Македонија
СЈО бара мерки за претпазливост за осомничените во „Топлик“ и „Тендери“, не притвор
Специјалното јавно обвинителство бара мерки за претпазливост за обвинетите во случаите „Топлик“ и „Тендери“ коишто беа обелоденети на вчерашната прес – конференција.
Од СЈО не соопштија кои мерки за претпазливост се бараат, но соопштија дека нема да бараат притвор.Досега осомничените меѓу кои се Министерката за култура, Елизабета Канческа – Милевска и поранешниот Министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески не се викнати на распит во Основниот суд Скопје 1, но нема прецизни и официјални информации дали раководните лица и другите осомничени ќе бидат викнати на распит денеска или наредната седмица. Случаите „Топлик“ и „Тендери“ се однесуваат на продажбата на градежно земјиште наменето за изградба на елитна населба наречена „Сончев град“, на падините на планината Водно, во близина на Скопје, и за изведување на градежни работи на Музејот за македонска борба и државност, од страна на градежното претпријатие „Бетон“, кое било фаворизирано.За случајот „Топлик“ осомничени се поранешниот Министер Јанакиески и пет лица членови на комисијата од ова Министерство за спроведување јавни набавки, а во вториот случај осомничена е Канческа – Милевска и тројца членови на Комисија за јавни набавки од министерството.Инволвираните сториле кривични дела со што грубо ги повредиле јавните набавки и го оштетиле Буџетот на Македонија за по над еден милион евра./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Студени утра, посвежи денови: променливо облачно време со сончеви периоди
Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени.
До крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од среда по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР

