Свет
ОН го истражува гинењето на цивили во американски воздушни удари во Авганистан
Обединетите нации во неделата објавија дека го истражуваат инцидентот во кој се убиени повеќе од 30 цивили во американски воздушни удари врз талибанските милитанти во северен Авганистан претходнава седмица.
Мисијата на Обединетите нации за помош на Авганистан (UNAMA) тврди дека нападот во четвртокот во местото Буз Кандахари во близина на градот Кундуз загинале најмалку 32 луѓе, а 19 се ранети. Повеќето од жртвите се жени и деца.
Само минатата седмица во Авганистан загинале 96 цивили, а 111 се ранети, објавија Обединетите нации.
„Губењето животи на цивили е неприфатливо и ги поткопува обидите за градење на мир и стабилноста во Авганистан“, изјави Тадамичи Јамамото, претседател на UNAMA и специјален претставник на генералниот секретар на ОН во Авганистан.
„При изведувањето на воздушните операции меѓународните воени сили мора да ги преземат сите мерки за да ја намалат на најмала можна мера можноста за цивилни жртви, вклучувајќи и ја и целосната анализа на контекстот на воздушните удари, “соопшти Јамамото.
Американската армија во саботата призна дека во нивните напади веројатно имало цивилни жртви, и вети дека ќе спроведе истрага. Генералот Џон Николсон, врховниот американски командант во Авганистан, изрази длабоко жалење поради губењето на невини животи.
Американскиот воздушен напад е изведен по повик на група специјални авганистански сили и нивните американски советници на земјата, кои во текот на рација на наводни талибански команданти се нашле под жесток оган во борбите загинале три авганистански и двајца американски војници./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бебето кое исчезна од породилиштето во Виена е пронајдено мртво во корпа за ѓубре, уапсена мајката
Бебето кое исчезна вчера од болница во Виена утрово е пронајдено мртво во корпа за отпадоци во близина на болницата, пишуваат австриските медиуми.
Како што соопштија истражителите, доенчето било завиткано во најлонска кеса, а мајката (29) на еднонеделното бебе е уапсена.
Вчера медицинската сестра забележала дека бебето не е во собата, а не била ниту мајката, па била повикана полиција која веднаш почнала интензивна потрага.
Ги проверувале сите автомобили, дури и ранците на велосипедистите, а во потрагата учествувале и кучиња трагачи. Во текот на вечерта мајката била сослушана во полиција. Што им кажала се’ уште не е познато.
Сослушан е и наводниот татко на детето, чие татковство мајката не сакала да го признае, велат од полицијата. Тој не е осомничен за кривичното дело.
Свет
Министерство за одбрана на Русија: Сите бојни глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта
Руското Министерство за одбрана соопшти дека сите бојни глави на балистичката ракета со среден дострел „Орешник“ стигнале до украинскиот воено-индустриски комплекс во Днепро (поранешен Днепропетровск).
„На 21 ноември 2024 година, како одговор на употребата на американско и британско оружје со долг дострел против објекти на територијата на Руската Федерација, вооружените сили извршија комбиниран напад врз еден од објектите на воено-индустрискиот комплекс. Нападот беше успешно искористен со ненуклеарна хиперсонична опрема“, се наведува во соопштението.
Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот вечерта објави дека Украина употребила западно оружје со долг дострел против руската држава поради што регионалниот конфликт доби елементи на глобален.
Тој исто така рече дека еден од најновите руски ракетни системи со среден дострел, балистичката ракета „Орешник“, бил тестиран во борбени услови.
Свет
Песков: Русија покажа способност да одговори на акциите на Западот
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија покажала способност да одговори на акциите на Западот со употреба на балистички ракети и оцени дека американската администрација во заминување продолжува да го следи патот на ескалација на конфликтот во Украина.
„Гледаме дека администрацијата во заминување на американскиот претседател Џозеф Бајден претпочита да оди понатаму по патот на ескалацијата и тоа го прави со прилично непромислена ескалација“, им рече Песков на новинарите.
Според неговите зборови, рускиот претседател Владимир Путин бил и останува отворен за контакти во врска со решавањето на украинскиот конфликт и транзицијата кон мирен пат.