Регион
Вучиќ за пронајденото оружје: Работите се посериозни отколку што очекувавме

Српскиот премиер Александар Вучиќ во интервју за РТС изјавил дека случајот со пронајденото оружје близу неговата семејна куќа е посериозен отколку што првично се очекувало. Како што вели, лично тој очекувал дека полицијата немало да пронајде ништо.
„Не сакам да кукам и да говорам за тоа. Пораснав на улица, не ми личи да делувам како мангуп на стари години, да се жалам и да глумам херој. Не ми паѓа на памет нештотакво“, рекол Вучиќ. Говорејќи пак за апсењето на српските државјани во Црна Гора, Вучиќ вели дека „ја говорел вистината која Србите не сакаат да ја слушнат, доколку не се согласуваат со неа“.
„Ги имав сите докази за Црна Гора, но моравме да премолчиме многу работи за да не се срушат соновите на многумина во оваа земја“, наведува Вучиќ, додавајќи дека тука говори за „механизми, луѓе и уште многу нешта“.
„Подобро да не говорам, но тоа е чисто како солза. Со свои очи видов и со свои уши слушнав што се подготвува за Црна Гора. Говорам за она што го најдовме и за што ги известивме надлежните органи“, истакнал Вучиќ за време на гостувањето во емисијата „Упитник“ на РТС.
Во однос на случајот со пронајденото оружје во близина на неговата семејна куќа во Јајинци, Вучиќ навел дека веднаш рекол оти нема докази дека се работи за атентат. „Не очекував дека полицијата ќе напредува, но вчера тие го направија тоа. Очекував дека нема да пронајдат ништо, но само будала би помислил дека оружјето е случајно оставено таму“, истакнал српскиот премиер.
„Ќе има одредени промени а нормално дека и јас ќе сносам последици“, рекол Вучиќ , индиректно најавувајќи дека веќе нема да биде на чело на Бирото за координација на службите за безбедност. Ова тело е задолжено за работата на сите служби, и воени и цивилни, како и нивното правовремено делување./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.