Контакт

Вести

Хилари и Бил Клинтон во 2015-та заработиле 10,6 млн долари

Објавено пред

Кандидатката на Демократската партија за ноемврискиот претседателски избори во САД, Хилари Клинтон во петокот ги објави приходите заедно со нејзиниот сопруг поранешниот американски претседател Бил Клинтон за минатата 2015 година кои покажуваат заработка од 10,6 милиони долари и го критикуваат републиканскиот противкандидат Доналд Трамп кој смета дека е доволно да ја запознае со таквите податоци изборната комисија.,

dobivaj vesti na viber

Брачната двојка Клинтон пријавила 10,6 милиони долари приходи за 2015 година,. Платиле 3,6 милиони долари сојузен данок, според документите објавени на онлајн страницата на Хилари Клинтон. Во текот на нивните политички кариери, Клинтонови од 1977 година го објавиле сите свои приходи од 1977 година, што е податок што демократите често го истакнуваат.

Главните извори на приходи за семејството Клинтон се платените предавања на Бил Клинтон од кои само во 2015 година заработил 5,2 милиони долари, како и заработката од последната книга на Хилари Клинтон за која издавачот „Simon & Shuster“ исплатил 3 милиони долари. Клинтонови подариле милион долари на хуманитарната фондација којашто го носи нивното име.

Меѓутоа, нема одговор на истрагата од мај на американското Федерално биро за истраги (FBI) која открила дека сопружниците Бил и Хилари Клинтон земале повеќе од 100 милиони долари од блискоисточни лидери.

Истрагата на новинската фондација Daily Caller открила вознемирувачки урнек според кој фондацијата „Клинтон“ влечела пари од режими кои имаат, благо речено, спорно досие на почитување на човековите права и кои не секогаш работат во интересите на САД. Згора на сé, споменатите 100 милиони долари не ги вклучуваат 30-те милиони долари добиени од две фондации со седиште на Блискиот исток и од четворица саудиски милијардери.

„Овие режими си купуваат пристап“, рече тогаш Патрик Пул, аналитичар на националната безбедност. „Тука ги имате Саудијците. Потоа ги имате Кувајќаните, па Оман и ОАЕ (Обединети арапски емирати). Тоа е масивен судир на интереси. Тоа е надвор од разумот.“

Во меѓувреме, поранешниот Главен обвинител на САД, Џозеф Е. Диџенова за Daily Caller изјави дека верува оти FBI има покренато и втора, можеби и уште посериозна истрага, за можна политичка корупција во која била вклучена и фондацијата „Клинтон“. Ова има потенцијал да стане исклучително експлозивно, со оглед на тоа дека се чини оти Клинтонови фондацијата ја користеле претежно за да си ги наполнат сопствените џепови.

Прашањето што го постави тогаш истражувачкиот новинарски конзорциум беше дали блискоисточните земји, богати со нафта, обемно ја дарувале фондацијата „Клинтон“ во обид да извршат влијание врз идната надворешна политика на САД? Исто така, под лупа беше ставено и деловното партнерство на Бил Клинтон со шеикот Мохамед бин Рашид ал-Мактум, авторитарниот владетел на Дубаи, кое траело од 2003 до 2008 година. Клинтон (Бил) во тој период зел 15 милиони долари во „загарантирани исплати“, како што покажале досиејата за тој настан.

Само во последните три години, веднаш по завршувањето на нејзиниот мандат како прв дипломат на САД, Хилари Клинтон одржала говори во 12-ина фирми од Волстрит (со многу длабоки џебови), при што вообичаено наплаќала по 250.000 долари. Сé на сé, таа наплатила вкупно околу 22 милиона долари од овие настапи.

Тим Кејн, кандидат на демократите за потпретседател ги објави своите приходи за последните десет години. Овој сенатор од сојузната држава Вирџинија заедно со сопругата Ен Холтон во 2015 година платил 20,3 отсто сојузни даноци.

Републиканските и демократските кандидати во последните девет претседателски кампањи, по Роналд Реган во 1980 година, редовно ги објавуваа своите приходи. Меѓутоа, Доналд Трамп одбива тоа да го стори и тврди дека тоа не му го овозможува фискалната контрола. Истакна дека на изборната комисија FEC во мај ѝ ја предал документацијата за својата финансиска транспарентност, која смета дека е доволна.

Меѓутоа, критичарите на Трамп, вклучително и неуспешниот републикански претседателски кандидат од 2012 година Мит Ромни, истакнуваат дека одбивањето на Трамп да ги објави во медиумите приходите и даноците поставуваат низа прашања за остварената нето добивка, за неговото работење и деловни врски, наводно и такви со Русија, пишува агенцијата Reuters.

На почетокот од август во интервјуто за телевизијата ABC на обвинувањата дека Трамп ја добива помошта од рускиот претседател Владимир Путин, со кого според Обама и демократската кандидатка Хилари Клинтон си разменуваат пофалби а непријатните хакирања и протекувања на писма им ги припишуваат на руските тајни служби како поддршка на републиканскиот кандидат, милијардерот рече дека со Русија немал никакви ниту деловни односи и оти не се познава со рускиот челник.

