Македонија
Катица Јанева не е и не била член на СДСМ

Катица Јанева ниту била, ниту е член на СДСМ, соопштија од оваа опозициска партија во сабота, по написите во некои медиуми, дека специјалната јавна обвинителка од 2004 година поседува партиска книшка од СДСМ.
„Центарот за лаги и манипулации на (лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола) Груевски се обидува да го теши чпенството кое се повеќе е нервозно и ја изуби довербата во фамилијата. За сите злодела, криминалнците од власта ќе одговораат“, додаваат од СДСМ.
Дека Катица Јанева не членува во ниедна партија потврдуваат и од Специјалното јавно обвинителство.
Партиската книшка која ја прикажа „Дневник“ е сосема нова што е неверојатно за документ изваден пред 12 години како што тврдат од медиумот. Очигледно е дека книшката е направена со фотомонтажа на кој се ставените датумот на раѓање на Јанева како и потписот на Бранко Црвенковски кој може да се пронајде на многу документи.
Инаку, Катица Јанева во 2004 година кога наводно е извадена партиската книшка, била обвинител и според законот не можела ниту да извади партиска книшка ниту пак да стане партиски член.
Јанева е на удар на власта уште од нејзиното поставување на функцијата, при што ја обвинуваат дека работи за СДСМ зошто постапувала само против членови на ВМРО-ДПМНЕ, кои се на власт десет години и за кој период се однесуваат снимените материјали по кои постапува СЈО./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд.
Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку места околу речното корито.
Ангажирана е механизација за санирање на штетата, а градоначалник на Студеничани, Азем Садики, објави дека забележана е материјална штета во дворовите од куќите кои се наоѓаат во близина на реката.
Засега, според градоначалникот, нема потреба од евакуација.
Фото: ТВ21/скриншот
Македонија
Тетово повика на јавна дебата за промена на имињата на улиците

Општина Тетово в петок, со почеток во 15:00 часот, организира јавна дебата за предлози за имиња на улиците.
„Ги повикуваме сите граѓани, здруженија, невладини организации и граѓанскиот сектор да учествуваат на оваа јавна дебата за именување на улиците“, велат од општината преку допис.
Додаваат дека секој предлог од граѓаните е важен и помага овој процес да биде инклузивен и успешен за граѓаните и градот Тетово.
Македонија
Тошковски: Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто, информира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите големи. Често се укажуваше на разлики во однос на некои сродни служби, а чувството на потценетост беше реално и оправдано. Ова зголемување не е доволно, но е еден од многуте чекори што ќе следат во насока на враќање на достоинството и угледот на полицаецот. Целта е јасна – да изградиме модерна, професионална и силна полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Продолжуваме понатаму кон обезбедување на подобри услови, поголема поддршка и вистинско вреднување на трудот што секојдневно се вложува“, напиша Тошковски во објавата на социјалните мрежи.