Македонија
Медиуми: Лицата кои ги пријавил Спасов за напад пред сообраќаjката сaми се пријaвиле во полиција
Лицата коишто во саботата во полиција ги пријавил дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов дека го наапднале, како причина поради која ги предизвикал двата сообраќајни инцидента по кои не застанал и избегал, отишле сами во полицијата и изјавиле дека ниту го бркале, ниту го виделе, пренесуваат медиумите во неделата.
Лицата обвинети за напад и закани кон Спасов дека го бркала ноќта кога удри две возила, а потоа избега од полицијата, го демантирале Спасов уште во саботата вечерта, дознава А1он.
Кога ги слушнале своите имиња на некои медиуми лицата, сами синоќа отишле во полициска станица и дале изјави во кои се посочува дека приказната нема никаква врска со нив, ниту е вистинска. Ниту го бркале, ниту го виделе Спасов во ноќта кога заменик министерот удри две возила. Тој синоќа во полицијата не поднел кривична пријава против нив, туку пријава поплака што е нелогично со оглед дека се тврди дека бил во опасност.
Како што објави во саботата порталот Курир.мк, Спасов изјавил дека го бркала група од албанска етничка припадност од скопската населба Серава, и затоа бегал и удрал по возила, а потоа избегал и од полицијата. Беа споменети извесни Даут Динарица, Омер Аџами и Етем Абаз, за кои се тврди дека имаат по десетици кривични престапи и прекршувања на законот./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Студени утра, посвежи денови: променливо облачно време со сончеви периоди
Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени.
До крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од среда по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР

