Македонија
Од оваа година студентите ќе плаќаат помали партиципации
Од оваа година година на 63-те факултети на петте високообразовани институции во Скопје, Битола, Штип, Тетово и во Охрид ќе можат да се запишат повеќе бруцоши по пониски суми за партиципација.
„На вчерашната седница на Владата на Република Македонија беше донесена одлука за намалување на сумите за самофинасирање. Во редовната квота сумата која што ќе треба да ја платат студентите ќе биде 200 евра годишно, а во квотата со самофинансирање највисоката сума ќе биде 400 евра, освен за оние факултети кои што доставија пониски цени за самофинасирање од тие што ги утврди Владата“, истакна на денешната прес-конференција министерот за образование и наука Никола Тодоров.Тој додаде дека сумата за студирање на дисперзираните студии во редовна државна квота ќе изнесува 100 евра.„Оваа одлука ја донесовме како резултат на стремежите на Владата за што повисоко вклучување на граѓаните на Република Македонија во високо образовниот процес и достигнување на што поголем процент на вклученост во тој процес, кој директно влијае на подобрување на квалитетот генерално во општетсвото и на зголемување и подобрување на економскиот раст и економскиот развој“, укажа Тодоров.Тодоров посочи дека Министерството за образование и наука направило анализа за висината на партиципацијата која што ја плаќаат студентите во ЕУ и било констатирано дека во Македонија се плаќа една од највисоките партиципации во Европа и дека тоа било еден од клучните фактори за донесувањето на ваквата одлука на Владата.Досега највисока партиципација за самофинасирање беше на медицинскиот факултет во износ од 1200 евра, а од оваа година со новата одлука на владата студентите кои ќе се запишат во квотата со самофинасирање ќе плаќаат по 400 евра годишно.На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ оваа академска година ќе се запишат 6336 во редовна, 3973 кофинси 1619 вонредни или вкупно има 11 928 слободни места.На Универзитетот „Св. Климен Охридски“ во Битола во редовна квота има место за 2290 студенти, 1342 во квотата за кофинасирање и ли вкупно 4275 слободни места. На државниот универзитет во Тетово можност ќе имаат да се запишат 2890 студенти во редовна квота и 1095 со кофинасирање На Универзитетот „Гоце Делчев во Штип во редовна квота има 4041места, во квотата со самофинасирање 892 конф 980 места за вонредни студенти. Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ Охрид има место за 200 редовни студенти и 100 со кофинасирање.Минатата академска година на универзитетите имаше 23.558 места за запишување на бруцоши, а оваа година квотите се зголемуваат и ќе има 26 илјади 881 слободно место.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

