Македонија
ЗНМ – говор на омраза во нападот врз медиумите
Речникот со кој Македонската студентска унија (МСУ) на вeрска основа ги нападна сопствениците на некои медиуми и нивното известување за насилството н
Речникот со кој Македонската студентска унија (МСУ) на вeрска основа ги нападна сопствениците на некои медиуми и нивното известување за насилството на скопскиот плоштад е „говор на омраза и поттикнување национална и верска нетрпеливост“.
Ова денеска го оцени Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), апелирајќи кон осудата да се приклучат студентите и универзитетите.
„Универзитетската и студентската јавност да се огради од ваквиот речник на лицата што претендираат да станат академски граѓани и во старт да оневозможат секоја ваква или слична иницијатива што е срамна за интелектуалната јавност и директно им наштетува на демократските процеси во Македонија“, повика ЗНМ.
Посочувајќи дека „работата на медиумите е јавна и подложна на критика“, ЗНМ, нагласи оти . таа критика, секогаш, треба да биде базирана на факти и аргументи, а не на произволности и дискриминација./крај/с/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за камиони кон Деве Баир поради снегот
Забрана за движење на камиони утрово има и на патот кон Деве Баир.
„Во 09:55 часот Крива Паланка према Деве Баир поради обилни врнежи од снег е воведена забрана за движење на тешки товарни моторни возила“, обајви АМСМ во вонредниот извештај за состојбата на патиштата.
Македонија
Филипче за католички Божиќ: Да ги негуваме вистинските вредности за солидарност, единство и почит како основа за заеднички успех
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче повод големиот празник Христовото раѓање – Божиќ, во свое и во име на партијата упати честитка до сите христијански верници кои овој празник го празнуваат по Грегоријанскиот календар, како и до скопскиот бискуп и апостолски егзарх во Република Северна Македонија, д-р Киро Стојанов.
„На сите припадници на Католичката црква, како и на сите христијани коишто го слават Христовото раѓање, упатувам искрени честитки по повод денешниот голем празник. Од сѐ срце ви посакувам добро здравје, хармонија и благосостојба. Божиќ е симбол на нова надеж, заедништво и љубов. Во овие празнични денови да го насочиме вниманието кон вистинските вредности за солидарност, почит, меѓусебно разбирање и грижа едни за други. Само така можат да се пребродат и најтешките искушенија. Нека Божиќ биде поттик за нови почетоци и за заеднички успеси во годината што следи. Во божиќните и новогодишните празници посакувам да имате добра мисла, да ги поминете во мир и радост, меѓу своите сакани. Христос се роди!“, стои во честитиката на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Македонија
СДС се соизвршители во криминалот на Артан Груби, вели ВМРО-ДПМНЕ
„Во СДС нема ништо ново. Партиското раководство се остатоци и трет и четврт ешалон од владеењето на Зоран Заев, сега ставени во служба на Венко Филипче. Секојдневно измислување приказни на СДС не поминуваат. Тие се прочитани од народот и никој не им верува. Тоа се виде на последните избори, на кои од граѓаните добија црвен картон“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Дека СДС се декласирани и никој не им верува зборуваат и резултатите од последните анкети, каде што довербата од граѓаните им е 1 спрема 5 во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Полека, но сигурно СДС ги снемува од политичката мапа.
За да стекнат некаков кредибилитет, прво што треба СДС да направи е, јавно да им се извинат на македонските граѓани за криминалот на Артан Груби. Тие знае дека Груби криминално печали врз грбот на граѓаните и дека ја пљачка државата, а за тоа молчеа.
Ова СДС, на чело со Венко Филипче, беа заедно во криминалната влада на СДС и ДУИ. За да им продолжи власта тие го одобруваа криминалот и крадењето на Груби, на кој потоа им се приклучија.
СДС се соизвршители во криминалот на Груби и тоа траеше до последниот ден на нивната криминална влада.
СДС молчеше за криминалот на Артан Груби дури и за време на изворната кампања, каде што на избори одеше со надеж, дека после нив, повторно ќе направат заедничка влада и ќе продолжат да крадат и да прават криминал.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е одлучна да воспостави ред и да се справи со политичките криминалци во СДС и ДУИ, кои здружно ја крадеа државата. Народот тоа го гледа и го цени и затоа предноста и довербата од граѓаните е во постојан раст.
Правда и одговорност за сите во Македонија ќе има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.