Регион
Белград најави офанзива за правата на Србите во Косово
Две години по косовското прогласување на независност, Србија најави нова офанзива за правата на Србите на Косово.
Две години по косовското прогласување на независност, Србија најави нова офанзива за правата на Србите на Косово.
„Во дипломатска смисла борбата за Косово има три приоритети. Првиот е запирање на признавањето на самопрогласената независност, вториот е запирање на зачленувањето на Косово во меѓународните организации и третиот приоритет е привлекување на вниманието на меѓународната заедница на кршењето на човековите права, посебно на кршењето на едно од основните права на слободно движење“ изјави министерот за надворешни работи на Србија, Вук Јеремиќ.
Српската дипломатија смета дека во своите два први приоритети била успешна, бидејќи две третини од земјите, се уште го немаат признаено Косово, а освен во ММФ и Светска банка, Косово не стана член на ниедна меѓународна заедница.
„Пред две години изгледаше како лавина признавањето на Косово. Успеавме да го запреме тоа имајќи го во предвид притисокот кој САД го вложија, а сега е се релативизирано дури и по прашањето за статусот“ вели Јеремиќ.
Најмал успех Србија има на територијата на Косово, бидејќи за последните две години, освен здравството и школството, ниедна државна институција не успеала да стане забележителна јужно од Ибар, каде живее поголем дел од српското население. Ни самиот министер за Косово Горан Богдановиќ, инаку жител на Косово, не може да ја премине административната граница.
За привлекување на внимание на кршењето на човековите права и правата на движење, Министерството за надворешни работи се подготвува за остар настап на министерската конференција посветена на човековите права во Женева на почетокот на март. Сите српски амбасадори добија задача, земјите домаќини детално да ги запознаат со кршењето на човековите права на Косово.
Државниот секретар на Министерството за Косово, Оливер Ивановиќ вели дека спречувањето на министрите да одат на Косово е една од главните пречки што Србија институционално не функционира јужно од Ибар.
„Тешко дека кај Србите долу, можеме да создадеме впечаток дека живеат во Србија. Можевме и повеќе да направиме за нив, но имавме значајни потешкотии. Министерствата не можевме да ги спуштиме доле, бидејќи државните службеници одбиваа да одат поради лошите услови за работа, пред се поради безбедноста“ вели Ивановиќ. /крај/блиц/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб
Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба.
Таму беа и неколку припадници на интервентната полиција.
Откако пееја „О Хрватска, о Хрватска, независна држава“ и скандираа „За татковината, спремни“, тие го напуштија местото на настанот.
Полицијата не интервенираше веднаш, а групата се оддалечи сама, пренесуваат хрватските медиуми.
Интервентната полиција запрела дел од групата, ги легитимирала, а потоа ги пуштила.
фото: принтскрин
Регион
Во Словенија од денеска границите ќе ги чува и војската
Припадници на словенечката војска од денес ќе учествуваат во чувањето на државната граница заедно со полицијата, откако владата еден ден претходно го активираше членот 37 од Законот за одбрана, што го дозволува ова, јавува словенечката агенција СТА. На овој начин, тие ќе и олеснат на полицијата за да можат да извршуваат задачи поврзани со управувањето со безбедносната состојба, особено во југоисточниот дел на Словенија.
Членот 37 од Законот за одбрана предвидува дека словенечките вооружени сили можат да соработуваат со полицијата во пошироката заштита на државната граница во рамките на националната територија во согласност со плановите и по претходна одлука на владата. Припадниците на словенечките вооружени сили немаат полициски овластувања при извршување на овие задачи.
Владата одлучи да го активира членот на вчерашната седница со оглед на безбедносната состојба во југоисточна Словенија, истакнува СТА. Како што изјави премиерот Роберт Голоб по седницата, полицијата може да ги повика припадниците на словенечките вооружени сили да помогнат во многу ограничен опсег на задачи на границата. На овој начин, армијата ќе им олесни на полициските единици од југоисточна Словенија.
фото: принтскрин
Регион
Хорор во Лесковац: се скарал со соседката, па ја удрил со лопата по главата и стомакот, лекарите се борат за нејзиниот живот
Денеска, во селото Губеревац во близина на Лесковац во Србија се случи обид за убиство. По расправија, 69-годишниот Ц.Ј. ја нападнал својата 61-годишна соседка со лопата, нанесувајќи и повреди опасни по живот. Напаѓачот е уапсен, а Вишото јавно обвинителство во Лесковац му одредило притвор поради сомнение за обид за убиство, објавува српски Блиц.
Според првичните информации, вербалниот конфликт меѓу соседите ескалирал во физички напад. Се сомнева дека Ц.Ј. во еден момент зграпчил лопата и ја удрил жената по главата и стомакот со металниот дел. Жената е итно пренесена во Клиничкиот болнички центар во Ниш, каде што лекарите се борат за нејзиниот живот.
„Жената се здобила со повреди во форма на фрактура на темпорална коска и хематом во пределот на абдоменот, поради што е примена на лекување во Клиничкиот болнички центар во Ниш. Истрагата ја спроведе јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Лесковац“, изјавил извор за Блиц.

