Регион
Ѓукановиќ: Опозицискиот Демократски фронт соработува со терористи
Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ во средата изјави дека планирањето на терористичките акции во Подгорица не се случувало без знаењето на одредени високи политички адреси на опозициската сцена и додаде дека на активностите на опозицискиот Демократски фронт (ДФ) гледа како на учество во подготовката за неговото убиство и одземањето на независноста на Црна Гора, пренесуваат тамошните медиуми.
„Не верувам дека некој од странство одлучил да ја чести опозицијата во Црна Гора со власт, а тие ништо не знаеле за тоа. Дури и кога би поверувале во тоа, тешко ни е ова сценарио да не го поврземе во врска со сето она што лидерите на ДФ го порачуваа во континуитет“, изјавил Ѓукановиќ во интервју за телевизијата Пинк М.
Црногорскиот премиер и се заблагодарил на Србија, а особено на српскиот премиер Александар Вучиќ поради несебичното залагање во откривањето на организацијата која го подготвувала терористичкиот акт во Црна Гора и оценил дека што се однесува до него, нема никакви сомнежни да постојат одредени високи политички адреси на опозициската сцена кои биле дел од тоа сценарио и каде секој имал одредена задача.
Обвинителството, потсетува Ѓукановиќ, најавило дека истрагата ќе продолжи и дека ќе има обвиненија, а потоа е логично врз основа на овие обвиненија да има и судски процес. „Црна Гора се зафати со планираниот терористички напад и мора тој процес да го доведе до крај. Нема никакви сомнежи дека одреден број од актерите од овој процес ќе мора да одлежат затвор поради тоа што се обидоа да го направат во Црна Гора“, рекол актуелниот црногорскиот премиер, додавајќи дека очекува новата влада, на чело со Душко Марковиќ, да биде формирана за неколку недели./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.

