Економија
Визната либерализација рај за транспортерите
Транспортерите ќе можт 365 дена во годината ќе можат да возат низ земјите на Европската Унија со визната либарализација, за која Македонија има најава дека ќе се случи на почетокот на следната година
“Континуирано преку состаноци на мешовитите работни групи успеавме да обезбедиме издвојување на дополнителни контингенти транспортни дозволи за замјите каде има зголемување на потребите за вршење на транспортната дејност од страна на македонсдките транспортни компании“, рече минстерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.Како што објасни министерот, за македонските транспортери обезбедени се дополнителни 500 дозволи за Белгија, 200 транспортни дозволи за Германија од кои 50 дозволи за билатерален превоз за возилата Еуро 4 и Еуро 5, 50 за трети замји за Еуро 3 и 50 за трети земји за Еуро 4 и Еуро 5.Исто така, минсттерството за транспорт и врски ја усогласи Спогодбата за петен превоз со Црна Гора, со која се договорени 200 дозволи, од кои 100 билатерално-транзитни и 100 за трети земји.„Една од основите што сите европски држави го бараат е добрата инфраструктура и добри и современи транспорстни капацитети. Визата за нас е слобода на движење во текот на 365 дена, бидејќи тоа е нашата дејност“, вели Билјана Муратовска, претседателка на Сојузот на независни синдикати на транспортери.Како што објасни таа, чекањето за добивање виза за некоја од земјите во Европа, на транспортните компании им одзема по три до четири месеци ефективно работење. Со паѓањето на шенгенскиот ѕид, се добива во време за работа, тоа занчи и повеќе вработувања и економски просперите.“Ни е не учествуваме на берза, немаме познат купец или некој што не ангажира. Ако учествуваме на берза, од нашата брзина и флексибилност зависи колку ќе добиеме работа“, рече Муратовска.Со конкурентноста, според Муратовска ќе се овозможи економски раст на транспортните компании, а со тоа и обнова на возниот парк, за да се приближат македонските возила до европските стандарди.Исто така, ќе се дојде до стабилност на цените на транспортот, затоа што, транспортерите тврдат дека се соочуваат со ситуации кога возат под цената на чинење на услугата. “Фактот дека ние моравме да имаме товарен камион за да добиеме виза, многу од компаниите во македонија го употребуваа за да не уценуваат, значи моравме да возиме под цената на чинење“, вели Муратовска.Министерството за транспорт и врски заедно со транспортерите работат на укинување на зелените картони, а како што велат прашање на време е кога зелените картони за возилата ќе се укинат, затоа што се работи за двојно плаќање на премија, што во Европската Унија јгонема.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз
Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград.
Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани на саемот.
Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.
„Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот“, заклучи министерот.
Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.
„Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот“, истакна тој.
„Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив“, нагласи министерот Трипуновски.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)