Македонија
Парични казни за напаѓачот на новинарот Павле Беловски
Министерството за внатрешни работи поднесе прекршочни пријави кои предвидуваат парични казни против триесет и двегодишниот Коста Попризов кој во четвртокот вечерта го нападна новинарот на телевизијата Телма, Павле Беловски.
На напаѓачот поднесени му се прекршочни пријави по член 6 и член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. „Кој на јавно место се оддава на пијанство или во пијана состојба го нарушува јавниот ред и мир ќе му се изрече глоба во износ од 100 до 400 евра во денарска противвредност“, се вели во членот 6.„Кој на јавно место физички ќе нападне друго лице ќе му се изрече глоба во износ од 600 до 800 евра во денарска протввредност“, стои во членот 12.Беловски беше нападант пред Министерството за внатрешни работи на работна задача, непосредно пред да известува во живо од пред Министерството, каде веќе два дека Специјалното јавно обвинителство спроведува судски наредби, поточно во зградата на Управата за безбедност и контраразузнавање.Напаѓачот бил пијан и почнал со политички квалификации да го провоцира Беловски, кој го игнорирал. Потоа му пришол од зад грб и го нападнал со раце и нозе во пределот на главата и телото. „Бев нападнат физички, грубо, тенденциозно само заради тоа што во делокругот на извршувањето на моите работни обврски налетав на непресметливо лице, под дејство на алкохол и од она што ми го соопшти полицијата, веќе познат насилник. Млад човек, како мене, на кого му беше поважно што рабтам отколку кој сум, ме запозна со тупаници, за жал. Една модринка и една џумка на главата. Полицајците кои го обезбедуваат Министерството, изненадени од жестината на нападот молскавично го совладаа, Пријавата во полициската станица Центар е уредна и професионална. Не го сокрив нападот бидејќи вечерва беше нападната мојата професија, беше нападнат репортер, не личност. На моето место можеа да бидат моите колешки кои немаат мускули и цврсти плеќи. Вербалните напади веќе не ги бројам, ниту оние во кои за влакно сум се извлекол, да не јадам ќотек. Жалам што живеам во општество во кое новинарството е провокација, а не ценета и почитувана професија која ја работат луѓе со ентузијазам и желба за подобро општество и подобро утре“, напиша Беловски на својот Фејсбук профил.Нападот го осудија сите новинарси здруженија и политички партии во земјава./крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ ги повикува институциите да постапат по обвинувањата за тендери во општини под контрола на ВМРО
Антикорупцискиот тим на СДСМ очекува реакција од надлежните институции по, како што наведуваат, објавувањето на сомнежите за тендерски злоупотреби во општини под контрола на ВМРО-ДПМНЕ.
Според СДСМ, една иста фирма – „Пирамид билдинг солушнс“ – во периодот од 2022 година до денес добила 51 тендер во вредност од над 16 милиони евра, исклучиво од општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ. Партијата наведува дека станува збор за модел на „тендерска пирамида“, во кој јавните средства завршуваат кај фирми блиски до владејачката партија.
„51 тендер. 16 милиони евра. Само една фирма“, се наведува во соопштението, со оценка дека додека нема средства за зголемување на платите и пензиите, пари има за тендери.
Од СДСМ јавно прашуваат зошто Јавното обвинителство, Финансиската полиција и Државната комисија за спречување на корупцијата не преземаат ништо, и бараат одговорност за наводните злоупотреби.
Партијата најавува дека ќе продолжи да објавува докази за, како што наведува, мрежа на сомнителни тендери и дека, според нив, „работата не е завршена“.
Македонија
Најмногу снег на Попова Шапка и во Крушево
Најголема снежна покривка до 7 часот утринава е измерена на Попова Шапка – 26 сантиметри, а 15 сантиметри снег има во Крушево, информира УХМР. Снежна покривка е евидентирана и во Ѓуриште (4 см), Тетово (2 см) и Берово.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од западен правец. Максималната дневна температура ќе се движи од -1 до 7 степени.
Во Скопје, исто така, се очекува променливо облачно време со сончеви периоди, а дневната температура ќе достигне до 5 степени.
Македонија
Со паричка во погача голем број семејства вечерва ќе ја дочекаат Старата Нова година
Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како и Стара нова година, која почнува утре на Василица.
Во Македонија, Василица многумина ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј го слават и својот именден.
Некои семејства, повеќе во западниот дел на Македонија, кршат погача со паричка. Се верува дека на оној што ќе му падне, му претстои среќна и исполнета година.
По повод православната нова година и празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија.

