Македонија
Фалат 40 печати од ДИК, Избирачкиот список на увид
Околу 40 печати на Државната изборна комисија од избирачки места од Сопиште, Брвеница, Бутел, Брвеница и други ги нема во депото на ДИК во касарната „Илинден“, стои во извештајот на пописната комисија што во четврток вечер се се разгледуваше од членовите на ДИК.
Дискусијата меѓу членовите на ДИК одеше бурно, а оваа точка на дневниот ред на крај беше тргната и беше заклучено да се направи дополнителен попис на канцеларискиот материјал за избирачките места кој се чува во магацин во касарната „Илинден“.Жестока расправија изби меѓу членовите на ДИК од СДСМ, Игор Милев и Виолета Дума и Сашо Срцев и Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ.Милев реагираше дека со тие украдени печати, што сега се откриваат, ВМРО-ДПМНЕ славеше победа на неколку изборни циклуси. Срцев, пак, забележа како може да се констатира дека нешто фали, кога претходно не било избројано и не се знаело колку има на број, како што е случај, според него, со печатите на ДИК.Од ДИК појаснуваат дека по изготвениот извештај од Пописната комисија се утврдува дали некаде фали нешто, дали е оштетено и дали треба да се замени. ДИК распишува јавна набавка и се набавуваат нови. Во случајот ако се констатира дека има оштетени печати или недостасуваат, се изработуваат нови, но различни од тие што се оштетени, при што на нив се додава нов детаљ како ѕвезда, цртка или некоја друга ознака. Сепак, останува сомнежот дека може да се направат некои фалсификати на гласачките списоци во избирачките места и во општинските изборни комисии, сако се знае дека во „бомбите“ на опозицијата се слушаа разговори на поранешниот министер од ВМРО-ДПМНЕ Миле Јанакиески со поранешниот директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков како и со друг соговорник, за отворање на запечатени црни вреќи и кутии со избирачки материјал, како и за наводни двојни списоци од гласање во избирачките места.Комисијата најави дека во петок ќе биде ставен на увид и прочистениот избирачки список. Увидот ќе трае до 11 ноември, а списокот ќе се заклучи на 21 ноември. Изборите се закажани за 11 декември.Бурна расправа предизвика и третманот на незапишаните 30.447 сомнителни гласачи, за кои мнозинството во ДИК на крајот одлучи тие пак да можат да се пријават електронски и лично во ДИК, веќе од денеска кога почнува увидот во Избирачкиот список./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Студени утра, посвежи денови: променливо облачно време со сончеви периоди
Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени.
До крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од среда по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР

