Контакт

Вести

Битката за Мосул може да трае со седмици

Објавено пред

Офанзивата на ирачката армија со којашто треба властите во Багдад по повеќе од две години да ја повратат контролата над вториот по големина град во земјата Мосул, кој е под контрола на екстремната сунитска групација Исламска дражва, би можела да трае со седмици а можеби и подолги, сметаат воени експерти.

dobivaj vesti na viber

Според разузнавачки информации, Исламската држава наводно во самиот град има меѓу 4.000 и 5.000 борци, што ја прави покомплицирана ситуацијата.

Ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади, ден откако ирачките и американските артилериски сили бомбардираа квартови на Мосул, во телевизиско обраќање ноќта кон понеделникот го објави започнувањето на завршната операција за ослободување на градот од рацете на сунитските џихадисти кој пред војната имаше околу два милиона жители.

„Оваа операција чијашто цел е повторно да се преземе контролата над вториот град во Ирак веројатно ќе трае со седмици, а можно е и подолго. Битката ќе биде долга и тешка, но Ирачаните се подготвија и ние е сме крај нив“, предупреди генералот Стивен Таунсенд, пренесе AFP.

Турски воен извор објави во понеделникот дека околу 3.000 ирачки војници кои наводно ги обучила Турција во базата Башика крај Мосул, учествуваат во операцијата. „Околу три илјади војници во моментов учествуваат во операцијата. Втората половија се држи во резерва“, рекол за Reuters неименуваниот турски воен извор. Засега во операциите не учествува турската војска, „но развојот на ситуацијата внимателно се следи“, додал.

Анкара од крајот на декември минатата година е во судир со владата во Багдад пореди распоредувањето на оклопна бригада во базата Башика со 25 тенкови и оклопни возила и 180 војници, и бара од ОН да ги осуди таквите акции како нарушување на ирачкиот суверенитет. И покрај тоа што Анкара тврди дека на ирачка територија е по повик на Багдад, ирачката влада негира дека упатила таков повик, и наведува дека турските сили ги вежбаат милициите на ирачките Курди од Северен Ирак, кои се нивни сојузници.

Американскиот министер за одбрана Ештон Картер изјави дека ова е клучна операција за победа над Исламската држава. „Ова е одлучувачкиот момент во кампањата чија цел е на Исламската држава да ѝ се нанесе конечниот пораз. Убедени сме дека нашите ирачки партнери ќе го победат заедничкиот непријател и ќе го ослободат Мосул и остатокот од Ирак од омразата и бруталноста на Исламската држава“, додаде.

Помошникот на генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања и помош изрази голема загриженоста за судбината на цивилите во Мосул, откако беше објавено дека започнала воената операција за заземање на градот. Борбите во овој ирачки град би можел да покрене хуманитарна криза без преседан, стравуваат во ОН. „Многу сум загрижен за безбедноста на околу 1,5 милиони луѓе кои живеат во Мосул, а кои би можеле да бидат погодени со воени операции со кои се сака да се заземе градот од рацете на Исламската држава“, изјави Стивен О’Брајан.

Турската влада стравува дека милициите на шиитското мнозинство, кои ирачката влада во минатото ги користеше поради слабата мотивираност на борба на сунитските припадници на војската за борба против сунитските ултрарадикални групи, би можеле да бидат користени во офанзивата врз Мосул, која треба да започне до крајот на октомври, што би можело да поттикне и секташки безредија и егзодус на сунитското население.

Во понеделникот околу пладнето по локално време командата на ирачката армија го објави одвивањето на досегашниот тек на операцијата.

Според информативниот портал al-Sumaria, ирачките безбедносни сили се навлезени на периферијата од градот Хамданија, југоисточно од Мосул, каде што наводно џихадистите претрпеле тешко загуби во борци и штети во воена техника. Терористите на Исламската држава, наводно ги запалиле нафтените извори кај Хамданија, во обидот да го спречат напредувањето на ирачките сили и да се заштитат од воздушните удари.

Населбите Хамам Али и Намруд, јужно од Мосул, биле наводно исчистени од џихадистичките борци. Според ирачките медиуми, од почетокот на операцијата повеќе од 43 позиции на терористите биле уништени во интензивните воздушни удари од страна не ирачкото воздухопловство и меѓународната коалиција предводена од САД.

Ирачката армија успеала да ја врати контролата врз селото Кани Харами на линијата на фронтот кај Кавир, во југоисточниот дел од Мосул, неколку часа по почетокот на операцијата, изјавија извори од безбедносните сили. Здружените воени и полициски ирачки сили, исто така, ги ослободиле селата ал-Кадр и ал-Абас источно од Мосул по жестоки борби со џихадистите на Исламската држава. Ирачките сили напредувале шест километри во борбите во јужен Мосул, изјавил командантот на силите Шакир Џевдат.

Според прокурдската агенција Al-Forat New Agency, пешмергите – силите на ирачките Курди, освоиле девет села североисточни од Мосул на линијата на судирите кај местото Казер во понеделникот. Порталот Shafaq News претходно изјави дека пешмергите ги заземале селат Шаколи, ал-Бадана ал-Кобра и ал-Бадана ал-Сохра, источно од Мосул.

Командант на милициите на ирачките Курди во понеделникот соопштија дека повеќе од 4.000 пешмерги се дел од операциите за заземање на Мосул.

Милицијата Народни единици за мобилизација (PMU), познати под арапскиот назив ал-Хашед ал-Ша’аби, соопшти дека отвориле артилериски оган врз терористичките позиции во јужниот дел на Мосул, Силите на арапската милиција и на курдските пешмерги дејствуваат како поддршка на ирачката армија во последниот притисок од Мосул да биде истисната Исламската држава./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ54 минути

Остатоци од човечко тело најдени во кавадаречко Сопот

Во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во атар на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело, информираа...

Топ1 час

Полицијата ги најде децата кои тепаа малолетник во Струмица и го снимаа за на Тик Ток

Случајот во кој четворица малолетници насилно се однесувале кон малолетник во Струмица, а потоа настанот го објавиле на социјалната мрежа...

Македонија4 часа

Таен ринг за борби со кучиња разоткриен во битолско, заработувале од мачење животни

Грчки државјанин сопственик на куче, пит бул, косовски државјанин сопственик на куче од расата американски стафорд, како и двајца македонски...

Свет5 часа

(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати

Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку...

Свет5 часа

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана. – Во текот на...

Свет16 часа

САД ги укинаа санкциите против сирискиот претседател

САД денес ги укинаа санкциите врз сирискиот претседател Ахмед ал-Шариа, само неколку дена пред неговата средба со американскиот претседател Доналд...

Регион19 часа

(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб

Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба. Таму беа...

Свет19 часа

Министрите на Трамп: Обновливите извори на енергија се бескорисни, ЕУ треба да купува наша нафта

Глобалните инвестиции во обновлива енергија се покажаа како залудни и светот треба да се фокусира на сигурно снабдување со фосилни...

Европа20 часа

Германски министер: Дроновите во Белгија се порака да не се допираат замрзнатите руски средства

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес посочи врска помеѓу неодамнешните инциденти со беспилотни летала во Белгија и дебатата за...

Топ21 час

Кривична против полициски службеник од СВР Тетово: Ја заменил урината за да спаси син на колега кој бил уапсен за дрога

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија1 ден

За подарок од 50.000 евра, директорот на Платежната агенција му доделил на апликант финансиска помош од ИПАРД-програмата

Полицијата уапси пет лица, меѓу кои и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој во најновиот коруптивен...

Топ1 ден

Скопјанец репетирал пиштол во угостителски објект во Центар, кај него била пронајдена дрога

Скопјанец извадил пиштол и го репетирал во угостителски објект во Центар, а полицијата кај него пронајде и дрога. Според информациите...

Македонија1 ден

За најмногу шест месеци, од Зелениково до Центар за 25 минути ќе се патува со градскиот воз, сосе застанувања

Од Зелениково до централната железничка станица во Скопје со градскиот воз ќе се патува за 25 минути. Возот, кој ќе...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски за акцијата за чистење: Ова што вчера го почнавме не е маркетинг

Ова што вчера го почнавме не е маркетинг, туку да покажеме дека кога се сака – сè се може, вели...

Македонија1 ден

Турчин фатен со злато вредно половина милион денари на аеродром, Македонец од Лондон шверцувал уреди „епл“

Царински службеници и мобилни царински тимови запленија 92 грама златни плочки и монети, „Епл“ уреди, 37.500 евра, цигари, парфеми и...

Македонија1 ден

Откриен еден од убијците во Чашка, по вториот се трага – жртвата намамена, застрелана во главата и оставена покрај патот

Велешкото Обвинителство донесе Наредба за истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил соизвршител за убиство....

Свет1 ден

(Видео) Заплови „Фуџијан“, најновиот и најмоќен кинески носач на авиони

Најновиот кинески носач на авиони „Фуџијан“ официјално е пуштен во служба, што претставува значаен чекор во напорите на Пекинг да...

Македонија1 ден

„Влен“: Почна вистинското чистење на Скопје од ѓубрето и старата политика

По месеци на давење на градот во лоша миризба, ѓубре, запуштеност и пропаганда, од коалицијата „Влен“ велат дека почнало вистинското...

Регион1 ден

Албанија усвои закон за родова рамноправност по бурна расправа

Албанскиот парламент доцна синоќа го усвои Законот за родова рамноправност, по повеќечасовна и остра дебата. Законот беше изгласан со 77...

Свет1 ден

Сенатот ја блокира резолуцијата што ќе го спречеше Трамп да ја нападне Венецуела

Републиканците во американскиот Сенат ја блокираа резолуцијата што ќе му забранеше на претседателот Доналд Трамп да ја нападне Венецуела без...