Македонија
Министерот Јолевски со честитка по повод Денот на македонската револуционерна борба

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски по повод големиот празник 23 Октомври – „Денот на македонската револуционерна борба“ упатува честитка до вработените во Министерството, припадниците на Армијата на Република Македонија и до сите граѓани на нашата татковина.
„На денешен ден ја славиме мислата, идејата за слободна, независна и самостојна Македонија. Денес го славиме идеалот кој го водел животот на генерации Македонци. Но, денес се потсеќаме и дека ние имаме морално право и обврска да дадеме сè од себе за да го зачуваме и развиеме она што го имаме – слободна Република Македонија, еднаква и рамноправна со останатите држави во светот“, вели министерот Јолевски во честитката. Армијата на Република Македонија, истакнува министерот, е токму оној дел од општеството чија задача е зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет на нашата татковина. „Нашите припадници неуморно, во континуитет ги заштитуваат граѓаните на Македонија, особено во времиња на глобални промени и предизвици по безбедноста. Тие стојат цврсто бранејќи ги не само идеалите на нашите предци, туку и современите вредности кои ние ги живееме“, додава Јолевски. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Карпош и Сарај денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Пелистерска 4-1/8. (општина Карпош)
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците бр. 3 и бр. 5 како и околните објекти во нивна близина во Сарај.(општина Сарај)
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на улицата Димитрие Чуповски бр.10 без вода ќе останат корисниците од улицата Никола Вапцаров лоцирани на потегот од Министерство за правда до Плоштад Македонија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 km/h), а температурата ќе се задржи под просекот за овој период од годината. Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура.