Македонија
Град Скопје бара концесионер за изградба на Луна парк
Град Скопје во најскоро време ќе распише тендер за барање концесионер кој треба да изгради нов Луна парк и да управува со него.
Град Скопје во најскоро време ќе распише тендер за барање концесионер кој треба да изгради нов Луна парк и да управува со него.Новиот Детален урбанистички план за тој дел од градот веќе се подготвува во Општина Карпош и се очекува да биде усвоен следниот месец, кога и ќе започне целата постапка за барање концесионер, најави градоначалникот Коце Трајановски на денешната седница на Советот на град Скопје.Трајановски рече дека во зависност од содржината и атракциите коишто ќе ги понуди, концесионерот треба да вложи од осум до десет милиони евра, бидејќи според него, со помала инвестиција во луна паркот, скопјани нема да ги добијат очекуваните атракции. Град Скопје нема да ја субвенционира изградбата на новиот парк кој ќе се простира на површина од 25 илјади квадратни метри и ќе биде во сегашните димензии, но со нови содржини.„Се надеваме дека ќе најдеме концесионер, иако поради состојбата во Европа и во регионот заинтересираноста на концесионери за луна паркови е мала. Меѓутоа согласно на контактите коишто ги има компанијата „Идом“ што градот ја избра за консултант, сметаме дека има шанса да се најде концесионер кој ќе го изгради Луна паркот и којшто ќе стопанисува со него.Градските советници денеска ги разгледуваа и измените на Предлог одлуката за задолжување на Град Скопје со заем кај финансиска институција за изградба на катните гаражи.Со новите измени се предвидува градот да ги задолжи паркинг местата од катните гаражи со што ќе добие банкарски заем за нивна изградба. Трајановски рече дека банкарскиот кредит ќе се враќа во следниве десет години, со продажбата на деловните простории кои ќе бидат во самите катни гаражи.„Нормално е при изградбата на одредени објекти хипотеката да биде една од можностите за затворање на финансиската конструкција. Ние не даваме под хипотека веќе изграден објект којшто функционира, туку самиот објект кој треба да се изгради се дава под хипотека. Не се даваат дуќаните туку самите паркинг места“ – објасни Трајановски. крај/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

