Вести
Америка избира претседател, Хилари или Трамп
Во САД, во вторник, ќе се одржат претседателските избори, на кои 225 милиони Американци со право на глас ќе бираат помеѓу кандидатот на демократите Хилари Клинтон и републиканскиот кандидат Доналд Тамп.
Медиумите, повикувајќи се на анкетите, оценуваат, дека овие избори ќе бидат едни од најнеизвесните во историјата. Според најновата анкета на „Блумберг“ и институтот за истражување на јавното мислење „Селзер“, покажува дека Хилари Клинтон е во водство со три проценти пред Трамп.
Ова истражување покажаува дека за Клинтон би гласала 44 отсто од испитаниците, а 41 отсто поддршката би му ја дале на Трамп.
Меѓу останатите кандидати, либертаријанскиот кандидат Гери Џонсон има поддршка на четири отсто од испитаниците, а за кандидатот на Зелената партија Џил Стајн својот глас би го дале два отсто од испитаниците.
Предизборната кампања ја обележа беспоштедната борба на Хилари и Трамп и константините меѓусебни обвинувања за неспособност, но и аферата со истрагата на ФБИ против Клинтон, во врска со користењето на приватната електронска пошта.
Кампањата, исто така, ја обележаа спорните изјави на Трамп во врска со жените, бегалците, но и скандалот дека избегнувал да плаќа данок.
Предизборната кампања во САД внимателно се следеше низ светот, вклучувајќи го и Балканот. Земјите од овој дел на Европа, најмногу ги интересира што ќе значи изборот на Хилари или Трамп за Балканот.
Инаку, 225 милиони Американци гласаат во еден круг со секоја од 50-те сојузни држави и градот Вашингтон.
Победа во одредена држава одредува како ќе гласаат членовите на Електорскиот колегиум, тело кое го бира претседателот на САД.
Колегиумот има 538 членови, а сојузните држави во ова тело се застапени според бројот на жители.
Државата која има најмногу жители, Калифорнија, има најмногу електори (55), а следуваат Тексас (38), Њујорк и Флорида (по 29), додека ретконаселените држави Алјаска, Вермонт, Далавер, Вајоминг или Монтана имаат само по три електори.
Членовите на изборниот колегиум претседателот и потпретседателот го избираат на 19.декември, но тоа најчесто преставува само формалност.
Во речиси сите држави електорите ги добива кандидатот кој ќе освои поголем број на гласови, без оглед со која разлика ќе победи, исклучок се само државите Небраска и Мејн, каде електорите се делат според бројот на освоени гласови.
Ваквиот систем им оневозможува на кандидатите на третите опции да стигнат до Белата куќа.
Некои држави традиционално гласат за демократите, а други за републиканците, поради што кандидатите изборните кампањи ги форсираат во оние држави кои од избори до избори ја „менуваат страната“. Најважни меѓу овие држави се Флорида (29), Пенсилванија (20) и Охајо (18).
Претседателските избори започнаа во селото Диксвил Ноч во државата Њу Хемпшир, каде кандидатот на демократите Хилари Клинтон го победи својот противник Доналд Трамп со 4-2.
Според традицијата гласачите во селото Диквил Ноч гласаат први, веднаш по полноќ според локално време (6 часот по централноевропско време).
На изборите во САД се гласа на територија која е поделена во четири временски зони, а избирачките места се отвораат во 6 часот.
Биралиштата се затвораат во 19 часот по локално, односно 1 часот по централноевропско време. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.