Црна хроника
Евакуација на 500 луѓе поради истекување на хемикалии во Стокхолм

Петстотини луѓе биле евакуирани од зграда во близина на институтот Каролинска во главниот град на Шведска, Стокхолм, поради истекување на хемикалии од лабораторија, јавуваат шведските медиуми.
Единаесет луѓе биле однесени со амбулантни возила во болница, откако почувствувале вртоглавици и здрвување на лицето, велат од полицијата.Во комплексот згради сместени се институтот Каролинска, Кралскиот институт за технологија и неколку приватни компании, пишува Aftonbladet.Се верува дека истекувањето настанало на седмиот кат од лабораторијата која се користи од една биохемиска компанија, која исто така е сместена во зградата.„Во една од просториите испуштен е гас, кој ако не се контролира може да доведе и до пожар или експлозија“, вели портпаролот на полицијата Свен-Ерик Олсон.Полицијата и службите за вонредни состојби во моментот ја испитуваат зградата, околу која е поставен кордон.„Носат заштитна опрема и можат да одредат за која супстанција се работи“, додава Олсон. Не се знае како дошло до несреќата./крај/тл/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.