Македонија
Изгласан Буџетот за 2017 година, по паузата ќе се распушта Собранието
Пратениците со 72 гласови „за“ и 37 против, во понеделник го донесоа Буџетот за 2017 година со кој вкупните приходи се планирани на ниво од 187 милијарди денари, вкупните расходи се на ниво од 206 милијарди денари или за 4,5 отсто повеќе во однос на годинава.
Буџетскиот дефицит е предвиден да изнесува три отсто од БДП, односно 18,6 милијарди денари.Опозициската СДСМ беше против овој Буџер, и најави дека по 11 декември, доколку победат на изборите, овој Буџет ќе претрпи промени.Предлогот го образложи министерот за финансии Кирил Миноски кој рече дека главен приоритет на овој стратешки документ е поддршка на приватниот сектор и дека со него се обезбедува редовна исплата на плати, пензии, социјална помош и подмирување на другите потреби на граѓаните.Капиталните инвестиции се планирани на 26,95 милијарди денари. „Предлогбуџетот за 2017 година се темели на три основни постулати. Тоа се развој, коj базира на високиот износ на капитални инвестиции, социјална заштита на најранливите категории граѓани и етапно намалување на буџетскиот дефицит за да се постигне фискална консолидација на среден рок“, рече министерот Миноски.Тој очекува растот на економската активност следната година ќе биде придвижен од извозот на стоки и услуги, за кој проектирале раст од 6 проценти на реална основа, кој се базира на очекувањата за извозна активност на капацитетите во слободните економски зони. Тој потенцира дека се очекува дека со спроведувањето на предвремените парламентарни избори во декември политичката криза во земјата ќе се разреши, што ќе влијае позитивно врз очекувањата и довербата на домашните компании. Според него ова ќе придонесе за зголемен раст на инвестициите и потрошувачката, но ќе прати и позитивен сигнал кон странските инвеститори.Бруто инвестициите се проектирани да растат за 4,5 отсто, засновано на планираните инвестиции на јавниот сектор и на очекувањата за постепен раст на приватните инвестиции. Во делот на социјалата се обезбедува заштита на стандардот на најранливите категории на граѓани: пензионерите, социјално ранливите категории и земјоделците. Со Буџетот за 2017 година се гарантира редовна исплата на плати, пензии, социјална помош и подмирување на другите потреби на граѓаните и сервисирање на останатите обврски на државата.Го најави зголемувањето на ноемвриските пензии на повеќе од 300.000 пензионери кои ќе добијат зголемување од околу 670 денари или во просек од 5 проценти.Миноски најави дека за капитални инвестиции, издвоена е значајна сума, највисока досега, во насока на поддршка на економскиот развој. Проектирани се на ниво од 27 милијарди денари што е за 4,62 милијарди денари повеќе од годинава, или 20,7 отстораст на капиталните инвестиции.Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески рече дека опозицијата нема да го поддржи предложениот Буџет, затоа штоп во „вакви Буџети повеќе никој не верувал“.„По 11 декември овој предлог-буџет ќе биде променет, а во вашето образложение не требаше да стои ќе го ќе направи ВМРО-ДПМНЕ, туку што направи до сега“, рече Сугарески.Орхан Ибраими од ДПА најави дека и нивните пратеници нема да го гласаат Буџетот, што според нив е антиалбански и воопшто не се разликува од претходните.По редовната пауза, пратениците ќе треба да расправаат и да ги гласаат останатите точки од дневниот ред, по што ќе следува одлуката за распуштање на Парламентот, во пресрет на предвремените парламентарни избори на 11 декември./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Екипи на ЈП „Комунална хигиена“ го чистат Скопје од снегот
ЈП „Комунална хигиена Скопје“ спроведува активности за рачно и машинско чистење на снегот и мразот на булеварите и поголемите улици во сите скопски општини, со цел да се овозможи безбедно движење на пешаците и одвивање на сообраќајот, соопштија од претпријатието.
Активности за расчистување на снегот и мразот беа реализирани и во централното градско подрачје, плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, како и Старата чаршија.

Екипите на Претпријатието го расчистуваа реонот и околу Градската болница, Владата и Собранието на РМ. Спроведени се и активности за фрлање сол на пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев“, и „Слобода“, како и на сите пешачки мостови.
„ЈП ‘Комунална хигиена-Скопје’ ќе продолжи со активностите за расчистување на снегот и мразот во текот на денов и претстојната ноќ, во согласност со состојбата на терен“, се наведува во соопштението.
Македонија
Изминатите два дена 1026 сообраќајни прекршоци, уапсени пет лица за безобѕирно управување на возило
Изминатите два дена како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1026 издадени платни налози, 150 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР.
„Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле пет лица, сите за возење под дејство на алкохол.
Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатите два дена евидентирани се 199 прекршоци за неправилно паркирање, 116 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола, како и 16 санкции за возење под дејство на алкохол.
Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле тројца возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и 33 пешаци. Исто така санкционирани се 93 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 15 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а шест заради техничка неисправност. Санкционирани се и шест возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, соопшти МВР.
Македонија
Укината забраната за камиони на патот Струга – ГП Ќафасан
Во 10:45 часот на патниот правец А2 Струга – ГП Ќафасан се прекинува забраната за движење на тешки товарни возила, информира АМСМ.
Забрани за тешки товарни возила утрово се воведени на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.

