Македонија
Спасовски: Истражителот бил приведен оти сликал објект на Мијалков
Истражителот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) кој беше приведен вечерва во полициската станица Беко го привеле оти фотографил објект којшто бил во сопственост на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков.
Оваа информации вечерва ја соопшти министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на прес – конференција. Тој не кажа дали се работи за приватен објект на Мијалков и на каква задача бил истражителот, а Јанева рече дека истражителот бил да лоцира каде живее одредено лице.
Обезбедувањето на објектот повикал полиција, а истражителот бил приведен по наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвининителство. Истражителот беше пуштен откако интервенираше Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.
Јанева потоа се врати во Министерството за внатрешни работи, односно во УБК каде ја чекаше уште еден истражител кој беше избркан од таму.
По три дена присуство во УБК, Јанева и нејзиниот тим вечерва си заминаа од УБК откако Спасовски им ветил дека ќе ангажира полициско обезбедување за да ги чува системите за следење на комуникациите и ги уверил дека ниту еден податок или пак било каква опрема нема да излезе од МВР.
СЈО со судска наредба прибира податоци од системот за следење на комуникациите за да утврди кој прислушувал во Македонија./крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.
На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.
Претседателот Гаши нагласи дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изрази уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.
Македонија
Утре без вода дел од Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Општина Центар.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат објектите на МНТ, Музичкото Училиште, Министерството за Транспорт и Врски, како и Управата за издавање на матични книги“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар во Општина Ново Село
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата.
Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.
Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.

