Контакт

Македонија

Кирацовски и Елези во мисија за фер, регуларни избори

Објавено пред

Подготвеност за овозможување услови претстојните предвремени парламентарни избори на 11-ти декември да поминат во фер, регуларна и демократска атмосфера, изразија во вторник дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски и министерот за локална самоуправа, Ширет Елези.
 

dobivaj vesti na viber

„На средбата се дискутираше за предизвиците поврзани со можните притисоци врз вработените од јавниот сектор во пресрет на парламентарните избори закажани за декември оваа година, како и за начините истите да бидат навреме пресретнати и спречени. Двајцата министри ја изразија својата заложба и подготвеност во рамката на законските овластувања да го дадат својот придонес парламентарните избори да поминат во фер, регуларна и  демократска атмосфера, односно отстранување на сите можни притисоци и злоупотреби на администрацијата“, соопштија од министерството за .информатичко општестви и јавна администрација.Било отворено и прашањето за моделот на оценување на администрацијата, ставајќи акцент на нелогичното казнување, при што обострано беа потенцирани забелешките, идеите и предлозите, се со цел овозможување на услови за департизирана и професионална администрација во Република Македонија, во интерес на сите граѓани. Претходно, дополнителниот заменик-министер, рече дека сите заедно мора да направиме се’ предвремените парламентарни избори закажани за 11-ти декември да го отсликаат реалното расположение на граѓаните.„Мојата заложба за оваа цел не е само декларативна, туку и реална. Од денес, заедно со мојот тим на терен ја продолжуваме мисијата за мотивирање на вработените во Јавниот сектор, да ги пријавуваат сите неправилности и нерегуларности, закани и уцени, под слоганот „Пријави притисок за фер избори“! Целта е охрабрување на вработените да не подлегнуваат под никакви закани, уцени и притисоци. Има кој да се заложи за нив, има кој да ги заштити. Истовремено целта е и да се обесхрабрат сите функционери од ВМРО-ДПМНЕ да вршат притисок врз вработените“, рече Кирацовски.Најави дека од вторник ќе почне со посети на институциите за кои постојат претставки испратени до веб-страната што ја отвори за пријавување притисоци. „Ќе им порачам на шефовите и раководителите поставени како кадри на ВМРО-ДПМНЕ, кои Груевски и фамилијата ќе се обидат да ги користат за нивни лични цели, да внимаваат и да не дозволат да станат инструмент во рацете на криминалната власт“, додаде Кирацовски./крај/мф/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Фото) И пратеници трчаа на скопскиот маратон

Објавено пред

Фото: Собрание

Денеска во Скопје се одржа 21. Визер Скопски маратон. Првпат институцијата Собрание настапи како организиран тим, со силна порака за блискост со граѓаните и тимски дух, под мотото „Собрание за граѓаните – трчаме заедно“, информираат од прес службата на Собранието на Македонија.

dobivaj vesti na viber

64 пратеници и службеници од Собранието трчаа во неколку дисциплини, и тоа: полумаратон, штафета и трка на 5 километри, за промоција на здрави навики, солидарност и институционална отвореност кон граѓаните.

Учеството на Маратонот е дел од Планот за подобрување и ЦАФ мерки кои успешно се имплементираат во Собранието од септември 2025 година, согласно Програмата за собраниска поддршка (ПСП).

На штафетата, Собранието беше претставено од 2 екипи, додека на полумаратонот трчаа 6 претставници. Во трката на 5 километри учествуваа 50 претставници на Собранието.

„Пратениците и службениците со гордост ја пренесоа пораката дека Собранието е институција блиска до граѓаните, која трча заедно со нив – во спортот и во развојот на општеството. Во суштина, ова учество не е само спортски настан — тоа е симболична порака за транспарентност, соработка и човечки пристап во работата на Собранието“, стои во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Димитриевски: Застана откупот на пиперката ајварка поради срамно ниски цени, дебакл на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Фото: СДСМ

