Македонија
На Балканот ќе се гради брза пруга до 2030 година
Изградба на железничка пруга која ќе биде со брзина од 110 km/h како и изградба на патишта на ниво на автопат или експресен пат до 2030 година во ЕУ и на Западен Балкан.
За ова станало збор на министерскиот состанок насловен како “Денови на Европските транспортни коридори”, што во понеделникот се одржа во Рига, на кој присуствуваше и македонскиот претседател Владо Мисајловски.
На состанокот на кој присуствуваат министрите за транспорт од земјите на Западен Балкан, се разговара за главната мрежа на Европски транспортни коридори во рамките на ЕУ и нејзино продолжување во земјите од Западен Балкан.
Целта е во ЕУ а исто така и во регионот на Западен Балкан, оваа основна мрежа да биде изградена до 2030 година со ткн“Тен-стандарди”. Овие стандарди опфаќаат изградба на железничка пруга која ќе биде со брзина од 110 километри на час како и изградба на патишта на ниво на автопат или експресен пат.
Министерот Владо Мисјловски ги претстави инфраструктурните проекти што ги реализира македонската влада за развој на Коридорот 8 и 10 како и унапредувањето на поврзаноста со регионот и земјите од Европската унија.
„Македонија влезе во еден инвестициски циклус во патната и железничката инфраструктура. Моментално на Коридорот 10 активно се работи на автопатот Демир Капија –Смоквица. Во меѓувреме се работи на реконструкција на автопатската делница Велес – Скопје (Катланово), а за кратко вреке ќе започне да се реконструира и делницата од Смоквица до Гевгелија со што ќе се добие еден модерен автопат кој претставува транзитна врска од север кон југ и обратно“, истакна Мисајловски.
Во делот на патната инфраструктура на Коридорот 8, министерот Мисајловски ги претстави и проектите за изградба на автопатот Кичево – Охрид, како и плановите за изградба на автопатска деланица од Гостивар до Кичево.
„За нас многу значен проект е изградбата на новата пруга кон Бугарија и кон Албанија. Со изградбата на оваа пруга, Република Македонија ќе добие железничко поврзување кон исток и кон запад, важен сегмент за регионалното поврзување“, рече Мисајловски.
На министерскиот состанок покрај министрите за транспорт на Македонија, Црна Гора, Албанија, Косово, Србија, БиХ и Бугарија, присуствуваше и Комесарката за транспорт на Европската Комисија, Виолета Булц. /крај/мф/ап
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

