Македонија
На Клиниката за онкологија ставен во функција новиот современ CT симулатор

На Клиниката за онкологија во неделата во функција беше ставен комплетно нов најсовремен CT симулатор, кој е осум пати побрз од досегашниот и е наменет за петнаесет пациенти на ден.
Стариот кој беше досега користен, во функција беше колу 14 години и истиот бил 1 слајсен, додека, пак, новиот е 16 слајсен и е осум пати попрецизен.
„Станува збор за набавка во вредност од 32,7 милиони денари и со ова се стави во функција нов и најсовремен CT симулатор во државата нешто без што е незамислива работата на оваа клиника имајќи во предвид дека секој пациент пред да започне со зрачна терапија треба да помине на овој симулатор“, рече министерот за здравство Никола Тодорв, кој беше во посета на Клиниката.
Овој симулатор ќе може да опслужува од десет до петнаесет пациенти дневно, со што ќе бидат опфатени сите пациенти на кои им е потребен овој преглед.
Стариот симулатор кој сé уште е во функција се планира да биде пренсен во Битола, каде што ќе претставува надополнување на новиот акцелератор којшто, исто така. е набавен и треба да биде монтиран.
„Машината има многу подобра резолуција и е многу понова генерација, брзината со која то работи е поголема за дури 16 пати. Сега можеме да ги работиме сите контрастни методи коишто ни се потребни, бидејќи ни даваат многу попрецизна слика за крвното снабдување на целата таа регија којашто сакаме да ја опфатиме. Исто така, и сликата е со многу подобри перформанси“, појасни за новинарите директорот на Клиниката за онкологија, д-р Милан Ристески./крај/мф/
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Утре променливо облачно со сончеви периоди , утринските температури ниски, дневната до 15 степени

Времето утре, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Во недела утрото ќе биде ведро и студено со ниски утрински температури, кои наместа ќе се спуштат под нула степени. Во текот на денот ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност, која кон крајот на денот ќе се зголемува. Во текот на ноќта и во понеделник ќе има повремени локални врнежи од дожд. До среда ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурите ќе се задржат под просекот за овој период од годината.
Македонија
Мицкоски-Мацут: Србија е искрен партнер и пријател со кого ја споделуваме визијата за стабилен, безбеден и просперитетен Балкан

Премиерот Христијан Мицкоски, денес во Владата оствари средба со премиерот на Република Србија, Ѓуро Мацут, кој престојува во официјална посета на нашата земја.
Двајцата премиери разговараа за унапредување на билатералните односи, економската соработка и инфраструктурното поврзување.
Акцент беше ставен и на трговската размена, заедничките енергетски проекти и олеснувањето на движењето на луѓе и стоки.
Мицкоски истакна дека Србија е искрен партнер и пријател, со кого ја споделуваме визијата за стабилен, безбеден и просперитетен Балкан.
Мацут изрази поддршка за реформските процеси во државата и нагласи дека Белград и Скопје ќе продолжат да соработуваат на заеднички проекти кои се во интерес на граѓаните на двете земји.
Двете страни се согласија дека продлабочувањето на пријателските врски меѓу двете држави претставува значаен придонес за регионалната стабилност и европската перспектива на Западен Балкан.
Македонија
(Видео) Коњановски: Реката Драгор добива ново лице

Во следниот мандат, една од најголемите заложби ќе биде реализација на многу значаен проект, уредувањето на коритото на реката Драгор, симбол на нашата љубов кон Битола, кон нејзината историја и иднина. Сега е време овој симбол да добие ново лице, со уредување по највисоки светски стандарди, изјави Тони Коњановски, кандидат за градоначалник на Битола од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.
„Со овој проект не само што ја заштитуваме реката и околината, туку создаваме простор кој ќе нè обединува. Реконструираните мостови и новите пешачки патеки ќе овозможат полесно и побезбедно движење, ќе го поврзат градот од сите страни и ќе ја зајакнат неговата функционалност“, рече тој.
Дополнително, додаде Коњановски, поставувањето на современо, енергетски ефикасно осветлување, ќе овозможи Драгор да биде жив и безбеден дел од градот и во текот на ноќта.