Македонија
Иванов се запозна со можностите за севкупен развој на општина Ресен
Економската перспектива и развојот на туризмот беа во фокусот на разговорите на претседателот Ѓорге Иванов со градоначалникот Михаил Волкановски, при неговата денешна посета на општина Ресен.
Економската перспектива и развојот на туризмот беа во фокусот на разговорите на претседателот Ѓорге Иванов со градоначалникот Михаил Волкановски, при неговата денешна посета на општина Ресен.Иванов се започна со проектите што општината ги покренува, со цел развој на Ресен и преспанскиот крај, како и можностите за развој на туризмот.„Ми укажаа за проблемите кои ги наследиле, кои се обидуваат да ги решат и за сите активности кои се преземаат за да се подобри стандардот, особено за извозот на јаболката и за помошта која им ја даваат за да можат луѓето да живеат од својот труд. Ова е навистина прекрасно подрачје на Македонија“, изјави претседателот Иванов. Градоначалникот Волкановски лично го запозна претседателот Иванов со проектите што општината ги презема за развојот на туризмот во Преспа. Истовремено, Иванов беше запознаен и со намерите на општината за изградбата на дистрибутивен центар за откуп и складирање на јаболка, што ќе биде од големо значење за овој регион. „Објектот треба да се гради на шест хектари, во местото Макази. Во него производителите на јаболка, кои се 85 отсто од населението на Преспа, ќе можат да ги складираат и организирано да ги продаваат на пазарите низ Европа и секаде каде што се препознатливи нашите производи“, изјави Волкановски.Ресенскиот градоначалник при посетата на месностите Претор и Брајчино, информираше и за очекувањата за зголемен број на туристи во Преспа, каде, како што рече Волкановски, во текот на ланската сезона во еден ден престојувале и над 10.000 туристи. „ Цените тука се многу ниски, условите се многу поволни. Веќе ланската година во сезоната се случуваше во текот на еден ден да имаме и по 10.000 посетители. Годинава е предвидено чистење на плажата на автокампот Крани, иако станува збор за приватен имот во сопственост на Агроплод. Се ќе направиме да го вратиме сјајот на туризмот во Преспа“, рече Волкановски. Во рамки на престојот во општината Ресен, Иванов го посети и манастирот „св. Ѓорги“ во Курбиново, кој потекнува од XII-от век. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

