Македонија
Протест: Тодоров и пратениците се одговорни за секој следен смртен случај од ХИВ
Министерот за здравство Никола Тодоров, како и пратениците, кои не го коригираа буџетот за ХИВ, може се директно одговорни за секој следен смртен случај од овој вирус, обвинува граѓанската платформа за ХИВ чии членови излегоа на протестен марш пред Министерството за здравство.
„Наместо да ги зголеми средствата за заштита на населението од ХИВ на неопходните најмалку 65 милиони денари, министерот Тодоров ги скрати на само 27 милиони денари. Тој не ги исполни обврските што ги имаше преземено дека Министерството за здравство од следната година ќе го преземе финансирањето на програмите за превенција на ХИВ. Со тоа нанесува огромна штета на нашите национални напори да го ставиме вирусот под контрола. Со овој буџет луѓето што живеат со ХИВ се ставени во ризик да им прекине терапијата кон крајот на следната година, а целосно ги скратија и средствата за превенција. Над 15.000 граѓани, и нивни семејства, оставаат без пристап до бесплатни средства за заштита од ХИВ и за рано откривање на инфекцијата. Оваа неодговорна одлука ќе има опасни последици врз здравјето на нацијата. Министерството за здравство добро знае дека епидемијата на ХИВ во Република Македонија ќе се зголеми ако не се продолжат програмите за превенција“, велат членовите од платформата.Самото Министерство за здравство со помош од Светската банка проценило дека Република Македонија може да спречи најмалку 860 лица да се заразат до 2030 година доколку продолжат на соодветен начин програмите за превенција. „Тоа е четири пати повеќе од бројот на луѓе што во моментот се лекуваат од ХИВ на Клиниката за инфективни болести. Уште пострашно, Министерството за здравство со кратењето на средствата дозволува најмалку 290 луѓе во Македонија да умрат од СИДА до 2030 година, поради ширењето на инфекцијата и поради доцна дијагноза. Во 21. век, кога знаеме како се превенира ХИВ, и кога оваа инфекција може да се лекува, Тодоров дозволува наши граѓани и млади луѓе да умираат од СИДА! Светот на големо зборува за ставање крај на ХИВ епидемијата до 2030 година. Во Африка епидемијата е веќе ставена под контрола и опаѓа бројот на нови инфекции, а ние во Македонија ќе имаме пораст на новите инфекции и луѓе ќе ни умираат од СИДА“, додаваат членовите./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

