Контакт

Македонија

Груевски најави нов проект, изградба на 140 детски градинки

Објавено пред

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во неделата најави проект во висина од 25 милиони евра за изградба на 140 државни детски градинки, од кои 100 ќе бидат комплетно нови. 

dobivaj vesti na viber

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ изминативе години целосно се посветила на потребата од зголемување на капацитетите за згрижување на деца од предучилишна возраст односно отворање на нови детски градинки, вели Груевски.

„Се реализираа и низа мерки со кои ги поттикнуваме родителите да имаат повеќе деца знаејќи дека наталитетот е проблем во Република Македонија, но и во цела Европа. Од тие причини во поголем број на општини се јави потреба од постоење на повеќе градинки што укажуваше дека се раѓаат и повеќе деца како потврда на нашите политики насочени кон придвижување на демографските состојби во позитивен правец. Потребата од повеќе градинки е првиот индикатор дека имаме одреден успех во напорите за раст на наталитетот, иако сме свесни дека треба многу повеќе за да дојде до позабележителни резултати на долг рок“, рече Груевски.

Македонија е единствената земја во јужниот дел на Европа која има раст во бројот на родените во периодот од 2005-та до 2015-та година.

„Во 2005-та година е забележан најмалиот број на родени бебиња во историјата на Македонија. Во 2005-та година се родени 22.482 бебиња.  Минатата 2015-та година се родени 23.106 бебиња, што претставува зголeмување од 2,8 проценти.  Истовремено, сите останати земји во Јужна Европа имаат големи падови во бројот на родените бебиња во периодот од 2005-та до 2015-та година, а само Македонија има раст.  Евe неколку бројки: Португалија има пад минус -21,6 отсто, односно пад од 109 илјади родени бебиња на само 85 илјади бебиња во само 10 години.  Италија има пад во родените бебиња од 554 илјадиво 2005-та година, на 488 илјади бебиња во 2015-та година. Тоа е пад од 11,9 проценти во периодот од 2005-та година до 2015-та година.  Потсетувам, единствено Македонија има раст во бројот на родените од 2005-та до 2015-та година од 2,8 проценти во бројот на родените бебиња“, рече Груевски.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, потребата од нови градинки оди и заедно со намалување на невработеноста, и се повеќе семејства каде и двата родитела имаат работа, работно време имаат и потреба детето да го однесат во градинка. Што се однесува до капацитетот на градинките, овој недостаток е и резултат на децениската запоставеност во изградбата на градинките.

Споредбено со периодот пред доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт во 2006-та година oпфатoт на деца во градинки од 0 до 6 години изнесуваше само околу 9 отсто  а во 2016-та е зголемен и изнесува околу 26 отсто односно речиси трикратно зголемување. Како резултат на заложбите на владата на ВМРО-ДПМНЕ само во последните 7 години отворени се 13 јавни општински установи-детски градинки, 17 објекти и 22 групи во други просторни услови кои работат како градинки и ја имаат истата функција, или севкупно се отворија 52 градинки.

За да се дојде до овој проект претходно била направена анализа, во рамките на чија бил земен бројот на родени деца во период 2010-2015 година, бројот на деца запишани во детските градинки и бројот на деца кои се на листа на чекање.

„Согласно анализата, планирана е изградба и опремување на 100 градинки со различен опфат со што капацитетот за згрижување на деца од предучилишно образование би се зголемил за околу 15 илјади деца на државно ниво. Значи со овие 100 нови градинки ќе овозможиме места за 15 илјади деца во градинките“, потецираше Груевски.

Приоритет во рамки на овој проект ќе имаат општините кои имаат најголема потреба од нови капацитети за згрижување, кои што досега имаат и најголема листа за чекање како во Центар, Струмица, Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, Гази Баба, Карпош,  Кисела Вода, Битола, Штип, Чаир, Кавадарци, Струга, Прилеп,Делчево, Тетово, Гостивар, Охрид, Велес и други. Во зависност од потребите во одредени општини, ќе се изградат и повеќе објекти на градинки во иста општина./крај/мф/бс

 

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Без вода денеска дел од Центар

Објавено пред

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:

dobivaj vesti na viber

· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дел од Карпош денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.

Прикажи повеќе...

Македонија

Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер

Објавено пред

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.

Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.

Времето во наредните денови

Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и...

Македонија9 часа

(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени...

Свет12 часа

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет13 часа

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет20 часа

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет20 часа

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет20 часа

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет21 час

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет21 час

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија1 ден

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија1 ден

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија2 дена

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија2 дена

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ2 дена

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија2 дена

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет2 дена

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет2 дена

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ2 дена

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија2 дена

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет2 дена

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...