Македонија
Опасни сведочења на Богоески за власта, им порача дека ќе завршат во жолто комбе
Поранешниот разузнавач и првиот главен човек на тајните служби на самостојна Македонија, Слободан Богоески по десет години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и по две години поминати во затвор ги „отвори картите“ и во интервју за емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма, на поранешниот премиер, Никола Груевски и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков им порача дека ќе завршат во жолтото комбе што го споменуваат.
Богоески се сомнева дека ќе се докаже евентуалниот криминал на власта, но вели дека нивниот живот ќе заврши во комбе од затвор во суд, од суд во затвор.„Имаат направено многу кривични дела и мислам дека тоа жолтото комбе што го споменуваат ќе им биде нивната судбина“, рече Богоески.Владеењето на власта Богоески го нарече патологија, а Груевски и Мијалков глумеле важни личности кои се шетале со огромно обезбедување околу себе. „Секој втор човек ќе ги плукне, но нема да ги отепа“, вели Богоески кој вели дека тие се исплашени од себеси и од злоделата што ги направиле и затоа мислат дека се загрозени.Историскиот закономерности во ВМРО, според Богоески, покажуваат дека сите оние кои се замислиле дека се водачи на крајот им пресудило самото ВМРО, со камата, и предвидува дека истото ќе и се случи на оваа власт. „Прво ВМРО ќе им пресуди, а потоа народот. За нив е најсреќна варијанта да им пресуди народот на избори“, рече Богоески.Името на Слободан Богоески власта го поврзуваше со сообраќајната несреќа во којашто загина вујкото на Груевски, односно таткото на Сашо Мијалков, Јордан Мијалков, односно дека тој го смислил сценариото Мијалков да биде ликвидиран.„Ние не само што не сме го осмислиле, не сме го извршиле. Тоа им е јасно и на нив и на сите. Станува збор за сообраќајка на којашто се правени увиди, реконструкциии со учество на наши македонски и српски екипи. Нив исто така им е јасно дека станува збор за несреќа“, вели Богоески.Нивните ментори, според она што го кажа Богоески смислиле приказна делка Јордан Мијалков бил голем вмровец и дека службата го убила оти бил голем вмровец и Македонец.„Тоа е апсолутна невистина, доколку било така, тие се 11-та година на власт, сите докази им се во раце. Тие можат да ги обелоденат, можат да водат било каква постапка, но пропагандно за да ги излажат членовите на ВМРО-ДПМНЕ дека тие биле вмровци постојано ја повторуваат таа теза“, вели Богоески.„Досега не сум го коментирал тоа бидејќи тој е починат, тој не само што немаше допирна врска со ВМРО и ВМРО-ДПМНЕ, туку тој е еден од оние заради кој многумина се судени за национализам и за вмровски активности во Македонија.Мијалков се фати сам во сопствената замкаЗа таткото на Мијалков, Боегоески вели дека не знае како би постапувал тој доколку имал голема моќ каква што има неговиот син денес. Во времето кога бил министер за внатрешни работи по осамостојувањето на Македонија, немал никакви овластувања, освен да потпишува решенија.Но, за работењето на Сашо Мијаков, Богоески не штедеше зборови. Ја потврди информацијата дека бил притворен за трговија со дрога, давал наредби за прислушување од кафана и дека одлепил од реланоста. „Нормално беше со неговиот криминален бекграунд како и секој аматер кој влегол во тие професионални води, особено Мијалков, без никаква контрола се очекуваше дека ќе одлепи од реалноста и иронијата да биде најголема, тоа што го работел, сега е клучниот доказ за неговите криминалии. Прислушувањето односно контролата самиот го наложил и организирал во едни епски размери незабележани во Европа по втората светска војна. Сега се фати самиот во сопствената замка. Тоа што го наредил е клучниот доказ за криминалите во фамилијата“, изјави Богоески.Аферата за прислушување со којашто беше обелоденето дека се прислушувале 20.000 тефонски броеви според Богоески, е бројка којашто не ја „достигнале“ ниту ОЗНА, ниту УДБА, ниту СДБ од 1945 година во цела Југославија. Богоески: Груевски е во зародишот на криминалот за продажбата на „Телеком“Според кажувањата на Богоески, ментор на Никола Груевски е првиот премиер на самостојна Македонија, Никола Кљусев, а главниот поддржувач на Груевски за да стане прв човек во ВМРО-ДПМНЕ бил грчкиот бизнисмен Димитрис Кондоминас. Потписник на договорот за продажба на ОКТА, како што тврди Богоески, бил Кондоминас кој заработил милиони евра од криминалот од оваа зделка, а за возврат го предложил Груевски за лидер на ВМРО-ДПМНЕ.