Македонија
МОСТ: Кредибилноста на изборите не се црпи само ако се прекројат изборните единици
Кредибилноста на изборите не се црпи само од тоа ако се прекроени изборните единици туку во предвид треба да се земе како се однесуваат институциите, политичките партии, граѓаните, медиумите и како Државната изборна комисија (ДИК) го спроведува изборниот процес , велат од граѓанската асоцијација МОСТ.
„И во минатото МОСТ претежно укажуваше на единствената институција којашто може да ги прекрои изборните единици, а тоа е Собранието, дека треба да се прекројатизборните единици, затоа што изборната единица шест отстапува од бројката којашто е пропишана односно процентот на различност во однос на бројот на гласачи“, вели Дарко Алексов, извршен директор на МОСТ.Сепак тој смета дека ова прашање треба да го одговорат сите пратеници во досегашниот состав на Собранието. „Ако тоа го правевме во февруари, а сега сме октомври и во Собранието не беше ставен на дневен ред, а 110 пратеници гласале за распуштање на Собранието и за одење на избори, одредени прашања треба да одговорат и тие“ вели Алексов.Тој појаснува дека во ситуација кога четирите најголеми политички партии и 110 пратеници гласале за тоа изборниот процес во оваа фаза тече, а како ќе се постапува понатака и какви избори ќе имаме ќе видиме по нивното одржување.За ова дали постојат фер, демократски и легитимни услови за спроведување на изборите, Алексов вели дека тоа го договориле лидерите на политичките партии, а нивна задача ќе биде да следат колку принципиелно ќе го спроведуваат договореното.Од МОСТ известија дека почнале со набљудување на изборниот приоцес, а на денот на гласањето ќе бидат ангажирани 3.300 набљудувачи на целата територија на Македонија.Заради сеопфатна оцена на текот на изборите, набљудувачите на МОСТ ќе ги следат текот на изборната кампања, работата на изборните органи, предвременото гласање како и процесот на одлучување на приговорите. За таа цел веќе 80 набљудувачи се распоредени во сите општини.МОСТ ги повика граѓаните од денеска да ги проверат своите податоци во избирачкиот список затоа што почна јавниот увид кој ќе трае до 11 ноември./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ ги повикува институциите да постапат по обвинувањата за тендери во општини под контрола на ВМРО
Антикорупцискиот тим на СДСМ очекува реакција од надлежните институции по, како што наведуваат, објавувањето на сомнежите за тендерски злоупотреби во општини под контрола на ВМРО-ДПМНЕ.
Според СДСМ, една иста фирма – „Пирамид билдинг солушнс“ – во периодот од 2022 година до денес добила 51 тендер во вредност од над 16 милиони евра, исклучиво од општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ. Партијата наведува дека станува збор за модел на „тендерска пирамида“, во кој јавните средства завршуваат кај фирми блиски до владејачката партија.
„51 тендер. 16 милиони евра. Само една фирма“, се наведува во соопштението, со оценка дека додека нема средства за зголемување на платите и пензиите, пари има за тендери.
Од СДСМ јавно прашуваат зошто Јавното обвинителство, Финансиската полиција и Државната комисија за спречување на корупцијата не преземаат ништо, и бараат одговорност за наводните злоупотреби.
Партијата најавува дека ќе продолжи да објавува докази за, како што наведува, мрежа на сомнителни тендери и дека, според нив, „работата не е завршена“.
Македонија
Најмногу снег на Попова Шапка и во Крушево
Најголема снежна покривка до 7 часот утринава е измерена на Попова Шапка – 26 сантиметри, а 15 сантиметри снег има во Крушево, информира УХМР. Снежна покривка е евидентирана и во Ѓуриште (4 см), Тетово (2 см) и Берово.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од западен правец. Максималната дневна температура ќе се движи од -1 до 7 степени.
Во Скопје, исто така, се очекува променливо облачно време со сончеви периоди, а дневната температура ќе достигне до 5 степени.
Македонија
Со паричка во погача голем број семејства вечерва ќе ја дочекаат Старата Нова година
Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како и Стара нова година, која почнува утре на Василица.
Во Македонија, Василица многумина ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј го слават и својот именден.
Некои семејства, повеќе во западниот дел на Македонија, кршат погача со паричка. Се верува дека на оној што ќе му падне, му претстои среќна и исполнета година.
По повод православната нова година и празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија.