„Деновиве се случува дебакл со откуп на индустриската пиперката ајварка. ВМРО-ДПМНЕ ветуваше дека е договорена цена на откуп од 45 денари за килограм денес откупот е застанат целосно. Пиперката е на нивите а цената е 20 денари за килограм. Катастрофа“, кажа денеска прес-конференција Александар Димитриевски, Комисија за земјоделство на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Половина од годинешната реколта на пиперката стои на нивите а земјоделците незнаат што да прават со неа. Оставена е да скапува. Субвенциите од минатата година за пиперката се уште не се исплатени. Христијан Мицковски наместо да тера лажна кампања во земјоделството да ги повика производителите на индустриската пиперката заедно со преработувачите да седнат и да договорат динамика на откуп и дополнителна финансиска поддршка за произведена и предадена ајварка во индустриските капацитети. Ова е една од најтешките години во земјоделството а ниту ВМРО ДПМНЕ ниту Трипуновски имаат капацитет да се справат, да разговара со земјоделците и да го одржи земјоделското производство, затоа наредната година ќе биде со рекордно најниско земјоделско производство. Лоша организација на откуп и финансиска поддршка кон сите стратешки извозно ориентирани култури. Токму најзастапените извозно ориентирани земјоделски култури се откупуваа и се откупуваат по далеку пониски цени од мината година. На земјоделците не им се потребни лаги туку реални политики, власта веднаш да преземе мерки“, истакна Димитриевски.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) ЗНАМ: Обезбедуваме поддршка и квалитетни услови за живот на пензионерите во Куманово

Објавено пред

Фото: ЗНАМ

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во редовното дневно претставување на изборната програма денеска зборуваше за пензионерите. Куманово е општина која е пријател на пензионерите. Затоа што, пензионерите се нашата мудрост, нашата совест и нашата историја.

dobivaj vesti na viber

Затоа, наша должност како општина е да обезбедиме поддршка, квалитетни услови за живот и активна улога во заедницата, за пензионерските денови да бидат исполнети со достоинство, сигурност и почит. Во нашата програма имаме запишано повеќе проекти и активности со кои ќе покажеме должна почит кон највозрасните наши сограѓани, изјави на денешната прес-коференција, кандидатката за советик во идниот мандат Гордица Бошковска.

Таа ги наведе приритетните проекти што се предвидени во нивната програма:

• Нов објект на Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во с. Проевце за зголемување на капацитетите и обезбедување поквалитетна грижа за повозрасните граѓани.
• Континуирана модернизација, проширување и подобрување на капацитетите во Домот за стари лица „Зафир Сајто”, со цел создавање подобри услови.
• Програми за поттикнување активен живот и поголема социјална интеграција на пензионерите.
• Субвенционирање на домашната нега и помош за пензионерите со попреченост.
• Поддршка на дневните центри за дружење, грижа и психосоцијална поддршка.
• Еднократна финансиска поддршка за пензионерите од социјално загрозените категории.
• Поддршка на пензионерските клубови за рекреација: шах, фитнес за возрасни, прошетки и групни активности.
• Субвенционирање на наменски пензионерски групни екскурзии во земјата.
• Поддршка за домување за ранливите категории пензионери.
• Вклучување на пензионерите во советодавните тела на Општината.
• Менторски програми во кои пензионерите со професионално искуство ќе работат со младите.
• Организација на меѓугенерациски културни и образовни проекти.
• Организација на културни и спортски настани посветени на пензионерите.
• Поддршка на едукативни работилници за здравствена заштита, лична безбедност, како и финансиска и дигитална писменост за пензионери.
• Поддршка на здруженијата на пензионерите и организирање заеднички настани и забавни активности за пензионерите.
• Ваучер за користење на Кумановска бања за пензионери кои имаат здравствени потреби.

Според Бошковска, ваквите проекти, само покажуваат дека ЗНАМ во континуитет води сметка за повозрасните жители на Куманово. Вистинската сила на едно општество не се мери само со современите згради и новите патишта, туку и со почитта што има ја даваме на оние што ја трасирале патеката пред нас. Затоа Куманово го правиме општина што е вистински пријател на пензионерите, општина што слуша, разбира и подава рака. Ние сме општина во која постарите не се заборавени, туку се ценети и вклучени, вели таа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

(Видео) Петрушевски: Заев своевремено зема куферче од Бојко, што зема сега Филипче за да ги продава националните интереси?

