Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да се соочи со одговорноста за криминалот во телеком

СДСМ мора да се соочи со одговорноста за сопствениот криминал, вели Славе Гошев, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ мора да се соочи со одговорноста за сопствениот криминал, вели Славе Гошев, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Гошев на денешната прес-конференција праша: кој ќе ја сноси одговорноста што граѓаните, фирмите и државата со години плаќаат скапи сметки за телефон и интернет.
„СДСМ не треба да се прават наивни и да глумат лудило. Функционерите на оваа партија беа луѓето кои учествуваа во Владата во 2005 и 2006 година. Сите тие управуваа со државата. Бранко Црвенковски тогаш е Претседател на државата. Неговиот личен советник Ванчо Узунов тогаш е член на бордот на Директори на Телеком. Владо Бучковски е премиер, Радмила Шекеринска е потпретседател на таа влада, Стевчо Јакимовски е министер. Јани Макрадули, Цветанка Иванова и Игор Ивановски се пратеници на СДСМ во Собранието кои ги аминуваа одлуките на таа иста влада. Сите овие луѓе учествувале и ја споделувале власта. Од овие луѓе се чекаат одговори-дали и кој колку го наплатил својот глас?! СДСМ треба да објави кој ги водел седниците на Владата кога се носеле одлуките за продолжување на монополската позиција на Телекомот. Дали тоа е Премиерот Владо Бучковски или вице-премиерот Радмила Шекеринска?“, праша Гошев.
„Нарушен е угледот на државата, но и направена уште поголема штета по џебот на граѓаните. Некој од тогашната влада на СДСМ дебело се богател на грбот на граѓаните. Органите на прогонот треба и понатаму да продолжат да настојуваат до крај да го расветлат овој случај, но исто така СДСМ треба да им помогне на државните органи. Тие треба да ја кажат вистината, тие тогаш управуваа со државата и тие треба сами да ги кажат лицата кои земале пари од криминалот со Телекомот“, рече пратеникот Гошев на денешната прес-конференција. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Јавен обвинител бил во „Макпрогрес“ ама увидот не е почнат, пожарот уште тлее

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Кочани бил во фабриката „Макпрогрес“ но, како што информира Државното јавно обвинителство, увидот се уште не е почнат бидејќи пожарот не е во целост изгаснат и се уште траат активностите за обезбедување на локацијата.
– Во меѓувреме, јавниот обвинител издава наредби и насоки за други дејствија за целосно испитување на настанот, информираат од Јавното обвинителство.
Пожарот во фабриката за кондиторски производи и вафли избувна вчеравечер околу 18 часот при што беа опожарени магацински и производствени погони. Покрај пожарникарите од Виница, во гаснењето беа вклучени и пожарникари од неколку соседни општини.
Сите се во стабилан здравствена состојба. На осум лица, вработени во фабриката, им била укажана лекарска помош во Клиниката за токсикологија во Скопје. Четворица од пожарникарите кои учествуваа во гаснењето на пожарот, биле примени во Општата болница во Кочани, а една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип.
Македонија
Полициски хеликоптер и два ер трактори се борат со пожарот кај Раштак

Пожар попладнево изби над скопското село Раштак на Скопска Црна Гора. Чадот од пожарот се гледа од поголем дел од Скопје.
Дирекцијата за заштита и спасување информира дека пожарот се гасне и од воздух и дека се вклучени два „ер трактора“ и еден полициски хеликоптер.
– Во гаснењето учествуваат повеќе екипи на БППЗ Скопје, тим на ДЗС, два ер трактора на ДЗС и еден полициски хеликоптер, информира директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.
Македонија
Сите хоспитализирани од пожарот во Виница се во стабилна здравствена состојба, соопшти МЗ

Тринаесет лица се хоспитализирани по пожарот што вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница. Сите хоспитализирани се во стабилна здравствена состојба, соопштија попладнево од Министерството за здравство.
Осум лица, вработени во фабриката, биле на Клиниката за токсикологија во Скопје, една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип, а четворица пожарникари во Општата болница во Кочани.
Во гаснење на пожарот во Виница, покрај пожарникари од виничката Територијална противпожарна единица, вчера биле вклучени и пожарни единици од соседните општини.
Според последните информации од Центарот за управување со кризи, до 12 часот денеска, пожарот во фабриката е ставен под контрола.