Македонија
ХЕРА бараат да се запре Кампањата за објаснување на последиците од абортусот

Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување и Здружението на гинеколзи опстетичари (ЗГОМ) на Македонија бараат да биде сопрена Кампањата за објаснување на последиците од абортусот „ Избери живот – имаш право на избор“.
Оттаму велат дека излегуваат со барањето поради тоа што во последните години не е регистриран смртен случај, ниту пак, посериозни компликации од абортус, а последиците што се наведуваат во кампањата може да произлезат од секоја медицинска интервенција и не е научно оправдано ексклузивно да се поврзуваат само со абортусот.
Покрај тоа од ХЕРА сметаат дека кампањата не го охрабрува, туку го негира правото на избор секоја жена да го планира родителството и стимулира родови стереотипи, како и менување на јавното мислење дека абортусот е основна причина за намалениот наталитет во Македонија.
„Да се подобри инфраструктурата и условите за безбедно мајчинство, да се воведе орална контрацепција на позитивната листа на лекови, да се воведе посебен предмет за сексуално образование“, се само дел од предлозите на ХЕРА и ЗГОМ.
„Лично сметам дека абортусот е лично право на жената, меѓутоа имаме морална и формална обврска да ги информираме граѓаните кои се последиците од прекинот на бременоста. Тоа што за мене е најбитно како министер е дали информациите кои се даваат во таа кампања се согласно со медицина базирана на докази. Доколку е така, сметам дека е обврска на владата да ги информира граѓаните“, рече министерот за здравство Бујар Османи кој денеска беше во обиколка на Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир./крај/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска – Давкова: Посакувам она што денеска го видов: една досадна граѓанска изборна слика, да се повтори и во вториот круг

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска гласаше на локалните избори. Во објава на социјалните мрежи таа напиша дека посакува она што денеска го видела, една досадна граѓанска изборна слика, да се повтори и во вториот круг.
„Очекувам триесетгодишното изборно искуство да се повтори: пристојни, фер и демократски избори. Ја извршив мојата граѓанска обврска, верувам дека тоа ќе го сторат и другите граѓани. Посакувам она што денеска го видов: една досадна граѓанска изборна слика, да се повтори и во вториот круг“, објави Сиљановска – Давкова.
Македонија
(Видео) Филипче: Сметам дека граѓаните ќе одлучат врз основа на објективни параметри

Сметам дека граѓаните ќе одлучат врз основа на објективни параметри за тоа кој ќе ги води следните четири години во општините во кои живеат, изјави лидерот на СДСМ,Венко Филипче, кој денеска гласаше на локалните избори.
„Ви благодарам на сите за присуството, очекувам мирен ден, посакувам мирни и фер избори. Ги повикувам луѓето да излезат во што поголем број. Многу е важно да избраните градоначалници, советници добијат легитимитет од голем број граѓани. Тоа е наше право и одговорност и тоа е наша обврска. Јас сум задоволен од тоа како течеше кампањата, мислам дека имавме фер кампања, мислам дека имавме инструменти и начин да допреме до многу голем број на граѓани, да ги преставиме нашите кандидати, нашата програма. Сметам дека граѓаните ќе одлучат врз основа на објективни параметри за тоа кој ќе ги води следните четири години во општините во кои живеат“, рече Филипче.
Македонија
(Видео) Мицкоски: Очекувам да прогласиме уште една историска победа

„Од информациите со коишто до сега располагам, можам да кажам дека денот поминува мирно, достоинствено, онака како што се очекува, впрочем, како што се и македонските граѓани. Очекувам денеска денот така и да заврши, а со резултатите да прогласиме уште една голема историска победа за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
„Народот за време на кампањата, но и изминатиов период, може да направи јасна разлика и мислам дека граѓаните ќе одлучат да одиме сите напред во развој, а не да се враќаме назад во оние времиња кога Македонија се ограбуваше и се распродаваше.
Македонија заслужува подобро и очекувам денеска таков да биде изборот на граѓаните“, соопшти тој.