Македонија
Спроведување на Целите за одржлив равој на ОН – „Никој не смее да биде запоставен“
Што треба да направи Македонија во наредните 15 години за да ја искорени сиромаштијата и да обезбеди пристоен живот за сите граѓани, е еден од клучните предизвици на кој се фокусира работилницате за усогласување на Целите за одржлив развој на Обединетите нации со македонските национални стратегии.
Крајните придобивки од усогласувањето на Целите ќе бидат подигнување на животниот стандард, побрз економски развој, подобрување на образовниот и здравствениот систем, на патната и комуналната инфраструктура, добро владеење, зајакнување на институциите, заштита на природните ресурси,…
Целите, пак, вкупно 17, се усвоени на јубилејното 70. Генерално собрание на ОН, од сите 193 земји-членки на ОН, меѓу кои и Македонија, под мотото „Никој не смее да биде запоставен“, а предвидуваат сериозна агенда против сиромаштијата, нееднаквоста и климатските промени на глобално ниво.
„Одржливиот развој е долг и комплексен процес за чија реализација се потребни и големи финансиски вложувања. Сите активности што ги презема Владата се насочени кон надминување на предизвиците во социјалната, економската и еколошката сфера како носечки столбови на одржливиот развој“, рече вицепремиерот и национален координатор на процесот за одржлив развој Владимир Пешевски.
Преку имплементацијата на стратешките документи, додаде Пешевски, Владата се стреми кон воспоставување општество засновано на знаења и политики кои истовремено ќе овозможат економски раст и развој, успешно прилагодување на стопанството кон климатските промени, зголемување на вработеноста, задржување на макроекономската стабилност, рационално искористување на ресурсите и заштита на животната средина со единствена цел – подобрување на животниот стандард и обезбедување просперитетна иднина за сите граѓани.
Координаторот на Обединетите нации во земјава Лујза Винтон оцени дека македонските национални стратегии се генерално добро усогласени со Целите за одржлив развој, а тоа значи, како што нагласи, дека земјата нема да почне од почеток.
„Сепак, некои стратегии се уште не се спроведени. Постојат сериозни предизвици за усогласување и можности за сериозен напредок“, речеВинтон.
Целите за одржлив развој се практично т.н. Агенда 2030 која, како што се обврзаа земјите-членки на ОН, треба да се спроведе до 2030 година. Во неа, покрај 17-те цели, се содржани и уште 169 таргети, како и 230 индикатори.
Македонија и Обединетите нации дополнително ја потпишаа и новата Стратегија „Партнерство за одржлив развој 2016-2020“, што е уште еден чекор напред кон усогласување на Целите./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Бутел утре без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
(Видео) Се уриваат дискотеките во Градски парк, ќе се гради нов Луна парк
Старите дискотеки во Градскиот парк во Скопје ќе бидат урнати, а на нивно место ќе се изгради нов Луна парк, најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Уривањето на дискотеките и расчистувањето на просторот веќе е започнато, а нема најава кога ќе почне изградбата на новиот Луна Парк.
Ѓорѓиевски објави видео на кое, како што вели, се отстрануваат старите бесправно изградени дискотеки, со што локацијата се подготвува за реализација на проектот – изградба на Луна паркот во Скопје.
„Ред мора да има! Се расчистува просторот за изградба на луна паркот. Старите бесправно изградени дискотеки во Градскиот парк заминуваат во историјата. Како што ветив, најдоброто за Скопје“, напиша тој.
Македонија
АХВ нема да постапува по анонимно поднесени претставки
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира физичките и правните лица дека согласно член 62 став 3 од новиот Закон за инспекциски надзор, кој е во сила од 01.01.2026 година, инспекциските служби на АХВ нема да постапуваат по анонимно поднесени иницијативи за спроведување на инспекциски надзор за прашања од делокруг на работењето на институцијата.
Постапувањето по иницијативите кои се уредно поднесени ќе се реализира согласно Процедурата за постапување по иницијативи за инспекциски надзор на АХВ.
Иницијативата може да се поднесе директно до АХВ преку контакт формата Поднесете претставка објавена на интернет страната на Агенцијата, електронски на [email protected], [email protected], како и лично во секоја подрачна единица на АХВ, на соодветен образец за поднесување иницијативи.
„Иницијативата задолжително треба да содржи назив на инспекцијата до која се поднесува, име, презиме и адреса на подносителот, односно, назив и седиште на правното лице, законски застапник или полномошник доколку го има, краток опис на повредата и назначување на субјектот кај кој се бара вршење на инспекциски надзор.
Доколку поднесената иницијатива е нецелосна или нејасна, таа ќе се врати до подносителот кој треба да ја прецизира/дополни во рок кој не подолг од 7 дена. Доколку подносителот не ја дополни иницијативата во определениот рок ќе се смета дека истата е повлечена“, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.

