Македонија
Пријавени 1.500 граѓани од дијаспората да гласаат за избори
Државната изборна комисија извести дека во тек пријавувањето за гласање за Предвремените избори за пратеници во Собраниетоа, во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство односно конзуларните канцеларии, и истото ќе трае до 11 ноември 2016 година.
Заклучно со 26 октомври 2016 година, до 15 часот, можноста за пријавување преку електронската апликација ставена во веб страната на Државната изборна комисија, ја искористиле вкупно 1.519 граѓани на Република Македонија, од кои прифатени се 977 пријави, 47 се одбиени, а 495 се во обработка. Државната изборна комисија, ги повикува сите граѓани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство, да се пријават за гласање за претстојните Предвремени избори за пратеници. Пријавувањето може да се врши преку електронската апликација ставена на веб-страницата на Државната изборна комисија https://dijaspora.sec.mk. Државната изборна комисија ги известува граѓаните дека документи кои се прифаќаат како потврда за докажување на привремен престој во странство повеќе од три месеци или за привремена работа или престој во странство повеќе од една година се следниве:- Лична карта, издаденa од надлежен орган на странска држава, со коja се докажува дека лицето е на привремен престој во странство повеќе од три месеци, или на привремена работа или престој во странство повеќе од една година,- Потврда издадена од надлежен орган на странска држава, за живеалиште, престој или адреса на лицето во странската држава,- Дозвола за работа издадена од надлежен орган на странска држава,- Работна, студентска или виза за престој над три месеци во странска држава,- Возачка дозвола издадена од надлежен орган на странска држава, во која е наведено дека лицето има живеалиште во странската држава,- Македонски дипломатски пасош или друг документ со кој се докажува дека лицето е вработено во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство односно конзуларните канцеларии, и- Друг документ со кој се докажува дека лицето е на привремен престој во странство повеќе од три месеци, или на привремена работа или престој во странство повеќе од една година./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.
На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.
Претседателот Гаши нагласи дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изрази уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.
Македонија
Утре без вода дел од Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Општина Центар.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат објектите на МНТ, Музичкото Училиште, Министерството за Транспорт и Врски, како и Управата за издавање на матични книги“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар во Општина Ново Село
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата.
Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.
Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.

