Контакт

Свет

САД – Иран: фокусот е на дипломатијата, не се исклучува воена интервенција

Објавено пред

Белата куќа доцна синоќа објави дека од извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА), кој треба да биде објавен неделава, очекува да ја рефлектира американската загриженост заради иранската нуклеарна програма

dobivaj vesti na viber

Белата куќа доцна синоќа објави дека од извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА), кој треба да биде објавен неделава, очекува да ја рефлектира американската загриженост заради иранската нуклеарна програма, но одби да ги коментира деталите од извештајот кои протекоа во јавноста.

Портпаролот а белата куќа, Џеј Карнеј изјави дека Вашингтон и натаму верува дека најдобриот начин за борба против иранските нуклеарни амбиции е меѓународната дипломатија, но не се исклучува употребата на воена сила.

„Не сакам да прејудицирам извештај кој се уште не е објавен. Ние секако очекуваме извештајот да го изрази она што го говориме за однесувањето на Иран и неговиот неуспех да ги почитува своите меѓународни обврски“, истакна Карнеј.

На прашањето дали посто каква и да е можност САД да предводи или да учествува во евентуален воен удар на иранските нуклеарни постројки, Карнеј одговори дека дипломатијата е приоритет.

„Ние веруваме во дипломатијата. Секако, во ситуации како оваа никогаш од масата не ги тргаме и сите останати опции, но ние сме фокусирани на дипломатијата“, вели Карнеј.

Неидентификувани дипломатски извори вчера во јавноста пуштија информација дека во новиот извештај на ИАЕА ќе бидат посочени цврсти докази дека Иран се обидува физискиот материјал да го смести во боеви глави и да развие и балистички проектили кои ќе можат да ги пренесуваат тие боеви глави. Претходните извештаи посочуваа дека Иран развива технологија физиските материјали, уран и плутониум, да ги искористи за мирновременски цели, но се истакнуваше дека истата технологија може да се користи и за развој на нуклеарни бомби.

Сега, според дипломатските извори, извештајот ќе сугерира дека Иран развил компјутерски модели на нуклеарни боеви глави, а ќе бидат посочени и сателитски снимки на објект за кој ИАЕА верува дека голем челичен бункер, кој се користи за високоексплозивните тестови поврзани со изработката на нуклеарните оружја.

„Извештајот нам да содржи „крунски докази“, туку поширок збир на докази кои Иран многу тешко ќе ги отфрли како фалсификувани, како што правеше во изминативе години“, велат тие.

Американски функционери кои успеале да го видат извештајот и кој исто така побарале да останат анонимни, велат дека тој се чини „прилично уверлив“ и предвидуваат дека извештајот ќе ја зацврсти решителноста на американските сојузници, особено во Европа, да го засилат притисокот на Иран да докаже дека неговата нуклеарна програма е навистина за цивилна употреба, како што тврди.

Тие сметаат и дека администрацијата на Обама по извештајот ќе се фокусира на нови механизми за уште поцелосна изолација на Иран. /крај/хина/сс/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

„Не се сигурен сојузник“: Белгискиот премиер го критикуваше односот на САД кон Европа

Објавено пред

Белгискиот премиер Барт де Вевер изрази сомнежи за улогата на Соединетите Американски Држави како сојузник на Европа, наведувајќи дека на нивниот сојуз повеќе не може безусловно да се смета. Тој, исто така, остро се осврна на изјавите на Трамп за Гренланд и Русија, пишува „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

„Европа се наоѓа на раскрсница и мора да одлучи каква ќе биде нејзината политика. Досега се обидувавме да го смириме новиот претседател во Белата куќа. Бевме многу благи, вклучително и со царините. Бевме благи надевајќи се дека ќе ја добиеме неговата поддршка за војната во Украина. Но сега се преминуваат толку многу црвени линии што мора да се избере меѓу самопочитта. Едно е да бидеш среќен вазал. Но нешто сосема друго е да бидеш беден роб. Ако сега се откажеш, ќе го изгубиш достоинството. А тоа е, веројатно, најдрагоценото нешто што можеш да го имаш во една демократија“, изјави де Вевер.

