Црна хроника
Навивачи му скршиле стаклено шише на редар од главата

Десетина навивачи нападнале седумнаесетгодишен скопјанец кој бил редар на фудбалскиот натпревар Работнички – Вардар којшто се одржуваше во четвртокот на градскиот стадион „Филип Втори“ во Скопје.
Скопјанецот заедно со неговиот другар по натпреварот околу 18 часот го напуштиле стадионот и тргнале кон салата на кошаркарски клуб Работнички. На влезот од салата забележале околу 10-ина лица од навивачка група кои почнале вербално да ги навредуваат. Момчето заедно со другарот влегле во возило управувано од нивен роднина.Еден од навивачите го удрил возачот од возилото. Момчето излегло од возилото за да избега, но бил физички нападнат и со стаклено шише го удриле по главата. Истиот е пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде му се констатирани телесни повреди и е пуштен на домашно лекување. Се преземаат мерки за откривање на сторителите./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.