Свет
Американски војници убивале за забава, а прстите ги земале како сувенири
Дванаесет американски војници наскоро ќе се соочат со обвинувањето дека во Авганистан убивале цивили од забава, а нивните прсти ги собирале како трофеи, пренесува британскиот весник „Гардијан“.
Дванаесет американски војници наскоро ќе се соочат со обвинувањето дека во Авганистан убивале цивили од забава, а нивните прсти ги собирале како трофеи, пренесува британскиот весник „Гардијан“.
Едни од најсериозните обвинувања за воени злосторства во оваа земја, говорат за убиство со умисла на тројца Авганистанци, сквернавење на нивните мртви тела, поседување на делови од човечки тела, земање на хашиш, консумирање на дрога, заплашување на свој колега војник, како и попречување на истрагата.
Петте војници, кои имаат од 19 до 25 години, ги тужат за здружување во таен одред на убијци. Уште седум се обвинети за прикривање, а со нивното недолично однесување кон новите војници довеле до пријавување на пешачката бригада Страјкер која служела во провинцијата Кандахар.
Според доказите кои ги собрале истражителите, се започнало со доаѓањето на наредникот Келвин Гибс (25), кој се фалел дека го правел истото уште кога бил во Ирак. Како што пишува „Гардијан“, тој и Џереми Морлок (22) набрзо се нашле на иста бранова должина и оформиле совет за рекреативно убивање. Со нив секогаш имало уште по еден војник, а некои од нив тврдат дека биле присилени да бидат соучесници.
Тргнувале во акција кога ќе најдат „соодветна мета“ чие убиство потоа можеле лесно да го прикријат, а оружјето го оставале покрај телата на жртвите. Весникот „The Army Times“ за овој случај објавил дека некои од војниците дури и се фотографирале со жртвите./крај/гард/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

