дека не виделе кој ги наместил и активирал прскалките кобната ноќ: „Пожарот почна на рефренот, тргнав кон врата која беше заклучена“

Со опис на првите искри, паниката и стампедото во кое животот го загубија 63 лица, денеска продолжи судењето за пожарот...

Македонија22 часа

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, стојам зад секој кажан збор

Тужбата за клевета нема да го испере Заев, ниту ќе ја сокрие вистината, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, по...

Македонија24 часа

Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев поднел тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за како што вели,...

Македонија1 ден

Стојаноски за платите на функционерите: се намалуваат за над 10.000 денари, законското решение е согласно Устав

„Поднесовме предлог на измена на шест закони, со овој пакет на закони се опфаќаат Законот за пратениците, Законот за плата...