Македонија
Нова ноќна битка на СЈО за „освојување“ на УБК
Еден истражител на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) вечерва беше избркан од просториите на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), а другиот истражител беше приведен во полициската станица „Беко“.
По интервенција на Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева која вечерва појде во полициската станица, приведениот истражител беше пуштен, а другиот истражител остана да ја чека шефицата во кругот на Министерството за внатрешни работи, каде се упати Јанева за да продолжат со спроведувањето на судските наредби.
„Истражителот си заминува со нас. Известени сме дека за 15 минути ќе дојде командирот на полициската станица Беко, можете да го прашате зошто е задржан, колку време е задржан и колку законски е задржан нашиот истражител. Видовме дека е неосновано задржан, ништо не ни е доставено на писмено, на увид, на нас обвинителите во однос на нашиот истражител. Инаку истражителот заминува со нас, во нашите простории и ќе бидеме во контакт, можете постојано да прашувате за него откако ќе земете изјава од командирот кој го води случајот“, рече Јанева.
Јанева не соопшти зошто бил приведен истражителот, само потврди дека негова задача била да лоцира одреден човек каде живее. Таа одби да одговори дали истражителот следел висок поранешен функционер, односно поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и ги упати новинарите за ова да го прашаат командирот на станицата.
„Истражителот согласно нашите наредби, по нашите насоки беше на едно место, требаше да лоцира еден човек каде живее. За тоа не треба судска наредба, тој е таму по наша наредба, тој е мој истражител и директно одговара на мене“, изјави Јанева.
Информацијата дека другиот истражител бил избркан од просториите на УБК, Јанева ја доби додека гостуваше во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма, но засега не се познати причините за неговото бркање.
Обвинителите веќе трет ден се во просториите нa Управата. До попладнево беа одземени сите наредби за Посебни истражни мерки за следење на комуникациите и книгите за евиденција како и бараните компјутерски податоци од системот за следење на комуникација.
Останува да се изврши дополнително одземање на компјутерските податоци за кои е потребна асистенција од надворешен експерт и СЈО очекува е во наредниот период да се изврши и тој дел од наредбите.
Обвинителите си заминаа од УБК попладнево, но останаа истражители кои требаше да продолжат со спроведување на наредбите.
Јанева во вечерашното интервју најави пријави за сите кои ја попречуваа работата на СЈО за време на извршувањето на судската наредба. Од влегувањето во УБК, обвинителите најмногу се жалеа на опструкции од страна на дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Оливер Андонов, директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков и од директорот на УБК, Владимир Атанасовски.
Како што неколку пати изјави Јанева целта на претресот во УБК е да се обезбедат документи и податоци за неколку предистражни и истражни постапки кои се водат за да се открие кој и како прислушувал во Македонија во периодот од 2008 до 2015 година.
Иако старите системи за прислушување се уништени и во во функција е новиот систем за следење на комуникациите од март 2015 година, Јанева рече не може да се избришат трагите во системот за следење на комуникациите.
Откако истражителот беше пуштен од полициска станица, Јанева заедно со обвинителката, Ленче Ристовска се упатија во МВР. Влезот во МВР и нив им бил попречуван, но понеколку телефонски разговори влегоа во зградата./крај/ффс
Извор: (Фото: Телма )
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичен законик.
Јавниот обвинител предложи судијата на претходна постапка да определи мерка притвор спрема осомничениот бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и околности го оправдуваат стравувањето дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело.
Македонија
Десет нови детски игралишта ќе се градат низ општина Кисела Вода
Денес започна изградбата на првото од вкупно 10 нови детски катчиња кои ќе се реализираат низ целата општина.
Првото катче се гради во кругот на ООУ „Св. Климент Охридски“, во селото Драчево. На гумирана подлога која го намалува ризикот од повреди и овозможува сигурна игра, ќе бидат поставени разновидни реквизити: лулашки, лавиринт со два тобогани и мрежа за качување.
Просторот ќе биде осветлен, овозможувајќи безбедна активност и во вечерните часови.
„Со изградбата на десет нови детски катчиња вложуваме во иднината на нашите најмлади, обезбедувајќи им безбеден и современ простор за игра. Заедничката игра е основа за развој на социјални, како и за моторички вештини, а за нас како раководство на Општина Кисела Вода е приоритет секое дете да има место каде може слободно и безбедно да расте, да се развива, но и да се забавува и да создава убави детски спомени“, изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.
Македонија
Беким Сали на средба со амбасадорот на Косово, Флориан Ќехаја
Во Владата на Република Северна Македонија, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска оствари средба со амбасадорот на Косово, Флориан Ќехаја.
„На средбата се разговараше за билатералната соработка меѓу двете земји, заедничките проекти што ги поврзуваат нашите институции, како и за процесите на европска интеграција и унапредувањето на европската агенда во регионот. Двете страни ја истакнаа важноста од понатамошно продлабочување на регионалната соработка и размената на искуства во насока на стабилност, развој и европска интеграција“, соопштија од кабинетот на Сали.