„Заев своевремено зема куферче од Бојко, што зема сега Филипче за да ги продава националните интереси?“, праша денеска на прес-конференција,...

Регион3 часа

Македонија ѝ понуди помош на Бугарија по катастрофалните поплави

Македонија е подготвена да обезбеди поддршка за справување со последиците од поплавите, објави претседателот на Бугарија, Румен Радев, на „Икс“,...

Свет5 часа

(Фото+видео) Масовен руски напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Русија изврши серија напади врз Украина во текот на ноќта, при што беа убиени и повредени неколку лица. Полска распореди...

Свет6 часа

Израел се согласи на почетната линија на повлекување, се чека потегот на Хамас, објави Трамп

По повеќенеделни преговори, Израел се согласи на почетната линија на повлекување, објави на социјалната мрежа “Truth” лидерот на САД Доналд...

Македонија7 часа

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, од утре пад на температурите

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува и во...

Македонија17 часа

Мицкоски: Црвените линии на Венко се тројанскиот коњ, Бојко зборуваше дека дал пари, сега што ли е во игра?

На денешниот народен митинг во Куманово во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор!...

Македонија17 часа

Мисајловски: Куманово дополнително ќе биде град на можности

Владо Мисајловски, носител на изборна единица 2 од ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на народниот митинг, кој се одржа во Куманово,...

Македонија17 часа

Филипче од Свети Николе: Борбата за 500 евра минимална плата е за достоинство на секој човек

Вечерва од Свети Николе, каде се одржа граѓанската трибина од караванот „Се бориме за нашиот дом“, Претседателот на СДСМ, Венко...

Македонија18 часа

Филипче од Велес: Маја Хеско за урбан ред во Велес, нова сала, затворен базен и средено Езеро Младост

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на граѓанската трибина во Велес го истакна разочарувањето на граѓаните од владеењето...

Македонија18 часа

Ѓорѓиевски: Ние ќе ги решаваме проблемите на скопјани, оваа битка не е само битка за поубави и почисти улици и паркови, ова е битка за душата на нашиот главен град

Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори, се обрати од денешниот народен митинг,...

Македонија18 часа

Димитровски: Скопје не треба да биде град кој ги мачи скопјани, туку град кој им служи на скопјани

Даме Димитровски, носител на листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во...

Македонија18 часа

Стојкоски: Ѓорче Петров ќе стане првата независна енергетска општина

Александар Стојкоски, кандидат за градоначалник за општина „Ѓорче Петров“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на...

Македонија18 часа

Мицкоски: СДСМ не гласаше за промена на Коцевски, затоа што судството и обвинителството се последната гранка на која седи раководството на СДСМ

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг во општина Ѓорче Петров, во рамки на изборната кампања за локалните избори...

Македонија18 часа

Хеско: ДПМНЕ не направи ништо за Велес, време е да им го вратиме градот на граѓаните

Кандидатката за Градоначалничка Маја Хеско, од трибината во Велес, ја презентираше својата програма , со која вели дека Велес повторно...

Македонија19 часа

Филипче од Велес: СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ што се одржа во...

Македонија20 часа

Мицкоски: ДУИ не враќа назад, Левица руши и безмилосно ја цицаат и самата партија, а Филипче мисли на Дубаи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот митинг во општина Јегуновце, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025...

Македонија20 часа

Костадиноски: Продолжуваме да работиме со уште позасилено темпо за модерно Јегуновце со инвестиции во паркови, во спортот и во младите

Димитар Костадиноски, кандидат за градоначалник за општина Јегуновце од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната...

Македонија20 часа

Стојаноска: Вистинскиот избор на овие локални избори е бројот 9

Дафина Стојаноска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на митинг во Јегуновце во рамки на кампањата за локалните избори која...

Македонија22 часа

Мицкоски: На овие избори изберете 9 за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за напредок и развој на Македонија

На денешниот народен митинг во Брвеница во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор!...

Македонија22 часа

Илиевски: Приоритет за наредните четири години е градинка во село Челопек и дом за стари лица во Брвеница

Јовица Илиевски, кандидат за градоначалник за општина Брвеница од редовите на ВМРО- ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на...