Тврдењата на Богоески се дел од обвинението што Американската комисија за хартии од вредност пред окружниот суд во Њујорк го покрена против поранешните директори на „Маѓар Телеком“ за поткуп на македонски политичари. И за овој случај Богоески го обвинува Груевски и вели дека токму тој е во зародишот на криминалот, дека е клучниот актер во пазарењето со Кондоминас.Според него, парите биле обезбедувани од народот бидејќи „Телеком“ имало најголема тарифа од целиот систем на „Дојче телеком“ и нашиот „Телеком“ имал најпрофитан со монополска позиција.Ме елиминираа како опасност за нивните криминалиБогоески беше осуден на затворска казна за малверзации со градежното земјиште кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“.Тој заедно со двајца адвокати од Скопје, двајца управители на фирми и еден Словенец беа обвинети за перење на повеќе од милион евра, словенечки пари кои биле земени наводно за да се раскине договорот со кипарска фирма која го купила земјиштето во близина на спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Договорот бил веќе раскинат, а на земјиштето Словенците биле заинтересирани да го изградат комплексот „Меркатор”.По издржувањето на затврската казна Богоески вели дека го елиминирале како опасност за нивните криминали.„Никогаш не сум влегол во такви комбинаторки па некој да ме смести. Во конкретниот случај за тоа за што тие поведоа постапка потив мене, се работи за најбрутално кршење на уставот и законите од стана на Груевски и Мијалков кои по налог, бидејќи кај нас не постои на обвинителство и судство, поведоа за нешто што не може да биде претставено ни како прекршок. Се работи за облигационо-правни дела, склучени меѓу физички и правни лица, едно е со владата односно министерството во кое ниту е повреден јавниот интерес, тоа го констатираат тие самите, ниту некој е оштетен ниту некој пријавува или предјавува било што. Наеднаш за да ме елиминираат мене како опасност за нивните криминали одлучиле да ме тргнат како некоја опасност, вели Богоески. Овој случај за него е монтиран, а кривични дела извршиле Груевски, Мијалков, но и обвинителите Марко Зврлевски и Јово Вангеловски. ВМРО-ДПМНЕ ќе го тужи БогоескиПо обвинувањата во интервјуто од ВМРО-ДПМНЕ излегоа со соопштение во кое најавија тужба против Богоески. „Лицето Слободан Богоески, осуден за криминал за кој има одлежано казна затвор, синоќа ја искористи Телевизија Телма и времето кое му беше дадено во емисија Топ Тема за да изнесе, лаги и клевети во обид да го наруши угледот на ВМРО-ДПМНЕ и функционери од партијата. За сите невистини кои ги изнесе осуденото лице за криминал Слободан Богоески, ќе добие тужби за клевета пред надлежниот суд.За ВМРО-ДПМНЕ гостувањето на Слободан Богоески претставува уште еден очајнички обид на аболицираниот криминалец Зоран Заев, да користи лица кои биле осудени за криминал и лежеле казна затвор за да му ја вршат валканата работа, надевајќи се дека со лаги и клевети ќе успее да го изманипулира народот, наметнувајќи му мислење дека сите политичари се исти“, се вели во реакцијата./крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
На 108 години почина Рејчел Нахмијас, најстарата битолчанка која се спаси од Холокаустот
На 108-годишна возраст почина Рејчел Нахмијас, најстарата битолчанка и најстарата жива Еврејка по потекло од Битола, која го преживеа Холокаустот и до крајот на животот верно го чуваше споменот на битолските Евреи, јави битолската „Тера“.
Рејчел Нахмијас е родена во 1917 година во Битола. Во 1943 година се спасила од депортација во нацистичките концентрациони логори, откако била сокриена во багажникот од автомобилот на тогашниот албански конзул во Битола. Благодарение на овој чин, таа успеала да го спаси животот.
Во тој период имала 26 години, а нејзините спасувачи ја однеле во Албанија, каде што ја поминала Втората светска војна. Со албанското семејство кое ѝ помогнало живеела до 1950 година, по што се преселила во Бостон, Соединетите Американски Држави.
Веста за нејзината смрт ја соопшти нејзината внука, познатата пејачка Сара Ароесте, која често престојувала во Битола и со голема посветеност го негува споменот на своето семејство и на еврејската заедница која некогаш живеела на Широк сокак.
