Свет
Демонстрантите запалија радио-станица во Бенгази

Демонстрантите во Бенгази, втор по големина град во Либија, го запалија седиштето на локалната радио-станица, откако претходно полицијата што ја обезбедуваше зградата се повлече, наведуваат сведоци и еден неименуван функционер.Полицијата денеска попладне се повлече од положбата пред радиото, по што демонстрантите упаднале во зградата и ја запалиле, потврдил функционерот, оценувајќи дека се работи за „злосторство против безбедноста и стабилноста на земјата.Во немирите за време на демонстрациите против државната власт, во Бенгази, кој е упориште на либиската опозиција, загинаа најмалку 20 луѓе, а во Либија повеќе од 40.Денеска илјадници луѓе учествуваа во обредот за спомен на жртвите загинати во судирите во тој град./крај/бе/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Од цревото за гориво направил пламенофрлач и се обидел да ги запали работниците на пумпата

Безбедносните камери на бензинска пумпа во Фагет, која се наоѓа на околу еден час оддалеченост од Темишвар, снимиле пијан маж како запалува црево за точење гориво, со што создава импровизиран пламенофрлач, а потоа го насочува кон работниците на пумпата и го „пушта“ огнот.
Неговите постапки предизвикале пожар кој можел да има многу посериозни последици. Работниците на пумпата го изгаснале пожарот со противпожарен апарат.
За време на инцидентот, мажот фрлил запалено гориво кон еден од вработените, предизвикувајќи му изгореници. По нападот, осомничениот го напуштил местото на настанот и се скрил во блиската зграда.
IMAGINI ȘOCANTE Un bărbat a incendiat o pompă de alimentare a unei benzinării din Făget, Timiș https://t.co/nBadmV6Uf4 pic.twitter.com/SPcydGwQ9s
— TVR Info (@StirileTVR) September 6, 2025
Ја скршил влезната врата и се забарикадирал на третиот кат, каде што го пронашла полицијата. Лицето е приведено и му е одреден притвор од 30 дена.
Против него е покрената кривична постапка за палење, уништување со палење, уништување на имот, предизвикување телесни повреди и други форми на насилство и нарушување на јавниот ред.
Канцеларијата на окружниот суд ја прошири истрагата за да вклучи и обид за тешко убиство.
Регион
Вучиќ бесен на Европските зелени: Олош сте, ќе одговарате пред законот на Србија!

Српскиот претседател Александар Вучиќ упати жестоки критики кон Европската зелена партија, обвинувајќи ја дека стои зад насилствата на протестите во Нови Сад.
„Одете, уништете ги вашите земји. Не ја уништувајте Србија. Вие сте олош. И не сте ни олош, полоши сте од тоа. Тоа е сè што имам да ви кажам. Дали се плашиме? Ни најмалку. Ја почитувам Урсула фон дер Лајен. Го почитувам Антонио Кошта. На ова ѓубре, олош, од Европската зелена партија, најлошиот олош во Европа што дојде во Нови Сад вчера за да го поддржи ова насилство, ќе бидат гонети во согласност со законите на Република Србија“, изјави Вучиќ.
Тој се осврна и на бројките од протестите, нагласувајќи дека низ цела Србија излегле помалку од 10.000 луѓе, додека најмногу имало во Нови Сад.
„9.380 луѓе биле низ цела Србија на митинзи против владата, од кои 7.020 биле во Нови Сад, според бројките на Министерството за внатрешни работи. И насекаде беше мирно, без инциденти, освен во Нови Сад. Полицијата им дозволи да ги тепаат со пиротехнички средства, стапови и камења цели 12 минути. Дури тогаш полицијата реагираше“, рече Вучиќ.
Претседателот предупреди дека ситуацијата во Нови Сад ескалирала и поради присуството на европратеници, кои, според него, сакале да ја нарушат стабилноста на Србија.
„Некои се обидоа со фантомки и шлемови да ги окупираат просториите на Филозофскиот факултет, но не успеаја“, нагласи Вучиќ.
Тој додаде дека српската полиција постапила строго професионално, но дека во инцидентите биле повредени 11 припадници на МВР.
Свет
„Не одам кај терористот“, Зеленски ја отфрли понудата на Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски категорично ја отфрли идејата на рускиот лидер Владимир Путин за билатерална средба во Москва, објави Укринформ, повикувајќи се на интервју за американскиот канал Еј-Би-Си Њуз.
„Тој може да дојде во Киев. Не можам да одам во Москва кога мојата земја е под ракетни напади, под напади секој ден. Не можам да одам во главниот град на овој терорист“, истакна Зеленски.
Претседателот нагласи дека предлогот на Путин бил повеќе обид за одложување на средбата отколку искрен повик за дијалог. Сепак, тој е подготвен да се сретне во која било форма, но само ако средбата не ја загрозува Украина.
„Ако некој не сака да се сретне за време на војна, може да понуди нешто што не би било прифатливо за мене или за другите“, додаде Зеленски, додавајќи дека Путин „си игра со САД“.
Претходно, Путин изјави дека е подготвен да се сретне со Зеленски и дека Москва е најдобро место за можна средба меѓу двајцата лидери, што веднаш беше одбиено од украинскиот претседател.