Забава
Затворена истрагата за “навредливо однесување“ на Бред Пит
Истрагата за тоа дали актерот Бред Пит бил навредлив кон неговиот син во септември заврши без утврдување на престап, објавија американските медиуми.
Социјалните работници во Лос Анџелес ги испитуваа тврдењата дека Пит го удрил 15-годишниот син Медокс за време на лет во приватен авион.
Неговата сопруга Анџелина Џоли поднесе барање за развод еден ден по наводниот инцидент. Тие беа во брак две години, но живееја заедно повеќе од една деценија.
Бред Пит бара заедничко старателство на нивните шест деца.
Портпаролот на Министерството за деца и семејни услуги во Лос Анџелес изјави дека агенцијата не може да потврди дали Пит е предмет на истрга.
Џоли како причина наведе “ненадминливи разлики” кога поднесе барање за ставање крај на бракот на 19 септември. /крај/мф/вс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Анџелина Џоли објасни зошто нејзините деца водат многу приватен живот
Холивудската актерка Анџелина Џоли (49) гостуваше во популарната емисија Добро утро Америка. Таму таа откри зошто нејзините деца, кои ги посвоила и ги родила за време на врската и бракот со Бред Пит, живеат далеку од очите на јавноста.
„Ниту едно од моите деца не сака да биде пред камера во моментов. Тие се прилично приватни. Не се родени со приватност, нели? Се надевам дека ќе можат да ја имаат кога ќе пораснат“, рекла актерката.
Забава
„Се чувствуваше искористено“: поранешната сопруга на Бен Афлек ја ограничи комуникацијата со Џеј Ло
Џенифер Лопез и Бен Афлек неодамна се разведоа по две години брак, а во тешките моменти актерот имаше голема поддршка од неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер. Пред самиот развод, Гарнер наводно ја презела улогата на некој вид „брачен советник“, помагајќи не само на Афлек туку и на Лопез да ги надминат своите проблеми.
Сепак, Гарнер одлучи да ја ограничи комуникацијата со Џенифер Лопез исклучиво на ситуации поврзани со нивните деца. Блиски извори тврдат дека за време на процесот на развод се чувствувала искористена и како да е „посредник“ во туѓ брак, што емоционално ја исцрпувало.
Затоа решила да се дистанцира од Лопез и да се фокусира на семејството, пишува Дејли Мејл.
„Џенифер повеќе не сака да комуницира со Џеј Ло, освен ако не се вклучени децата. Пријателите сметаат дека таа си дозволила премногу да се вклучи во обидот да го спаси нивниот брак, особено затоа што понекогаш се чувствувала како да се натпреварува со Џеј Ло. Гарнер искрено сакаше да помогне, но сега сака да ја ограничи таа улога“, открил извор за Дејли Мејл.
И покрај дистанцата, Гарнер не кажа ништо негативно за Лопез. Изворите велат дека ако Лопез сака да поминува време со децата на Афлек и Гарнер, со кои е блиска, мора да се справи со Гарнер.
Забава
(Видео) Синот на Илон Маск откри како се изговара неговото име (X Æ A-12), ги остави луѓето зачудени
Милијардерот Илон Маск, кој го привлече вниманието со поддршката на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, е татко на дури 12 деца, а едно од нив има необично име.
Маск и неговата тогашна девојка, пејачката Грајмс, го објавија името на нивниот син X Æ A-12 во 2020 година, изненадувајќи многумина. На почетокот на месецов Маск даде интервју со Такер Карлсон, а во еден момент неговиот син упадна во кадарот и седна во скутот на својот татко.
Маск се насмевна и рече дека четиригодишното момче е негова мини верзија и додаде дека неговиот син го комплетира. Кога Карлсон го праша како се вика, X Æ A-12 го кажа неговото име и ги остави луѓето во чудо.