Во објава на Фејсбук, Ароесте напиша:
„Со длабока тага објавувам дека овој викенд почина мојата херојска драга роднина Рејчел, на неверојатни 108 години. Рејчел е родена во 1917 година во Битолско. Таа била сведок на толку многу работи во својот неверојатен живот. Како единствена преживеана од нејзиното семејство по Холокаустот таа беше инспирација за сите што ја познаваа. Оваа фотографија е направена пред само 3 месеци кога таа сè уште беше целосно активна и споделуваше приказни и песни со мене. Има уште многу што да се сподели за мојата Рејчел која беше вистински благослов за овој свет.“
Рејчел Нахмијас останува симбол на преживување, човечка храброст и жив сведок на трагичната судбина на битолските Евреи.
Македонија
Трифонов по инцидентот во Скопје: Со сила, убавина не бива – ЕУ ќе ја гледате низ искривена леќа
Лидерот на бугарската политичка партија „Има таков народ“ Слави Трифонов се огласи во врска со инцидентот во бугарската амбасада во Скопјe. На 11 јануари, напаѓач фрли камен кон вратата на дипломатската мисија. Чинот беше снимен на безбедносните камери на амбасадата, по што мажот беше уапсен, а настанот опишан како изолиран случај и осуден од страна на македонските власти.
Според Трифонов, проблемот не е скршеното стакло, туку ставот. Обично сакате да го скршите стаклото на некој што не го сакате, нагласува Трифонов.
Тој истакна дека пред години бил во Скопје и видел огромен знак со големи црни букви: „Бугари, умрете“ во близина на бугарската амбасада. Според него, ништо не се променило од тогаш.
Мудриот бугарски народ има една соодветна изрека: „Со сила, убавина не бива“, истакна тој.
„Ако не сакате, ќе останете во Северна Македонија, ќе ги гледате глупавите, одвратни црни натписи, ќе скршите некое стакло од време на време, тајно ќе сонувате да имате бугарски пасоши, ќе доаѓате на море во Сончев Брег секогаш кога е можно, ќе ги праќате своите деца да студираат во Бугарија и ќе ја гледате Европската Унија низ искривена леќа. Објективно кажано, токму тоа го заслужувате“, истакна Трифонов, пренесе „Њуз.бг“.
Македонија
ДОМ: Конкретни решенија за една изборна единица, а не само декларативност
Демократска обнова на Македонија (ДОМ) во пресрет на најавената меѓупартиска лидерска средба закажана за 14 јануари 2026 година од премиерот Христијан Мицкоски, ја поздравува можноста за дијалог за суштински политички консултации околу важни реформски закони и процеси што треба да ја зајакнат нашата држава и демократија.
„Како партија цврсто и доследно стоиме зад нашата долгорочна заложба за системски промени во изборното законодавство кои ќе обезбедат пообјективно и пофер политичко претставување на граѓаните на Република Македонија. Во таа насока, апелираме и бараме на агендата на лидерската средба да се стави и да се разговара конкретно за:
· Промена на изборниот модел, односно наместо постоечкиот пропорционален систем со шест изборни единици да се воведе изборен модел со една изборна единица.
ДОМ продолжува со своите заложби и иницијативи за една изборна единица како модел што го поддржуваме со години и сметаме дека е неопходен за подобра репрезентативност и еднаков глас за секој граѓанин:
* Една изборна единица гарантира еднаков глас за сите — без регионални нееднаквости и нерамноправности во вредноста на гласот на гласачите од различни делови на државата.
* Овој модел го зголемува степенот на пропорционалност во распределбата на мандатите, што е клучно за воспоставување пофер и поквалитетно демократско претставување.
* ДОМ ја поддржува идејата изборниот модел да биде со отворени листи и без праг за да се поттикне поголема одговорност на кандидатите кон граѓаните наместо кон партиските врвови.
* 50% жени на листите бидејќи родовата рамноправност не е само бројка, туку цивилизациска вредност. Затоа сметаме дека жените неопходно е да бидат рамноправно претставени во политиката и во процесите на донесување одлуки со цел доследно почитување на сите демократски вредности и приниципи на инклузивност.
За ДОМ ова не е партиски интерес туку општествена потреба што ќе го зајакне демократскиот процес и ќе овозможи гласовите на сите, без исклучок да се рефлектираат реално и праведно во составот на парламентот, како и можност, а во исто време и право на сите политчки субјекти рамноправно да ги презентираат и промовораат своите програмски определби пред сите граѓани. Сето тоа придонесува за поголема доверба на граѓаните во политичкиот систем.
Ја повикуваме власта и сите парламентарни групи да излезат од своите удобни позиции и да ја прифатат оваа заложба и иницијатива за рамноправен простор за сите политички субјекти. ДОМ како вонпарламентарна партија која долги години се залага за воведување една изборна единица ги става на располагање сите свои експертски и организациски ресурси со цел активно да придонесе во обликувањето на законските измени и во спроведувањето на неопходните реформски процеси“, велат од ДОМ преку соопштение.

