Економија
Во Македонија зголемен бројот на возила на гас
Во Македонија само 11.620 возила се на плински уред, а другите 226.513 се со бензински мотор, додека 203.643 се со дизел гориво а има 63 електрични возила, покажуваат официјалните податоци, но наспроти тоа неофицијалните податоци зборуваат за зголемување на бројот возила иако неофицијалните податоци говорат за зголемување на бројот возила со вграден автогасен уред.
Сепак, според фирмите што работат на вградување на ваквите уреди на гас, бројката возила што користат плин е двојно поголема од таа што евидентирана и се проценува дека нивната бројка е околу 25.000 вакви возила. Разликата е во тоа што голем број од возилата не се пријавени, возат без соодветен документ атест за вградениот уред.
Плинскиот уред може да се вгради во секое возила со ОТО мотор (со погон на бензин). Цените на плинскиот уред зависат од марката и од типот на возилото. Генерално цените се движат од 300 евра до 1.400 евра.
Бидејќи, гасот се добива од нафтата, што значи дека со растот на цената на нафтата, ќе расте и цената на плинот. Сепак, сигурно е дека цената на плинот секогаш ќе биде за 50 отсто поефтина од таа на бензинот, така што за исплатлива се смета инвестицијата во плинската инсталација во возилото.
Од електричните автомобили, пак, во Македонија се возат „Cinquecento“ од фирмата „Giza“. Максималната сила е 5 Kw со максимална брзина од 70 km/h, што за градските услови е сосема довонолно.
Другиот вид на електричен автомобил во Македонија е „Daewoo Matiz EV“, конструиран од фирмата „Anima“. Максималната брзина е околу 90-100 km/h. Батерии се полнат 5,5 -6 часа и со едно полнење може да помине околу 50 км.
Засега проблемот во Македонија се немањето станици за полнење на електричните автомобили, за во иднина се најавени субвенции и олеснување./крај/мф/вп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.
Економија
Биткоинот забележа силен пад
Цената на биткоинот денеска падна под 67.000 долари, првпат од ноември 2023 година, во услови на засилена распродажба и намалена доверба кај инвеститорите, објави Си-Ен-Би-Си.
Биткоинот се тргуваше по цена од околу 67.500 долари, откако претходно во текот на денот падна под психолошката граница од 70.000 долари, што дополнително ја засили распродажбата. Само оваа недела вредноста на криптовалутата е намалена за околу 20%, а во однос на рекордното ниво од октомври минатата година е пониска за речиси 47%.
Аналитичарите предупредуваат дека нивото од 70.000 долари претставува клучна техничка и психолошка граница и дека нејзиното пробивање отвора простор за понатамошен пад, потенцијално кон опсегот од 60.000 до 65.000 долари.
Падот на биткоинот се случува паралелно со слабеењето на технолошките акции во САД и зголемените присилни ликвидации на криптопазарот. Според податоци на Coinglass, оваа недела се ликвидирани повеќе од 2 милијарди долари во долги и кратки позиции.
Во исто време, институционалните инвеститори се повлекуваат. Аналитичката куќа CryptoQuant наведува дека побарувачката од институционални инвеститори значително се намалила. Другите криптовалути исто така бележат значителни загуби.
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