„Немам никакви односи со Путин, никогаш не сум се сретнал со него“, рече Трамп и додаде „Доколку нашата земја би можела да соработува со Русија, тоа би било многу убаво“.

Трамп негативно одговори на прашањето дали имал инвестиции или долгови во Русија. Притоа потсети дека пред околу пет години купил имот на Палм Бич, на Флорида за 40 милиони долари, и му го продал на Русин за 100 милиони долари. Но не го откри името на купувачот.

„Дали ќе му продадам куќа на Русин, доколку имам можност? Можеби. Јас се занимавам со тоа, имам многу имоти. Но немам никакви блиски врски со Русија“, истакна републиканскиот претседателски кандидат./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет49 минути

Сведоштво од Иран: „Војна е, нè убиваат затоа што немаат место во затворите“

Информациите од Иран се тешко достапни по петдневна блокада на комуникациите, но една млада жена која успеала да избега во...

Европа3 часа

(Фото) Макрон се појави пред војниците со црвено и отечено око

Емануел Макрон се појави со црвено око за време на неговото годишно обраќање пред француските војници. Тој се пошегува, користејќи...

Свет3 часа

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман испратија предупредување до Трамп

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман го повикаа американскиот претседател Доналд Трамп да не започнува воздушни напади врз Иран, стравувајќи...

Свет4 часа

(Видео) Кенеди за исхраната на Трамп: Не знам како е сè уште жив, јаде навистина лоша храна

Американскиот секретар за здравство и човечки услуги, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, се осврна на навиките за јадење на Доналд Трамп,...

Свет4 часа

Венецуела најавува „нова политика“ и отворање на нафтените полиња за странски инвеститори

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, во четвртокот претстави законодавна иницијатива насочена кон зајакнување на нафтената индустрија. Реформите ќе овозможат...

Свет4 часа

Нови израелски напади врз Газа: убиени членови на Хамас и Исламски џихад

Воен офицер на Хамас, полицаец од палестинското движење и милитант на Исламски џихад се меѓу најмалку десет лица убиени во...

Свет16 часа

Путин: Светот станува поопасен, ситуацијата на меѓународната сцена се влошува

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека меѓународната ситуација се влошила и дека светот станува поопасен, но не ја спомена...

Македонија19 часа

Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери

Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК),...

Македонија21 час

Поддршка за новиот закон, пасивното пушење е докажана причина за сериозни болести, велат од Институтот за медицина на трудот

Институтот за медицина на трудот на РСМ, СЗО Колаборативен центар, како водечка јавно-здравствена установа во оваа област, изразува целосна и...

Македонија22 часа

ИЈЗ: Нема потреба од продолжување на зимскиот распуст, грипот на ниво на средна активност

Во втората недела од 2026 година, состојбата со грипот во земјава се наоѓа на ниво на средна активност, со зголемен...

Македонија22 часа

Муцунски: Одлуката на САД не значи крај за туристичките визи и „Ворк енд травел“ програмата

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, појасни што значи одлуката на САД за стопирање на процесот на издавање на визи....

Топ23 часа

Двомесечно бебе почина во болницата во Кавадарци, телото е предадено на обдукција

Синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21:35 часот на детското одделение во Општа болница Кавадарци починало бебе на...

Македонија23 часа

„За почиста Македонија“ со петиција до Владата: казни и за фрлање отпад од автомобилите преку „Сејф сити“

Организацијата „За почиста Македонија“ собра 1.000 потписи за петицијата со која се бара системот за сообраќајни прекршоци „Сејф сити“ да...

Македонија1 ден

Фирма фатена на дело – нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки, Царинската управа поднесе кривична пријава против две лица

Царински инспектори од Одделението за истраги, во координирана акција со МВР, УЈП, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен инспекторат, извршија...

Свет1 ден

Израел и Иран постигнаа таен договор преку Русија

Во услови на високи тензии, Израел и Иран тајно разменија пораки, со посредство на Русија, уверувајќи се едни со други...

Свет1 ден

Иранско судство: Демонстрантот Ерфан Солтани не е осуден на смрт

Иранското судство ги негираше извештаите дека демонстрантот Ерфан Солтани е осуден на смрт, објавија иранските државни медиуми. Солтани претходно беше...

Свет1 ден

Егзекуцијата на иранскиот демонстрант Ерфан Солтани е одложена, велат семејството и групата за човекови права

Егзекуцијата на иранскиот демонстрант Ерфан Солтани не е извршена вчера, потврдија член на семејството и Хенгав, група за човекови права...

Свет1 ден

Неколку земји издадоа предупредувања до своите граѓани веднаш да го напуштат Иран

Неколку земји издадоа предупредувања до своите граѓани да избегнуваат патувања во Иран или веднаш да ја напуштат земјата поради задушувањето...

Свет1 ден

Трамп: Зеленски е главната пречка за постигнување договор

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата изјави дека лидерот на иранската опозиција Реза Пахлави „изгледа многу пристојно“, но изрази неизвесност...

Македонија2 дена

Грипот ја однесе првата жртва: почина 75-годишна жена

Вирусот на грипот ја однесе првата жртва оваа зима. Седумдесет и петгодишна жена починала пред три дена на Клиниката за...