Контакт

Вести

Црн полицаец го убил осомничениот афроамериканец во Милвоки, 17 уапсени

Објавено пред

Полицаецот кој во американскиот град Милвоки, во сојузната држава Висконсин, смртно застрела осомничен афроамериканец, и самиот бил црнец, 24-годишник кој околу шест години бил на служба, пренесува агенцијата Associated Pressво неделата повикувајќи се на портпаролот на полицијата Едвард Флин. 

dobivaj vesti na viber

Инцидентот кој предизвика судири меѓу полицијата и гневната толпа од локални жители се одигра во саботата. Полициските офицери запреле автомобил со две осомничени лица, кои излегле од автомобилот и почнале да бегаат.

За време на гонењето еден од полицајците застрела 23-годишен маж идентификуван како Силвел Ки Смит, кој држел во рацете полуавтоматски пиштол. Градоначалникот на Милвоки, Том Барет изјави дека снимките од надзорната камера на полицаецот потврдуваат присуство на оружје кај младиот човек за време на инцидентот. Во соопштението на полицијата на Милвоки не беше прецизно наведено дали осомничениот кој е убиен истрелал или само го вперил пиштолот кон полицајците..

Полицијата не ја соопшти ниту точната причина поради која полицајците го сопреле автомобилот, но соопшти дека возилото „се движело сомнително“. За убиениот објави дека бил повеќекратно уапсен за кривични дела и имал долго полициско досие, а по градот се возел со наполнет украден пиштол и 500 куршуми кога полицијата го извлекла од возилото. Вториот осомничен, кој се обидел да побегне, набрзо е приведен.

По пукањето во делот од Милвоки каде што живее мнозинско афроамериканско население, еден од најсиромашните и најкриминогени квартови Шерман парк, демонстрантите започнаа да пукаат во воздух и да фрлаат камења врз полицајците, од кои четворица се повредени, кои се обидувале да ги растераат стотината насилни.

Демонстрантите запалија едно полициско возило, подметнале пожар на бензинска црпка и на уште најмалку три места, пишуваат локалните медиуми. Претставникот на градската управа на Милвоки, Алдерман Ашанти Хамилтон, на прес-конференцијата изјави дека во градот настана хаос и повика на смирување, пренесува Reuters.

Во неделата за новинарите началникот на локалната полиција Едвард Флин, изјави дека 17 лица се уапсени во врска со безредијата од претходната ноќ. Медиумите јавуваат дека тензиите во Шерман парк се значително помали отколку претходната ноќ, но сепак забележливо е големо присуство на полицијата, а градските власти не исклучиле можност да воведат вонредна состојба, а Националната гарда е во состојба на зголемена приправност.

Овие протести се во низата демонстрации кои често се организираат последните години низ САД по полициските убиства на црнци во Балтимор и Фергусон. Незадоволството од полициската бруталност резултираше и со формирање на движењето на „ Black Lives Matter“ (И животите на црнците вредат), но и на одмазнички напади во кои во два случаја, во Батон Руж и во Детроит, беа убиени вкупно осум полицајци./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија48 минути

Претседателката со остри критики: По толку бели линии апсурдно е да се зборува за црвени линии, ние и референдумски резултат не почитувавме

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова вели дека не го разбира предлогот на СДСМ за изготвување резолуција со црвени линии. Таа...

Свет1 час

Мерц: Путин е најголемиот воен злосторник на денешницата

Кремљ денеска соопшти дека ставовите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за мировните преговори за Украина треба да се игнорираат откога...

Македонија2 часа

(Видео) Петрушевски: Коцевски е главната карика во синџирот на СДС за прислушувањето на Мицкоски, на новинари и на бизнисмени

СДС го прислушкувале претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени за да се одржат на власт, ги користeле службите за партиски цели,...

Македонија2 часа

(Видео) Кузеска: Итна декласификација за случајот со АНБ

СДСМ бара итна декласификација на целата документација поврзана со случајот што власта се обиде да го претстави како наводна афера...

Македонија4 часа

Пожарот кај Вардариште е ставен под контрола, ЦУК извести дека нема активни пожари

Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска на територија на државата регистрирани се вкупно 18 пожари на отворен простор,...

Македонија4 часа

Георгиев до ЕУ: Не е можно да се промени договорениот европски консензус, очекуваме РСМ да ги исполни своите обврски

Не е можно да се промени договорениот европски консензус или која било од неговите компоненти. Бугарија очекува соседната земја да...

Топ5 часа

Германец фатен со дрога на Табановце: во неговото возило пронајдени пакувања со марихуана

Вчера вечер во 20:25 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 46-годишниот...

Македонија6 часа

„Дали службите за безбедност и разузнавање под водство на кадри на СДС го следеле и прислушувале Мицкоски со знаење на обвинителот Коцевски“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Злоупотребата на институциите во партиски и политички цели веќе е видено сценарио од СДС, поинаку тие и не знаат. Разликата...

Македонија6 часа

Филипче: СДСМ бара итна декласификација на документите од случајот со АНБ

СДСМ бара итна декласификација на целата документација од случајот кој власта во јавноста го презентираше како афера за прислушкување, наведува...

Свет7 часа

Трамп му пиша на Шји: Големи поздрави до Путин и Ким, со кои се заговоривте против нас

Додека во Пекинг се одржуваше голема воена парада, каде што Кина презентира ново оружје, американскиот претседател Доналд Трамп објави порака...

Европа7 часа

Лавров: Шефовите на делегациите беа во контакт, очекувам преговорите со Украина да продолжат

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека Москва очекува преговорите меѓу Русија и Украина да продолжат, но...

Свет8 часа

(Фото) Демонстрација на сила во Пекинг, Кина покажа ново оружје, Шји порача: Незапирливи сме

Кина претстави низа нови оружја, вклучувајќи балистички ракети на нуклеарен погон, ласери и џиновски подводни дронови, на големата воена парада...

Европа8 часа

(Видео) Големо невреме во Трст: поплавени улици, водата ги носеше автомобилите

Големо невреме со грмотевици го погоди Трст вчера вечер, околу 19 часот. За само неколку минути, наврнаа приближно 40 милиметри...

Европа8 часа

Фицо по средбата со Путин: Имам неколку пораки за Зеленски

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека по средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Кина, имал „неколку заклучоци и пораки“...

Македонија18 часа

„Вардариште е канцер“ – граѓаните утре повторно на протест во Ново Лисиче

И вечерва, како и во претходните денови, жителите на Ново Лисиче и Аеродром се жалат дека се чувствува мирис на...

Македонија21 час

Ахмети: Да сакавме да ја поделиме Македонија, тоа ќе го сторевме во 2001 година

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, од партиски собир во Чаир порача дека тврдењата оти Албанците сакаат да ја поделат Македонија...

Македонија22 часа

Родители протестираат за бесплатен превоз за средношколците наместо поскапо сместување во дом, МОН смета дека решениeто е во интерес на учениците

Законското решение кое го регулира превозот на учениците е ново, заеднички изработено со сите засегнати чинители и претставува одговор на...

Македонија24 часа

Обвинителство: Детално ќе ги испитаме наводите за нелегално прислушување

Јавното обвинителство нема никаква можност за незаконско следење на комуникациите, велат од Јавното обвинителство. Од таму додаваат дека Обвинителството единствено...

Македонија1 ден

Напаѓачот на Арсовска доби казна од две години затвор

Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која напаѓачот на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, е осуден на две години...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче за случајот АНБ: Наместо лов на вештерки, темелна истрага и декласификација

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денес одговори на прашањето во врска со наводите за следење на премиерот и други функционери,...