Македонија
Состојба на патишта за вторник

Денеска 11.01.2011 најавени се нови блокади на патните правци Прилеп-Битола кај местото Тополчани, Прилеп-Македонски Брод после Дебреште, кај местото Барбарос и Прилеп – Скопје кај местото Заполшки мост на почетокот на Плетвар со времетраење од 11:00 до 21:00 часот. Исто така најавена е блокада на клучката Велес, кон Скопје и Штип, како и кај Ново село.Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива тековно, по претежно влажни коловози во утринските часови.Намалена видливост поради појава на магла има: Тетово-20м, Штип-100м, Сарамзалино-100м, Неготино-150м, Битола-100м, Прилеп-100м, Струга-40м,Кичево-200м, Делчево-50м, Велес-30м и Кула-100м.Внимателно возење и прилагодување на брзината на движење се препорачува на патните правци низ клисурите и планинските превои, каде е почеста појавата на поситни одрони.Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини.На граничните премини нема подолги чекања за влез и за излез од државата./амсм/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Собранието ќе формира комисија за избор на нов претседател на антикорупциската

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата во 12 часот ќе одржи седница на која се очекува да ја формира Комисијата за селекција на кандидати за нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
Процесот следи откако на 5 август беше распишан јавен оглас, со рок за пријавување од 10 дена. Оваа постапка се спроведува по оставката на претходната претседателка Татјана Димитровска, која е обвинета за оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат.
Според Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, до изборот на нов претседател, функцијата ја врши заменик-претседателот на ДКСК. Новиот претседател мора да има најмалку десет години работно искуство, од кои осум во областа на борбата против корупцијата, владеењето на правото или добро управување.
Македонија
Свечена седница по повод 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор

Во Владата ќе се одржи одбележување на 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.
По тој повод со почеток во 10:00 часот во Свечената сала во Владата на Република Северна Македонија ќе се одржи свечена седница на која ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски.
Настанот ќе биде пренесуван во живо на „Фејсбук“ и „Јутуб“ каналот на Владата.
Охридскиот рамковен договор беше потпишан на 13 август 2001 година помеѓу претставниците на тогашните најголеми политички партии и специјални претставници на ЕУ и на САД.
Македонија
Сончево и многу топло со мала локална облачност: максималната температура до 39 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.
Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Времето во наредните денови
Ќе се задржи сончево и топло време со умерена облачност преку денот. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.