Остро реагираше и на ставовите на Трамп за Русија и Гренланд, велејќи дека Европа мора да повлече граница: „Или ќе бидеме обединети, или ќе заврши 80-годишната ера на атлантизмот.“

Како пример наведе дека американски претставници на состанок за Украина рекле дека не сакаат да заземаат страна. „Ова го охрабрува Путин. Неговата сила е нашата поделба“, изјави де Вевер.

Прикажи повеќе...

Свет

Зеленски останува во Украина, нема да патува во Давос

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека нема да патува на Светскиот економски форум во Давос, одлучувајќи да остане во земјата поради најновиот руски ноќен напад кој ја влоши енергетската криза.

dobivaj vesti na viber

„Без сомнение, во овој случај ја бирам Украина, а не економскиот форум“, изјави Зеленски. Тој додаде дека би размислил за присуство само ако постои реална можност да се донесат одлуки за дополнителни системи за противвоздушна одбрана и енергетска помош за Киев.

Во нападот загина едно лице, а три се повредени. Над 6000 згради во Киев останаа без греење, а делови од градот и без струја и вода. Зеленски изјави: „Имам план како да им помогнам на луѓето со енергетските проблеми.“

Фото: Depositphotos

Прикажи повеќе...

Свет

„Би-би-си“: Европскиот парламент ќе го суспендира процесот за одобрување на трговскиот договор со САД

Објавено пред

Европскиот парламент треба да го суспендира процесот на одобрување на трговскиот договор меѓу Европската унија и Соединетите Американски Држави, кој беше договорен во јули, дознава „Би-Би-Си“ од извори блиски до Комисијата за меѓународна трговија на Европскиот парламент.

dobivaj vesti na viber

Одлуката за суспензија, според истите извори, треба официјално да биде објавена утре попладне во Стразбур.

Како што пишува „Би-Би-Си“, станува збор за договорот што во јули го постигнаа американскиот претседател Доналд Трамп и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, при средба на голф-игралиштето на Трамп во Шкотска.

Договорот предвидува намалување на американските царини на целиот увоз од Европската унија на 15 отсто. Во тој момент, договорот во Брисел беше оценет како поволен, со оглед на тоа што Трамп претходно се закануваше со воведување царини до 30 отсто на европска стока.

Меѓутоа, како што нагласува „Би-Би-Си“, договорот сè уште треба формално да добие одобрување од Европскиот парламент. Комисијата за меѓународна трговија досега нема завршено анализа на договорот, што сега доведе до одлука за привремена суспензија на процесот.

Дополнителен притисок врз договорот се појави во саботата, само неколку часа по новата закана на Трамп за воведување нови американски царини, поврзани со прашањето за Гренланд. Влијателниот германски пратеник во Европскиот парламент Манфред Вебер тогаш изјави дека „одобрување во овој момент не е можно“.

Во завршната фаза на преговорите за трговскиот договор, Европската унија, потсетува „Би-Би-Си“, привремено ги суспендираше сопствените контрамерки, односно царините на американска стока во вредност од 93 милијарди евра.

Таа суспензија истекува на 6 февруари. Ако до тој датум не дојде до продолжување на суспензијата или до парламентарно одобрување на договорот, европските царини на американска стока ќе стапат на сила веќе на 7 февруари.

„Би-Би-Си“ заклучува дека натамошниот развој на настаните би можел сериозно да ги искомплицира трговските односи меѓу Брисел и Вашингтон, во време кога трансатлантските односи веќе се под притисок поради бројни отворени политички и безбедносни прашања.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Полицијата ја тргнала плочката, а зад неа – 350.000 евра скриени во ѕидот: детали за падот на судијата

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднела кривична пријава против судијата Ѓоко Ристов (53)...

