Економија
Пад на МБИ10 од 1,42 отсто

Клучниот индекс на Македонска берза МБИ10 денеска втор ден забележа пад и тоа од 1,42%, а неговата вредност се намали на 2.944,31
Клучниот индекс на Македонска берза МБИ10 денеска втор ден забележа пад и тоа од 1,42%, а неговата вредност се намали на 2.944,31 индексни поени.МБИД продолжува со растот и оствари зголемување од 0,50%, додека неговото ниво се искачи на 2.747,18 индексни поени, а ОМБ оствари незначителен пораст од 0,15%, притоа позиционирајќи се на ниво од 105,40 индексни поени. Вкупниот промет на пазарот за хартии од вредност денеска изнесуваше 10.795.198,32 денари. На официјалниот пазар се оствари промет од 8.691.107,32 денари при реализирани 119 трансакции. На редовниот пазар прометот изнесуваше 2.104.091,00 денари, а се реализираа 39 трансакции. МБИД продолжува со растот и оствари зголемување од 0,50%, додека неговото ниво се искачи на 2.747,18 индексни поени. ОМБ оствари незначителен пораст од 0,15%, притоа позиционирајќи се на ниво од 105,40 индексни поени.Од акциите кои котираат на официјалниот пазар најтргувана беше Алкалоид Скопје со промет од 1.697.695,00 денари. Просечната цена изнесуваше 5.022,77 денари, а беше намалена за 1,53%. Вкупно се истргуваа 338 акции преку 21 трансакција. Минималната цена изнесуваше 5.000,00 денари, а максималната 5.110,00 денари.Втора по ликвидност од официјалниот пазар беше акцијата на Макпетрол Скопје со промет од 1.392.560,00 денари. Просечната цена од 40.957,65 денари по акција значеше остар пад од 5,69% на дневна основа. Вкупно се истргуваа 34 акции.Гранит Скопје оствари промет од 1.052.796,00 денари при истргувани 1.389 акции преку 25 трансакции. Просечната цена изнесуваше 757,95 денари, а нејзиното намалување беше 1,52%. Од редовниот пазар најтргувана беше акцијата на ЖАС Бус Гостивар со која се оствари промет од 700.000,00 денари. Просечната цена изнесуваше 1.000,00 денари и беше без промена. Вкупно се истргуваа 700 акции преку една трансакција.Акцијата на Македонски Телеком оствари промет од 600.701,00 денари. Со просечната цена од 421,54 денари по акција, намалувањето изнесуваше 1,91%. Истргувани беа 1.425 акции преку 9 трансакции. Минималната цена при тргувањето изнесуваше 420,00 денари, а максималната 430,00 денари. Пет најтргувани хартии од вредност 1. Алкалоид Скопје2. Макпетрол Скопје3. Гранит Скопје 4. Комерцијална Банка Скопје5. Топлификација Скопје Хартии од вредност со најголем пораст 1. ИЦН – Фарм Скопје 21,46%2. Бетон Скопје 11,36%3. Прилепска Пиварница Прилеп 9,99%4. ФЗЦ 11 Октомври Куманово 3,24%5. Макстил Скопје 2,56% Хартии од вредност со најголем пад1. Макпетрол Скопје 5,69%2. Стопанска Банка Скопје 4,09%3. Топлификација Скопје 3,98%4. Охридска Банка Охрид 2,17%5. Македонски Телеком Скопје 1,91%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Мицкоски: Владата ја одржува макроекономската стабилност без зголемување на даноците

Владата ја одржува макроекономската стабилност без зголемување на даноци и пензиски реформи, и враќа средства од данок на солидарност, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со обвинувањата од опозицијата дека оваа Влада, се задолжила премногу.
„Па јас навистина не можам да ги разберам пораките коишто доаѓаат од СДСМ. Тоа што го направи оваа Влада во овие нешто повеќе од една година, е токму спротивен процес на заслужување. Факт е дека во март месец, ние имаме намалување на јавниот долг за 4,7% од бруто-домашниот производ. Истовремено вреди да се напомене дека вративме еврообврзница, којашто е земена од претходната Влада во 2018 година, од половина милијарда евра крајот на јануари месец. Министерството за финансии жестоко се бори да ја одржи макроекономската стабилност, а без притоа да не имплементира нови давачки, да не ги зголеми данокот на додадена вредност, да не ја зголеми возраста за пензионирање, нешто што е барање и од страна на меѓународните институции“, рече тој.
Мицкоски кажа дека Владата жестоко се бори да ги врати 50-тина милиони евра данок на солидарност кои што минатата Влада ги земала.
„Сето она коешто сме се задолжиле, е за да вложиме во капитални инвестиции, а не за како што тоа го правеше претходната Влада за пензии, за плати, итн. а сепак наоѓаме ликвидност да функционираме, гледате да реализираме проекти, да коригираме грешки од минатото. Истовремено тука вреди да се напомене дека се бориме да буџетскиот дефицит го намалиме на под 4 %. Така што јас знам колку вложуваат сите членови во Владата. Колку вложува Министерството за финансии, за да ја одржи оваа макроекономска стабилноста, а притоа немаме зголемување на цената на електрична енергија за граѓаните. Практично зголемување на пензиите, вративме плати тие што им се должеа на граѓаните. Не само што немаме зголемување на долгот туку имаме намалување на долгот. Така што тоа е реалноста, затоа што едноставно нашата задача и обврска е да работиме во интересот на граѓаните. А јас еве велам делата нека зборуваат, јас не би имал што да коментирам на пораките коишто доаѓаат од СДСМ“, рече премиерот.
Економија
Oд полноќ поскап дизел и поевтин бензин

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,73% во однос на одлуката од 30.6.2025 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,502%, кај дизелот зголемувањето е во просек за 2,230%, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 2,494% и кај мазутот зголемување во просек за околу 1,000% поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,2765% %
Од 8.7.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 74,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 76,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 70,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 69,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 39,409 (денари/килограм)
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,174 ден/кг.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 8.7.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Економија
Мицкоски: Подаваме рака на домашните и на странските инвеститори не само декларативно, туку суштински

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека Владата води активна и отворена политика кон привлекување инвестиции и градење економски развој базиран на стабилност, доверба и поддршка за стопанството.
На средба со Советот за странски инвестиции, составен од претставници на водечки компании кои веќе имаат присуство во земјава, Мицкоски посочи дека Македонија се наоѓа во нова фаза на економска консолидација и раст.
„Подаваме рака и на домашните и на странските инвеститори. Не само декларативно, туку суштински, низ институционална поддршка, предвидливи правила и директна комуникација. Проблемите ги решаваме заедно,“ изјави премиерот.
Тој истакна дека во првиот квартал од 2025 година, реалниот раст на БДП изнесува 3,2 отсто, а извозот во периодот јануари–мај е зголемен за 3,15 отсто, додека увозот бележи раст од само 1 отсто. Индустриското производство во мај бележи раст од 9,4 отсто во однос на истиот месец лани.
Дополнително, трговскиот дефицит е намален за околу 80 милиони долари во април и мај, што претставува намалување од 13 проценти. Мицкоски потсети и дека минатата година бил постигнат рекорд со странски директни инвестиции во износ од 1,255 милијарди евра.
„Ова е поинаква слика од онаа која ја затекнавме. Некогашната влада не се бореше за инвестиции – се бореше за провизии,“ рече тој, обвинувајќи ги претходниците за економски застој и изгубени можности.
Премиерот најави активни разговори за нови инвестиции во автомобилската индустрија, ИТ секторот, логистиката и агро-преработката, како и можни царински олеснувања за извоз на македонски производи на американскиот пазар.