Вести
Челникот на Хезболах се согласува со Трамп дека Обама може да се смета за основач на IS
Републиканскиот кандидат за американски претседател Донланд Трамп е во право кога актуелниот американски претседател Барак Обама го нарекува основач на илтрарадикалната сунтиска организација Исламска држава (IS), смета челникот на либанското шиитско движење Хезболах, Хасан Нусрала чиишто борци се борат на страната на сириската влада на претседателот Башар ал-Асад, пренесува во неделата агенцијата Bloomberg.
„Постојат факти кои ги потврдуваат изјавите на кандидатот на Републиканската партија. Дали е можно да се замисли дека САД не знаат кој стои зад криумчарењето пари и оружје за терористите во Сирија и во Ирак?“, реторички прашал шиитскиот политичар Хасан Нусрала, во изјавата од саботата по повод десетгодишнината од завршување на конфликтот во јужен Либан.
Претходно во телевизиското обраќање преку станицата al-Manar, Насрула изјави и дека терористичките џихадистички организации Исламска држава и Џебхат ан-Нусра (сириското крило на Ал Каеда кое од неодамна се преименува во Џебхат Фатх аш-Шам, кое се бори со сунитските сириски бунтовници поддржани од Западот –з.р.) и другите радикали „биле вооружени и обучувани од САД од средства од буџетите на арапските монархии“.
„САД се мајсторот за водење војни со туѓи раце. И во моментов администрацијата на Обама сака во предизборен интерес да ги искористи поразите на Исламската држава во Рака и Мосул“, истакна челникот на либански Хезболах.
Претходно во четвртокот во интервју за американската телевизиска мрежа CNBC, Трамп изјави дека Обама „беспоговорно е основачот на Исламската држава, имајќи го предвид начинот на кој тој ги повлече нашите војски“, алудирајќи на одлуката на американскиот претседател за повлекувањето на американските сили од Ирак по што следеше брзиот подем на радикалните сунитски групи во оваа земја, во прв ред на Исламската држава.
Републиканскиот кандидат ова обвинување го повтори и за време на говорот во Мајами Бич, на Флорида. „Нашето раководство не ни осигурува соодветна заштита. Тоа ѝ ги одврза рацете на Исламската држава. Според мене претседателот Обама и Хилари Клинтон (поранешната државна секретарка која е негов противкандидат од демократите на изборите на 8-ми ноември з.-р.) основачи на Исламската држава“, рече Трамп./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.