Свет
Заработката на Нокиа намалена за 10 пати
Чистата заработка на финската компанија „Нокиа“ во првото тримесечие од годинава е намалена за десет пати во однос на истиот период лани
Чистата заработка на финската компанија „Нокиа“ во првото тримесечие од годинава е намалена за десет пати во однос на истиот период лани.
Компанијата соопшти дека нето заработувачката за периодот од јануари до март годинава, достигнала 122 милиони евра, наспроти 1,222 милијарди евра истиот период 2008.
Согласно ова „Нокиа“ бележи пад на приходите од 2 проценти.
Бројот на продадени телефони од оваа компанија во првото тромесечие се намалил за19,3 проценти. /крај/бг/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Над 30 луѓе загинаа во судир на камион и автобус во Бразил
Над 30 луѓе загинаа во судир на камион и автобус во Бразил, соопштија пожарникарите.
По завршувањето на расчистувањето на местото на несреќата од главниот автопат во близина на градот Теофило Отони во државата Минас Жераис, државната противпожарна служба процени дека бројот на загинати е меѓу 32 и 35, меѓу кои и најмалку едно дете.
Останува непознат точниот број на загинати поради состојбата на телата кои изгореле до непрепознатливост.
Официјални лица од пожарникарите велат дека ќе биде потребна форензичка истрага за да се утврди причината за несреќата, бидејќи изјавите на сведоците се разликуваат.
Пожарникарите првично известија дека автобусот, во кој се превезувале 45 патници, му се дупнала гумата, поради што возачот изгубил контрола над возилото пред да се судри со камион што доаѓал на патот што го поврзува густо населениот југоисток на Бразил со посиромашниот североисток.
Меѓутоа, очевидци известија и дека гранит блок што го превезувал камионот се откинал, паднал на патот и предизвикал судир со автобусот.
Автобусот тргнал од Сао Паоло и се упатил кон државата Баија.
Пожарникарите соопштија дека од урнатиот автобус спасиле 13 патници.
Несреќата ја преживеале тројца патници во автомобил кој исто така излетал и се заглавил под камионот.
Свет
Трамп сака членките на НАТО да трошат пет отсто од својот БДП за одбрана
Тимот на Доналд Трамп им кажа на европските претставници дека новиот американски претседател ќе бара од земјите-членки на НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана на пет отсто од БДП, но планира да продолжи да дава воена помош за Украина, пишува Фајненшл тајмс.
Најблиските соработници на новоизбраниот американски претседател за надворешна политика ги споделија неговите намери во разговорите со високи европски претставници овој месец, според извори информирани за разговорите.
За време на неговата кампања за Белата куќа, Трамп вети дека ќе ја прекине помошта за Украина, ќе го принуди Киев на итни мировни преговори и ќе ги остави сојузниците на НАТО без одбрана доколку не трошат доволно за одбрана, се вели во текстот.
Но, како поттик за сојузниците кои се загрижени за тоа колку добро ќе можат да ја поддржат и заштитат Украина без поддршката на Вашингтон, Трамп сега има намера да ја задржи постојната американска воена помош за Киев по неговата инаугурација, според три други лица информирани за разговорите со западните претставници.
Во исто време, Трамп ќе побара од НАТО да ја удвои својата цел за трошење од два отсто од БДП, која моментално ја исполнуваат само 23 од 32 членки на алијансата, изјавија две лица запознаени со разговорите.
Еден извор рече дека Трамп најверојатно ќе биде задоволен со распределба од 3,5 проценти и дека планира експлицитно да ги поврзе повисоките трошоци за одбраната и понудата за поповолни трговски услови со САД.
Сојузниците на НАТО веќе разговараат за зголемување на распределбата на три проценти, но многу главни градови се загрижени поради тешките фискални одлуки што би ги барале.
Според Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа, САД ќе потрошат околу 3,1 отсто од БДП за одбрана во 2024 година. Во последната година од првото претседателствување на Трамп во 2020 година, трошоците на Пентагон достигнаа 3,4 отсто.
Најблиску до неофицијалната цел од пет проценти, според досегашните податоци објавени во табелата на ФТ, чиј извор е НАТО, е Полска, која издвојува повеќе од четири проценти од БДП за одбраната, додека следна според распределбата на одбраната е Естонија со околу 3,5 отсто, потоа САД.
Членовите кои сè уште не ги достигнале ни одамна воспоставените два отсто се Хрватска, Португалија, Италија, Канада, Белгија, Луксембург и Словенија и Шпанија, кои се на дното на табелата.
Европа
Орбан: Одложете ја одлуката за продолжување на санкциите против Русија до инаугурацијата на Трамп
Унгарскиот премиер Виктор Орбан на самитот на Европската унија во Брисел изјави дека „се уште треба да размислува“ за продолжување на санкциите против Русија, кои истекуваат на крајот на јануари, објави денеска „Еуроњуз“ на унгарски јазик.
Орбан им порача на другите шефови на држави или влади на самитот во Брисел дека не сака да донесе одлука за продолжување на санкциите против Русија до инаугурацијата на новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, на 20 јануари, потврдија повеќе учесници на самитот во Брисел.
Доколку Унгарија не се согласи на продолжување на санкциите на ЕУ, тие истекуваат на 31 јануари, пренесува Танјуг.
Ова би влијаело на опсежните економски и финансиски санкции против Русија, како и симболични санкции против повеќе од 2.000 поединци и компании, пишува Шпигел.
Меѓу санкционираните од ЕУ, поради рускиот напад на Украина, се водечки руски политичари како претседателот Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, како и многу олигарси како Роман Абрамович.
Трамп постојано тврдеше дека може да стави крај на руската војна против Украина за краток временски период.