Регион
Двајца бомбаши се разнесоа во Анкара

Двајца напаѓачи самоубијци се разнеле во текот на полициска операција во околината на турската престолнина Анкара откако полицајците ги повикале да се предадат, пренесуваат во саботата тамошните медиуми.
Напаѓачите ја активирале автомобил бомбата којашто претходно ја подготвиле, пренесува агенцијата Anadolu, додавајќи дека двајцата осомничени се мртви.
Милитантите, најверојатно маж и жена, се осомничени за поврзаност со забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) и се верува дека поседувале пластични експлозиви и 200 килограми амониум нитрат. Медиумите известуваат дека се трага и по трето лице.
Според агенцијата, двајцата милитанти се подготвувале за напад со автомобил бомба, кога се случила експлозијата на патот од Анкара кон градот Хајмани.
Претходно во петокот, автомобил бомба експлодираше пред полициска станица во Истанбул при што беа ранети десет лица. Полицијата во саботата во централната анадолска покраина Аксарај осомничи членови на PKK за подготвување на бомата./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.