Македонија
Внимателно поради влажните коловози
Поради врнежите од дожд, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива делумно забавено и по влажни коловози.
Поради можна појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите, од Авто-мото сојузот на Македонија, со препорака до возачите за посебна внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово. На магистралниот пат М-1 – делница Катланово-Велес, сообраќајот од две коловозни ленти се пренасочува во една. Периодично сообраќајот се одвива во левата, а потоа во десната коловозна лента. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. крај/амсм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Граѓаните тргнаа кон Собранието
Присутните граѓани на протестот „Секој еден може да е следен“ тргнаа кон Собранието, оттаму ќе се уптатат кон Основното јавно обвинителство, а ќе се завршат пред Кривичниот суд.
Протестот почна со 3 минутен молк.
Присутни се голем број граѓани со транспаренти на кои пишува „Безбедноста е право, не привилегија“, „За монструмот да не лежи во затвор, Фросина лежи во гроб“, „Казна за родителите“, „Не е кобно местото, туку луѓето и системот“, „Судии, ослободете ја правдата“ и други.
Насобраните граѓани ќе се движат до Собранието, Основното јавно обвинителство, а ќе се завршат пред Кривичниот суд.
Иницијативата „Кој е следен“ објави правила и препораки за однесување на протестниот марш:
1. Почитувајте ги инструкциите на редарите;
2. Движете се постојано по рутата на маршот и во насоката по која маршираат присутните;
3. Забранети се партиски обележја – протестот е граѓанска иницијатива и не смее да се партизира;
4. Избегнувајте секакви провокации и не реагирајте на истите. Не се впуштајте во конфротација;
5. Забрането е носење на остри предмети, оружје, пиротехники и слични предмети;
6. Почитувајте го јавниот простор – одржувајте чистота и не оставајте отпад. Забрането е уништување на јавен и приватен имот.
Македонија
(Видео) Три минути молк на почетокот на протестот
Протестот на Партизанска започна со три минутен молк.
Присутни се голем број граѓани со транспаренти на кои пишува „Безбедноста е право, не привилегија“, „За монструмот да не лежи во затвор, Фросина лежи во гроб“, „Казна за родителите“, „Не е кобно местото, туку луѓето и системот“, „Судии, ослободете ја правдата“ и други.
Насобраните граѓани ќе се движат до Собранието, Основното јавно обвинителство, а ќе се завршат пред Кривичниот суд.
Иницијативата „Кој е следен“ објави правила и препораки за однесување на протестниот марш:
1. Почитувајте ги инструкциите на редарите;
2. Движете се постојано по рутата на маршот и во насоката по која маршираат присутните;
3. Забранети се партиски обележја – протестот е граѓанска иницијатива и не смее да се партизира;
4. Избегнувајте секакви провокации и не реагирајте на истите. Не се впуштајте во конфротација;
5. Забрането е носење на остри предмети, оружје, пиротехники и слични предмети;
6. Почитувајте го јавниот простор – одржувајте чистота и не оставајте отпад. Забрането е уништување на јавен и приватен имот.
Македонија
(Видео) Почна протестот „Правда за Фросина“, во првиот ред родителите и сестрата
Почна протестот на Партизанска на кој се бара правда за смртта на младата Фросина.