Македонија
Претседателот Иванов во посета на Романија
Претседателот Ѓорге Иванов од денеска до 8-ми октомври ќе престојува во официјална посета на Романија, информираат од неговиот кабинет.
Претседателот Ѓорге Иванов од денеска до 8-ми октомври ќе престојува во официјална посета на Романија, информираат од неговиот кабинет.
Предвидено е Иванов во Букурешт да се сретне со неговиот романски колега, претседателот Трајан Басеску, а ќе има средби и со првиот човек на романскиот Сенат, Мирчеа Џоана и со премиерот Емил Бок.
За време на посетата предвидено е потпишување на два билатерални договора меѓу Македонија и Романија – Договор за економска, научна и техничка соработка и Договор за соработка во областа на туризмот.
Сенатот на христијанскиот Универзитет „Димитрие Кантемир“ на претседателот Иванов на свечена церемонија ќе му ја додели титулата „Doctor Honoris Causa“.
На вториот ден од посетата Претседателот Иванов ќе се обрати на Економскиот форум во Букурешт во организација на Комората за индустрија и трговија на Романија. Тој и македонската делегација ќе се сретнат и со претставници на Друштвото на Македонците во Романија, при што ќе се одржи церемонија за постхумно доделување на „Орден за заслуги за Македонија“ на Лиана Думитреску, пратеничка која активно ги застапуваше Македонците во романскиот Парламент.
Официјалната посета на Романија претседателот д-р Ѓорге Иванов ќе ја заокружи со посета на Јаши. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Герасимовски: Граѓанскиот буџет 2025 достапен онлајн, со еден клик до транспарентна и активна улога на граѓаните
Општина Центар информира дека на официјалната веб-страница е објавен Граѓанскиот буџет за 2025 година. Овој документ, подготвен во едноставен и разбирлив формат, обезбедува увид во приходите, расходите и планираните капитални инвестиции на општината, претставувајќи ги приоритетите и стратешките определби на локалната самоуправа.
„Граѓаните преку оваа апликација можат да имаат увид во тоа како се креира буџетот, како се трошат нивните пари и кои се планираните проекти и активности во општината. Граѓанскиот буџет е наменет исклучиво за јавноста и има цел да ја зголеми транспарентноста и отчетноста за тоа како се управува со буџетските средства. Неговата достапност овозможува поактивно учество на граѓаните во креирањето и спроведувањето на локалните политики“, вели градоначалникот Горан Герасимовски.
Дополнително, на веб-страницата на Општина Центар е достапна алатката „Мој буџет“. Дел од процесот се и Буџетските форуми, кои Општина Центар ги организира секоја година, овозможувајќи им на жителите на локалната самоуправа со свои предлози активно да влијаат врз креирање на буџетот.
Покрај ова, со цел да обезбеди активна и директна комуникација, во општината редовно се организираат отворени денови со граѓаните каде што тие имаат можност да ги споделат своите забелешки и идеи со надлежните служби.
Истовремено, можат да остварат средби и со градоначалникот за да се информираат за актуелни проекти, поставуваат прашања, учествуваат во дискусии и даваат предлози за важни локални прашања.
За пристап до Граѓанскиот буџет за 2025 година, посетете ја веб-страницата на Општина Центар.
Македонија
Се излизга машина за чистење снег, во целосен прекин сообраќајот на патот Гевгелија-Богданци
Машина за чистење снег се излизга на патот Гевлегија-Богданци.
Од АМСМ објавија дека сообраќајот е во прекин во двата правци.
Македонија
Трошоците за живот двојно зголемени – власта без решение за инфлацијата, велат од партијата Левица
„Водењето политика без никаков економски концепт ја доведе работничката класа во колапс. Дивиот капитализам создаден од партиите на власт, одново и одново генерира кризи, после кои, сиромашните стануваат посиромашни, а богатите уште побогати. Главен проблем е што огромен број од вработените луѓе живеат во сиромаштија, а со две минимални плати, едно семејство не може да обезбеди егзистенција“, велат од партијата Левица.
„Додека платите стагнираат, вкупниот раст на трошоците за живот, во последните 4 години е неверојатни 43,3%. Според податоци од Светска банка и ДЗР, над 450.000 илјади лица живеат под прагот на сиромаштијата. Според УНИЦЕФ, над 10.000 илјади деца, живеат во исклучителна сиромаштија само поради поскапувањето на храната и претходно енергенсите. Вработувањето одамна не гарантира бегство од сиромаштија, околу 9% од вработените живеат во сиромаштија.
Власта се промени, трендот на инфлација остана исти. Инфлацијата за ноември споредено со минатата година изнесува 4.3%, додека за декември 4.4%. Кошничките на Мицкоски не го подобрија животот на граѓаните, храната продолжи со ист тренд на инфлација, основните продукти станаа луксуз, додека профитите на маркетите ја живеат својата ренесанса за време на празниците, секако, цехот од лошата политика оди на грбот на граѓаните.
За немањето економска визија на коалицијата на власт предводена од ДПМНЕ и ЗНАМ, говори фактот, дека Македонија има најголема стапка на инфлација годинава (4.3%) споредено со која било од соседните земји, дури двојно поголема споредено со Бугарија (2.1%) и Албанија (2.0%).
Левица предупредуваше на ова, и предхоно посочуваше мерки кои можат краткорочно и среднорочно да влијаат врз намалувањето на инфлацијата. За жал, партиите на власт, водени од политичките и изборните интереси, изгласаа „уличарски“ Буџет, којшто нема интенција да го подобри животниот стандард на граѓаните. Распределбата на парите од т.н. „унгарски кредит“ наместо според реалните потреби на граѓаните, оди согласно потребите на Стопанските комори, што дополнително ја продлабочуваат кризата, за која, на крајот од денот, арачот го плаќаат граѓаните“, се наведува во соопштението на партијата Левица.