Македонија
Утрински весник ќе продолжи да излегува до петок, што ќе се случува понатаму е неизвесно

Менаџментот на „Медиа Принт Македонија“, компанијата која е сопственик на „Утрински весник“ им дала нова понуда на вработените во овој дневен весник, откако претходно им даде ултиматум да се избркаат десет новинари или да биде затворен весникот.
Косопственикот на МПМ, Јана Станисављевa, преку главната и одговорна уредничка на весникот, Соња Маџовска, им дала рок на вработените да одлучат кој од вработените сам ќе си оди или да најдат сами инвеститор кој би сакал да го купи весникот или евентуално реклами за весникот, велат вработени во весникот.
Новинарите и останатиот кадар од весникот останува на ставот дека ниту еден вработен нема да си оди и дека весникот мора да продолжи да излегува.
Засега е извесно само дека весникот ќе излегува до петок, но не се знае што ќе се случува понатаму и дали некој од вкупно 36-те вработени ќе биде отпуштен, дали весникот ќе биде затворен или, пак, ќе остане да се бори на медиумскиот пазар.
Новинарите на весникот денеска на прес-конференција го соопштија својот заеднички став дека никој нема да си оди од Утрински весник и дека менаџментот треба да мисли како ќе продолжи весникот да излегува.
Додека траеше пресот во исто време десетина новинари на весникот „Вест“ кои беа отпуштени летово, ја окупираа канцеларијата на еден од сопствениците на весникот, Срѓан Керим, барајќи си ги отпремнините што компанијата се обврза дека ќе им ги исплати кога ги избрка од работа како технолошки вишок./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Транспарент со натпис „Правда за Крешник“ поставен на автопатот Скопје – Гостивар

Транспарент на кој пишува „Правда за Крешник“ е испишан на македонски и албански јазик.
Тој е поставен на надвозник на автопатот Скопје-Тетово-Гостивар. Ова го објави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска.
„Да ги оставиме институциите да си ја завршат работата. Обвинителството и судот да работат по словото на законот.Правда за Кочани мора да има“, напиша Стојановска.
Бектеши стана осомничен за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, како поранешен министер за економија и му беше определен притвор од 30 дена.
Дискотеката во минтото работела со легална дозвола издадена од Економија, иако не исполнувала никакви услови.
Македонија
Во телефонот на Кешишев, Палевски бил запишан „царот“: „Го видов Палчо со пиштол и се слушна тап истрел“

По барање на одбраната на Влатко Кешишев, обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо беше отстранет од судницата оти му било страв да зборува пред него.
Кешишев потоа одговараше на прашањата на одбраната и обвинителството за случаите со грабнувањата и убиствата на Вања и Панче, тврдејќи не бил свесен за она што се случува.
Палевски му бил мемориран во телефонот како „Царот“. Потврди дека присуствувал на копањето на дупката во Велес, каде што беше пронајдено телото на Панче. Палевски го испратил да му помогне на Велибор Манев, па заедно ја копале дупката без да разговараат и без изустен збор се вратиле назад. Вели дека копале во близина на Велес, но не знаел за што се работи и мислел дека бараат злато. По некое време го прашал Манев за што е дупката, по што дознал дека е за киднапирање.
Сведочеше и дека кога се зборувало за грабнувања, никогаш не станало збор за убиства. Не ги познавал убиените, ниту пак, таткото на Вања. Тврди дека во моментот на убиството на Вања чувал стража. Бил оддалечен. Кога се светел, Палчо држел пиштол во раката, по што следел истрел, тапо пукање. Го викнале за да го закопаат телото, а исто како што сведочеше Манев, и Кешишев потврди дека Палчо потоа криел траги бришејќи ги лопатата и копачот. Алатот го фрлиле покрај патот.
Кешишев тврди и дека не видел кој и како го убил Панче, а откако дознал дека е мртов, не пријавил оти бил збунет и Палевски му забранил да ги напушти просториите на партијата.
Судењето продолжува в петок.
Македонија
Давкова благодарна до сите земји кои ни помогнаа по трагедијата, објави листа на државите кои пружија помош

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во име на македонските граѓани и во свое лично име, изразува најискрена благодарност до сите пријателски држави што во моментите на национална трагедија и шок, предизвикани од кочанската апокалипса, пружија и сè уште пружаат навремена и несебична помош, водени од принципите на солидарност и хуманост.
„Ангажманот на нивните медицински тимови, подготвеноста на авионите и хеликоптерите за итна интервенција, отворањето на здравствените установи за повредените граѓани, како и активирањето на европскиот механизам за цивилна заштита, испратија недвосмислена и силна порака дека во најтешките моменти не сме сами. Тие ја делеа болката со нас, а нивната грижа стана наш заеднички лек“, вели Давкова.
Во нејзината порака со благодарност се наведува дека ја почувствувавме силата на вистинското пријателство преку нивната присутност и поддршка, којашто ќе остане врежана во колективната меморија на нашиот народ.
Тажно е, додава Давкова, што низ болката и ненадоместливата загуба ја спознавме суштинската поврзаност со светот и длабокото чувство на припадност, нешто што не требаше да биде плод на трагедија. Од срце сме им благодарни, никогаш нема да ја заборавиме помошта од:
Република Србија
Република Бугарија
Република Турција
Хеленската Република
Кралството Шпанија
Република Австрија
Унгарија
Република Хрватска
Кралството Белгија
Италијанската Република
Република Литванија
Република Словенија
Кралството Шведска
Република Полска
Државата Израел
Република Чешка
Обединетото Кралство
Сојузна Република Германија
Големото Војводство Луксембург
Кралството Норвешка
Романија
Република Албанија
Босна и Херцеговина
Кралството Холандија
Република Финска
Француската Република
ЕУ