Свет
Пакистанскиот парламент ја осуди акцијата во Аботабад
Пакистанскиот парламент во саботата ја осуди американската акција во која беше убиен Осама бин Ладен, барајќи да се преиспитаат односите со САД предупредувајќи дека Пакистан може да ги прекине патиштата за снабдување за американските сили во Авганистан доколку се случат слични акции
„Парламентот ја осуди едностраната акција во Аботабад која претставува кршење на суверенитетот на Пакистан“, се наведува меѓу другото во резолуцијата што во саботата ја усвоија пакистанските парламентарци., пренесува Reuters. Парламентарците изјавиле дека американските „едностраните акции“ како онаа во Аботабад во која беше ликвидиран лидерот на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, Осама бин Ладен, како и нападите на американските беспилотни летала се неприфатливи и дека владата треба да го разгледа прекинувањето на виталните патишта за снабдување на американските сили во Авганистан доколку не се престане со ваквите практики.Шефот на пакистанската разузнавачка агенција изјави дека е подготвен да поднесе оставка поради аферата која изби по американската акција а со која според него е посрамотена земјата и беше причина за појавување на сомнежот дека пакистанските разузнавачи знаеле каде се крие бин Ладен. Пакистанската влада како апсурдна ја отфрли претпоставката дека властите знаеле каде се крие првиот човек на Ал Каеда.Како што пренесува британскиот радиодифузен сервис BBC, пакистанскиот парламент апелирал да се спроведе независна истрага за акцијата на специјалните сили на САД од 2 мај, во којашто беше убиен бин Ладен. „Народот на Пакистан веќе нема да толерира такви дејства, нивното еднострано повторување може да доведе до сериозни последици по мирот и безбедноста во регионот“, ја цитира резолуцијата на пакистанскиот парламент Agence France-Presse. Во моментов, дипломатските односи меѓу Вашингтон и Исламабад, се наоѓаат на едно од најниските нивоа, особено по дискусиите во пакистанскиот парламент во врска со нападите на беспилотните летала што ги спроведува САД на пакистанската територија, забележува BBC.Северен Вазиристан е дел од т.н. племенските области во кои живеат горштаците Паштуни, а се протега по должината на границата со Авганистан. Во овие подрачја не важат федералните закони на Пакистан, туку вистинската моќ е во рацете на племенските водачи и лидерите на семејните кланови. Во овие планински области засолништа најдоа стотици исламисти поврзани со талибаните и со Ал Каеда. Официјален Исламбад декларативно се спротиставува на овие напади протестирајќи дека тоа е кршење на пакистанскиот суверенитет, но аналитичарите сметаат дека станува збор за договор на двете влади. Покрај тоа, пакистанската влада предупредува дека во ваквите напади во кои неретко страдаат и цивили, може да предизвика и анти-американско расположение кај локалното население во паштунските племенски област што ќе ја зајакне позицијата на талибаните и радикалните исламисти. Вашингтон одбива јавно да зборува за употребата на беспилотните летала, но пакистански разузнавачки и владини претставници велат дека во овие напади досега се убиени неколку високи членови на Ал Каеда и талибански водачи.Бројката напади што ги извршува САД со беспилотни летала во северозападниот дел од Пакистан е во постојан пораст. Така, според извештаите на медиумите, во минатата 2010 година, американските сили извршиле повеќе од 115 напади во оваа област, при што загинаа меѓу 700 и 900 луѓе. За споредба, во 2009 г. имало 45 воздушни напади во кои загинаа речиси 420 луѓе. Во 2011 година, американските летала извршиле повеќе од 20 ракетирања на цели во северо-западниот дел од земјата. Севкупно, според различни процени, од август 2008 г. во северозападниот дел на Пакистан во нападите на беспилотните летала се убиени повеќе од 1.200 луѓе, меѓу кои и неколку влијателни лидери на милитантите.САД ги засили нападите со беспилотни летала во Северен Вазиристан, откако на 30-ти декември 2009 г. бомбаш самоубиец уби седум агенти на CIA во нивната база во источната авганистанската провинција Хост. Американските власти сметаат дека овие напади се најефикасното оружје против Ал Каеда и талибаните кои се засолнуваат во тешко достапните паштунски племенски региони во високите планини меѓу двете Пакистан и Авганистан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ГП Евзони блокиран поради протестот на грчките земјоделци
Денеска во 18:00 часот поради протестот на грчките земјоделци, ГП Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез во Р. Грција, соопшти АМСМ.
Од таму додаваат дека граничниот премин за излез од Грција работи само за тешки моторни возила.
Свет
Mакрон најави зголемување на казните за корисниците на дрога
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денес во Марсеј објави дека казната за употреба на канабис или кокаин ќе се зголеми од 200 на 500 евра.
Со оваа мерка, рече тој, сака да ги погоди паричниците на оние што купуваат дрога и на тој начин ги хранат мрежите за дрога, објавува телевизијата BFM.
За време на разговорот со читателите на весникот „Прованс“, Макрон го изрази своето незадоволство од младите жртви на дрога и луѓето што одат да набават дрога „како за забава“.
Тој нагласи дека секое лице што користи дрога мора да разбере дека придонесува за уништување на градовите и населбите.
Казната за корисниците на дрога беше воведена во 2020 година за да се олесни работата на судовите и да се префрли фокусот на борбата кон криминалните мрежи.
Оваа мерка се однесува на лица со максимум 10 грама кокаин или 100 грама канабис.
Претседателот на Франција, исто така, најави адаптација на борбата против мрежите за дрога, вклучително и следење на дилерите на социјалните мрежи, кои станаа нови места за трговија.
Тој повика на промена на европските правила за да се овозможи онлајн дилерите да бидат гонети, а мрежите да бидат повикани на одговорност.
„Нема да попуштиме, мора немилосрдно да притискаме“, рече Макрон, потврдувајќи дека целта е да се нападнат „шефовите на нарко мрежите“, вклучително и оние што работат од странство.
Макрон, исто така, ги истакна новите затвори со висок степен на безбедност со „апсолутно невидени нивоа на надзор“ и призна дека дилерите ќе продолжат да реагираат и да заплашуваат како што борбата се интензивира, пренесува Танјуг.
Фото: депозитфотос
Свет
Руските граѓани му поставија над 1,6 милиони прашања на Путин за годишната емисија
Повеќе од 1,6 милиони прашања дојдоа од граѓаните на Руската Федерација за програмата „Преглед на годината со Владимир Путин“, која ќе се емитува на 19 декември во 12:00 часот по московско време, објавија денес руските медиуми.
Собирањето прашања за оваа емисија започна на 4 декември во 15:00 часот по московско време и ќе продолжи до крајот на програмата, објавува РИА Новости.
„Годишен преглед со Владимир Путин: примени се повеќе од 1,6 милиони прашања. Оваа година, како и во 2024 година, апликацијата GigaChat ќе ги транскрибира прашањата за директната линија“, објави Кремљ.
Во соопштението се наведува дека до денес се примени 702.000 телефонски повици, 327.000 прашања преку Max Messenger, 262.000 СМС пораки, 175.000 барања преку социјалните мрежи, 61.000 преку веб-страницата, 49.000 ММС пораки и 20.000 преку апликацијата, пренесува Танјуг.
Фото: депозитфотос