Македонија2 часа

МВР алармира: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“, и да не споделуваат лични податоци

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку...

Македонија4 часа

Јаневска: Колку повеќе децата се во училиште, толку е поголем нивниот резултат

Македонските ученици до 15-годишна возраст поминуваат дури 900 часови помалку во училишните клупи во споредба со нивните врсници од Европската...

Македонија4 часа

Обвинителството побара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов осомничен за корупција

Обвинителството побара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов осомничен за корупција, кај кого беа пронајдени 350.000 евра соѕидани во ѕид...

Македонија4 часа

Се зголемуваат цените на бензините и дизелот

Цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ ќе се зголемат за 1,5 и за 2 денари, соопшти...

Македонија6 часа

Анел Фидоски нов шеф на скопското јавно обвинителство

На денешната седница на Советот на јавни обвинители, Анел Фидоски е избран за нов шеф на Основното јавно обвинителство Скопје....

Македонија7 часа

(Видео) СДСМ обвини дека „Алфа“ не е само медиум туку политички проект: „Како и во времето на Груевски, повторно функционира како центар за црни кампањи“

Денеска, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, на прес-конференција објави ново разоткривање на Антикорупцискиот тим – АКТ. Тој...

Свет7 часа

Лавров: Гренланд не е природен дел од Данска

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, го коментираше конфликтот меѓу САД и Европа околу иднината на Гренланд, доведувајќи го...

Топ8 часа

Сакале насилно да влезат во затворена гостилница па го истепале сопственикот: 30-дневен притвор за двајца осомничени

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека заеднички...

Свет9 часа

Трамп објави фотографија и порача: Мора да го добиеме Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп го повтори своето барање да ја преземе контролата врз Гренланд, автономна данска територија. Зборувајќи со новинарите...

Свет9 часа

(Видео) Снежна бура во САД: верижен судир на повеќе од 100 возила

Повеќе од 100 возила се судрија или излетаа од меѓудржавен пат во Мичиген, САД, во снежна бура. Полицијата објави дека...

Свет10 часа

Данска со предупредување за одбраната на Гренланд: Воен конфликт со САД е реална можност

Копенхаген предупреди дека евентуалниот обид на САД да ја преземат контролата врз Гренланд со сила би довел до директен воен...

Свет10 часа

Поранешен советник на Трамп: Гренланд ќе остане Гренланд

Доналд Трамп нема да може да го принуди Гренланд да биде продаден на САД, изјави за Би-би-си поранешен висок советник...

Европа11 часа

(Видео) Русија го нападна Киев: делови од градот останаа без греење во студена ноќ

Русија ги нападна Киев и другите украински градови преку ноќ со балистички ракети и беспилотни летала, додека земјата се бори...

Свет11 часа

120 членови на Исламска држава избегаа од затвор во Сирија

Сирискиот министер за внатрешни работи изјави дека околу 120 припадници на Исламска држава избегале од затвор во градот Шадади, откако...

Свет11 часа

Австралија затвора десетици плажи поради напади од ајкули

Десетици плажи долж источниот брег на Австралија, вклучувајќи го и Сиднеј, се затворени по четири напади од ајкули во последните...

Македонија1 ден

Заменик министерот за образование поднесе оставка

Заменик министерот за образование, Лулзим Алиу, поднесе оставка. Тој вели дека сака да се посвети на неговата истражувачко – научна...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека разговорите со Али Ахмети биле во врска со локалната...

Македонија1 ден

Николоски од Охрид: Засилено работиме на завршување на автопатот Охрид – Кичево

Интензивно работиме на завршување на автопатот Охрид-Кичево. Користиме совремеми техники за да ги стабилизираме косините. Од 16, веќе 14 косини...

Македонија1 ден

Утре почнува тестирањето на камерите, на неколку локации во Скопје сообраќајот ќе биде запрен

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота)...